Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 10.03.2022

Москва нуди хуманитарни коридори кон Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе отвори голем број хуманитарни коридори кон Русија за украинските граѓани, без одобрение од Киев, јавува новинската агенција Интерфакс.   Официјалните лица рекле дека коридорите ќе се отвораат во 10:00 часот по московско време, секој ден додека трае конфликтот. Продолжуваат нападите врз Мариупол, ЕУ ја преиспитува зависноста од руска енергија Понудите за отворање хуманитарни коридори кон Русија претходно беа критикувани како „цинични“.  Украина претходно отфрли слична понуда... Читать дальше...

Нови цени на нафтените деривати, дизелот поскапува за три денари

SlobodnaEvropa.mk 

Нови поскапувања на нафтените деривати најави денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од ноќеска на полноќ цените ќе бидат зголемени во просек од 1,67 отсто.  Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за три денари и ќе изнесува 97 денари, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и ќе останат 93 и 95 денари, наведува РКЕ. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 92,50 денари... Читать дальше...

ОН - Комуникациите со две украински нуклеарни централи се „деградирани“

SlobodnaEvropa.mk 

Нуклеарното тело за надзор на Обединетите нации (МААЕ) соопшти дека сè уште нема потврда дека е обновена електричната енергија во нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа во северна Украина. Собирањето на податоци од Чернобил и од нуклеарната централа Запорожје на југот на земјата, е компромитирано, наведува МААЕ. Шефот на агенцијата Рафаел Гроси рече дека тие немаат „истражувачки капацитет“ да разберат зошто се случило тоа. Советник на Зеленски - Штетите од руската инвазија достигнаа... Читать дальше...

400.000 луѓе евакуирани од опколените украински градови

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици илјади луѓе се евакуирани од тешко погодените украински градови, изјави украинскиот министер за внатрешни работи. Денис Монастирскиј рече дека овие луѓе главно побегнале од активните борбени зони, а дека денеска е регистрирана евакуација од североисточниот град Суми. Сепак, договорените прекини на огнот на другите места пропаднаа, при што илјадници луѓе денеска повторно не можеа да го напуштат Мариупол поради тоа што продолжува силното гранатирање. Продолжуваат нападите врз Мариупол... Читать дальше...

Утре во 15 часот седница за измените на законите за ДДВ и акцизи

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата на која на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Собраниската расправа ќе следи откако претходно денеска Владата ги испрати до Собранието измените и дополнувањата на законите, наведувајќи дека измените треба да бидат донесени во итна постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. ... Читать дальше...

Продолжуваат нападите врз Мариупол, ЕУ ја преиспитува зависноста од руска енергија

SlobodnaEvropa.mk 

Луѓето во украинскиот град Мариупол немаат вода и греење и се борат едни против други, бидејќи немаат храна за децата, соопшти Меѓународниот црвен крст, додека бомбардирањето повторно ја оневозможи евакуацијата од градот. За ситуацијата во Украина лидерите на ЕУ одржуваат итен дводневен самит во Париз.

Резолуција на ЕП - Русија има цел да го „разгори“ конфликтот во Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент (ЕП) ги осуди напорите на Русија да ги искористи етничките тензии на Западен Балкан „со цел да го разгори конфликтот и да ги подели заедниците“, што може да го дестабилизира целиот регион. ЕП на 9 март усвои Резолуција за „странско мешање во демократските процеси во Европската унија.“ За донесување на Резолуцијата гласаа 552 пратеници, 81 беа против и 60 беа воздржани. Меѓу елементите на Резолуцијата се вклучени загриженоста на европските пратеници за „обидите на Православната црква во земјите како Србија... Читать дальше...

Советник на Зеленски - Штетите од руската инвазија достигнаа над 100 милијарди долари

SlobodnaEvropa.mk 

Олег Устенко - главниот економски советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека рускиот напад врз Украина нанел штети во вредност од над 100 милијарди долари, земајќи ги предвид инфраструктурата, зградите и друг физички имот кој е погоден за време на инвазијата. Устенко на денешна онлајн конференција одржана од Институтот за меