Путин и ал-Сиси ќе потпишат договор за стратешко партнерство
Путин на почетокот на разговорите рече дека билатералната трговија минатата година се зголемила за 62%. Двајцата претседатели денеска треба да потпишат договор со кој дополнително ќе се зголемат руско-египетските односи, соопшти советникот за надворешни работи на Путин, Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека Путин и ал-Сиси дискутирале за меѓународни прашања, фокусирајќи се на Сирија, Либија, Јемен и за ситуацијата меѓу Израел и Палестина.
Ал-Сиси на 16 октомври повика Русија да продолжи со директни летови до египетските центри, додека Кремљ за време на разговорите во Москва го повика Египет да купува повеќе руско оружје.
Русија во ноември 2015 година ги суспендираше директните летови до Египет, откако беше урнат руски патнички авион во Полуостровот Синај од бомба поставена од страна на египетска подружница на екстремистичката група Исламска држава, при што загинаа сите 224 лица.