Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2023

Загинати 53 новинари од почетокот на последниот конфликт меѓу Израел и Хамас

0
53 новинари и медиумски работници се убиени во последната војна меѓу Израел и Хамас, според податоците објавени од Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) на 21 ноември.


Бројот на загинати од почетокот на војната на 7 октомври вклучува 46 Палестинци, четворица Израелци и тројца Либанци, соопшти организацијата со седиште во Њујорк.


Последните жртви се двајца новинари на каналот Ал Мајаден, убиени во вторникот во израелските напади во јужен Либан, објавија државните медиуми, пренесува Ројтерс.




Според Комитетот за заштита на новинарите, 11 новинари се повредени од почетокот на конфликтот, а тројца се водат за исчезнати, додека 18 се уапсени.


„Новинарите во Газа се соочуваат со особено високи ризици додека се обидуваат да го покриваат конфликтот за време на израелската копнена офанзива, вклучително и разорните израелски воздушни напади, прекин на комуникацијата, недостиг од снабдување и прекини на електрична енергија“, објави невладината организација на својата веб-страница.


Последниот конфликт меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври со напад на Хамас во кој загинаа повеќе од 1.200 луѓе, а 220 беа заложници. 


Израел одговори со напади врз Газа кои продолжуваат и во кои загинаа повеќе од 13.000 луѓе, според Министерството за здравство на Газа управувано од Хамас.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса