Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2023

Новости за 27.11.2023

Бугарија го отвори воздушниот простор за авионот на Лавров

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија го отвори небото за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доколку тој одлучи да присуствува на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, изјави за новинската агенција ТАСС руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова. „Добивме позитивен одговор на нашата нота за летот на авионот на Лавров преку воздушниот простор на Бугарија. Бугарското Министерство за надворешни работи официјално не информираше дека нашиот министер може да лета во воздушниот простор на земјата“, вели Митрофанова за руската агенција.

Русија негира дека ќе има средба меѓу Лавров и Блинкен на самитот на ОБСЕ во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Американската страна не побарала средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија.  Ова во изјава за новинарите го кажа заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Рјабков, пренесува руската новинска агенција ТАСС.  „Не, (американската страна не побарала) и нема да бара. И нема да има средба“, посочи заменик министерот, одговарајќи на новинарско прашање од ТАСС. Читать дальше...

Примирјето во Газа е продолжено за два дена, објавија Катар и Хамас

SlobodnaEvropa.mk 

Посредникот Катар во понеделникот (27 ноември) објави дека е постигнат договор за продолжување на примирјето меѓу израелските и силите на Хамас во Газа за два дена, продолжувајќи ја паузата во седумнеделната војна во која загинаа илјадници луѓе и ја опустоши палестинската енклава.  „Постигнат е договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи на платформата „X“. Хамас, исто така... Читать дальше...

Од фабрика во Гостивар украдени над половина тон марихуана

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи информира дека доцна синоќа (26 ноември) во 23.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на с.Чегране, гостиварско, три лица физички нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија. Според пријавеното, откако крадците си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени. Читать дальше...

Маск и Нетанјаху посетија кибуц нападнат од Хамас

SlobodnaEvropa.mk 

Илон Маск, кој се најде на удар на критики поради обвинувањата за антисемитизмот на неговата платформа „X“ (поранешен Твитер), го посети Израел и кибуцот нападнат од екстремистите од Хамас минатиот месец. Милијардерот и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху заеднички го посетија кибуц Кфар Аза, кој беше нападнат од екстремистите на Хамас на 7 октомври. Маск, облечен во заштитен елек и придружуван од бројни чувари, користел телефон за да фотографира или да го сними уништувањето, според снимките објавени од канцеларијата на Нетанјаху. Читать дальше...

Израел објави дека понудил опција за продолжување на примирјето

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Владата на Израел, Ајлон Леви, денеска изјави дека земјата и понудила на палестинската милитантна организација Хамас да го продолжи четиридневното примирје коe истекува утре во 7:00 часот по локално време. „Сакаме да примиме уште 50 заложници почнувајќи од вечерва“, рече портпаролот. Извор од египетските безбедносни сили рече дека двете страни работат на деталите за продолжување на прекинот на огнот што започна минатиот петок. Израел, наводно, инсистира примирјето да се обновува од ден на ден... Читать дальше...

Утре посебен сообраќаен режим поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи информира дека утре од девет до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ во СРЦ „Борис Трајковски“ кој ќе се одржи од 29 ноември во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. „За сообраќај ќе бидат затворени следните бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница... Читать дальше...

Марија Јаничевска е избрана за нова директорка на ОТА

SlobodnaEvropa.mk 

Марија Јаничевска е новиот директор на Оперативно техничката агенција (ОТА). За неа гласаа 93 пратеници во законодавниот дом. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Зоран Ангеловски. Јаничевска е дипломиран правник и досегашен стручен соработник за општи и заеднички работи во Оперативно-техничката агенција. Предлогот беше утврден едногласно, а денеска доби дво-третинско мнозинство и Бадинтерова поддршка. ОТА беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување... Читать дальше...



Собранието одлучи да распише оглас за наследник на Јовевски

SlobodnaEvropa.mk 

Со 88 гласа „за“ пратениците во Собранието денеска (27 ноември) одлучија да се распише оглас за именување на нов државен обвинител бидејќи на крајот на декември годинава завршува шестгодишниот мандат на актуелниот обвинител Љубомир Јовевски. Сега, парламентот ќе треба да го објави огласот во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весници со што ќе почне да тече рокот од 15 дена за поднесување на пријавите од кандидатите. Јовевски беше именуван за јавен обвинител на 25 декември 2017 година. Читать дальше...

