Запре со работа нуклеарката што Лукашенко ја отвори пред три дена
Единствената нуклеарна централа во Белорусија запре со производство на електрична енергија на само три дена откако беше пуштена во употреба. Централата официјално ја отвори авторитарниот лидер Александар Лукашенко, велејќи дека неговата земја ќе стане земја со нуклеарна моќ. Нуклеарната централа се наоѓа во близина на границата со Литванија.
Официјалниот претставник на нуклеарната централа денеска изјави дека запрел со производството, откако од Министерството за енергетика им било речено да биде заменет дел од опремата за да може да продолжи производството на електрична енергија.
Според порталот „Тут., кој цитира извори блиски до енергетските власти, производството е запрено откако експлодирале неколку напонски трансформатори.
Според изворот, ситуацијата е под контрола, нема жртви и не се регистрирани абнормалности во зрачењето во централата.
На 7 ноември, при отворање на нуклеарната централа Лукашенко го нарече објектот „нов чекор кон иднината, кој ќе доведе до обезбедување на енергетска безбедност на државата“.
Лукашенко рече дека Белорусија ќе стане „нуклеарна сила“ на отворањето на атомска електроцентрала
Централата е изградена од руската државна фирма Росатом и финансирана од Москва со заем од 10 милијарди долари. На изградбата на електраната и се спротивстави Литванија, чиј главен град Вилнус е оддалечен само 50 километри до централата.
Откако почна со работа централата, Литванија го стопираше увозот на електрична енергија од нејзиниот сосед.