За нов претседател на Молдавија е избрана прозападната екс премиерка Санду
Маја Санду, поранешен економист на Светска банка, која се залага за поблиски врски со Европската унија, е победник во вториот круг од претседателските избори во Молдавија, покажаа првичните резултати. Санду освои 57 проценти од гласовите, пред прорускиот актуелен претседател Игор Додон, кој има 43 проценти, со преброени 99 проценти од гласовите, според прелиминарните податоци на Централната изборна комисија. Приврзаниците на Санду ја прославија нејзината победа во седиштето на Партијата на акција и солидарност. Читать дальше...