Во Турција уапсени 98 лица поради наводни врски со курдски милитанти

SlobodnaEvropa.mk 

Турската полиција во понеделникот (27-ми ноември) уапси 98 осомничени за наводни врски со забранетата милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК), од кои повеќето се обвинети за ширење пропаганда на ПКК на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека осомничените биле приведени во истовремени операции во 18 провинции, а повеќето од притворите биле во југоисточните региони. ПКК, која Европската Унија, САД и Турција ја сметаат за терористичка организација... Читать дальше...

Невидливиот обвинител - Една година од мандатот на Ислам Абази

SlobodnaEvropa.mk 

Во првата година од мандатот, Ислам Абази ретко се појавуваше во јавност. Одржа само една прес-конференција, а од неговиот тим најчесто испраќаа соопштенија. Една година, според професор Калајџиев, е малку да се даде оцена, но тој лично не очекува ништо бидејќи смета дека и самиот избор бил пораз.

Лавров: Ќе дојдам во Скопје на состанокот на ОБСЕ, ако Бугарија го отвори воздушниот простор

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник (27 ноември) изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји веќе побарале средби со него. „Очигледно Бугарија ѝ ветила на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор, ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме“, рече Лавров на конференција во Москва. Тој истакна дека веќе имал неколку барања за средби, вклучително и од западни претставници. Читать дальше...

Малта го презема претседавањето со ОБСЕ за 2024 година

SlobodnaEvropa.mk 

Малта ќе претседава со ОБСЕ следната 2024 година, соопшти во понеделникот (27 ноември)министерот за надворешни работи Бујар Османи на платформата Х. „Големи одлуки што го отвораат патот кон консензус за претседавањето со ОБСЕ 2024 ќе бидат потврдени на Триесеттиот министерски состанок во Скопје. Ви благодариме Малта за вашата подготвеност да ја преземете оваа витална улога и на сите колеги за вашата флексибилност и поддршка“, напиша шефот на македонската дипломатија и актуелен претседавач со ОБСЕ. Читать дальше...

Ако изборите бидат на 8 мај, техничка влада во јануари, а распишување во февруари

SlobodnaEvropa.mk 

Според најавите и претпоставената динамика, ако парламентарните и претседателските избори би се одржале заедно на 8 мај, распишувањето треба да се направи 70 дена пред изборите, а тоа е на 27 или 28 февруари, рече претседателот на Собранието Талат Џафери. Ако изборите се одржат споено, тогаш според Пржинскиот договор треба претходно да биде формирана и техничка Влада на 100 дена пред изборите, а тоа е на 27 или 28 јануари. „Политичките субјекти и партите ќе треба да се усогласат околу евентуалниот... Читать дальше...

Што се случува на терен додека Бехтел и Енка добиваат пари за автопатите

SlobodnaEvropa.mk 

За автопатите што ќе ги градат Бехтел и Енка, државата досега платила 189 милиони евра и до крајот на годинава ќе даде уште 56 милиони. За следната година се планирани нови 245 милиони евра. Компанијата Енка информира дека работите за топографско и геотехничко истражување се одвиваат со брзо темпо.

Битиќи: Намалувањето на функционерските плати не значи зголемување на тие во јавниот сектор

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува набргу пред Владата да има предлог од работната група што треба да понуди решение за евентуално намалување или интервенции на платите на функционерите, а чие зголемување за 78 проценти од март годинава предизвика протести и барање за зголемување на примањата во јавниот сектор. Одговарајќи на новинарско прашање Битиќи денеска порача дека е погрешно, како што рече,  очекувањето кое се креира дека со намалување на функционерските плати ќе се зголемат платите во јавниот сектор. Читать дальше...

Во Чешка штрајк против владините мерки за штедење и инфлацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Во Чешка во понеделник (27 ноември) почна штрајк во училиштата, институциите и установите на државната управа, во кој на покана на 10 гранкови синдикати се вклучени околу еден милион од четирите милиони вработени, барем симболично, на денот на синдикалниот гнев, против мерките за штедење на владата на премиерот Петр Фијала, скапите енергенси и инфлацијата која е една од највисоките во Европската Унија. Околу 70 отсто од училиштата и градинките во Чешка се приклучија на штрајкот, а во компаниите... Читать дальше...

Проблеми пред почетокот на преговорите за владејачка коалиција во Холандија

SlobodnaEvropa.mk 

Преговорите за формирање на владина коалиција во Холандија по шокантната изборна победа на екстремниот десничар Герт Вилдерс влегоа во хаос во понеделникот, откако човекот задолжен да ги надгледува поднесе оставка. Гом ван Стриен, сенатор на Партијата на слободата на Вилдерс, кој беше назначен за „координатор“ беше главна тема во текот на викендот, откако во холандските медиуми се појавија наводи за измама во неговата поранешна компанија. Ван Стриен негираше дека сторил нешто лошо, но во понеделникот... Читать дальше...

Последен ден од примирјето меѓу Израел и екстремистичката Хамас

SlobodnaEvropa.mk 

На последниот ден од примирјето, на границата меѓу израел и Појасот Газа е мирно. Продолжува размената на заложниците и затворениците. Американскиот претседател Џо Бајден изрази надеж дека примирјето би можело да продолжи.

Новости России
Москва

28 инвестиционных проектов Туризм.РФ перешли в активную фазу реализации


Јавно наддавање за дел од одземениот имот на Мијалков

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за управување со одземен имот во понеделник извршува продажба на дел од одземениот недвижен имот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“. Имотот се продава по пат на електронско јавно наддавање. „Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба“... Читать дальше...

Уапсен осомничен за пукањето на млади Палестинци во близина на Универзитетот во Вермонт

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата уапси осомничен за пукањето врз тројца млади мажи од палестинско потекло, кои присуствуваа на собир на Денот на благодарноста во близина на кампусот на Универзитетот во Вермонт. Агентите на Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви го уапсиле 48-годишниот Џејсон Итон за време на претресот на областа каде што се случи нападот во саботата вечерта во Бурлингтон, објави во неделата полициската управа во Бурлингтон. Властите собрале докази за време на претресот на станот на Итон... Читать дальше...

Новата влада на Нов Зеланд положи заклетва

SlobodnaEvropa.mk 

Новата десноцентристичка влада на Нов Зеланд денеска положи заклетва, а Парламентот се очекува да се состане следната недела за да започне со работа на новите политички приоритети, вклучително и укинување на забраната за преработка на нафта и гас. Лидерот на Националната партија на Нов Зеланд, Кристофер Лаксон и министрите од неговиот кабинет положија заклетва во владиниот дом пред генералниот гувернер Синди Киро, кој го претставува шефот на државата - британскиот крал Чарлс Трети. Централно-десничарската... Читать дальше...

Четврти ден од примирјето меѓу Израел и Хамас, се очекува уште 11 заложници да бидат ослободени

SlobodnaEvropa.mk 

На четвртиот, последен ден од договореното примирје, Израел го доби списокот со последните 11 заложници кои треба да бидат ослободени денеска, по 52 дена во заробеништво на Хамас. Палестинската милитантна група вети дека согласно договорот за прекин на огнот ќе ослободи вкупно 50 жени и деца киднапирани во Газа во замена за ослободување на 150 Палестинци од израелските затвори, освен ако договорот не биде продолжен под нови услови. Хамас вчера соопшти дека на третиот ден од прекинот на непријателствата... Читать дальше...

Тројца мртви и двајца ранети во пукање во Канада

SlobodnaEvropa.mk 

При пукање во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две се тешко повредени, соопшти локалната полиција. Престрелката се случила вчера нешто по 4 часот наутро, западно од центарот на градот. Полицајците на местото на настанот пронашле пет жртви со прострелни рани. „Инцидентот се случи во резиденција со повеќе единици; нема дополнителни информации за можниот мотив, рече портпаролот на полицијата во Винипег, Џејсон Михалишен“, пренесува Си-Ен-Ен. На местото на настанот е констатирана смрт на маж и жена. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Швентек и Соболенко устроили триллер за престижный трофей






Жителей Москвы предупредили об аномально холодной погоде

Водители троллейбусов ЯТБ–4. СССР, Москва, 1939 год

Музей Победы познакомит с работой почты в годы войны

Автобусы начнут напрямую курсировать из Нижнего Новгорода в Йошкар-Олу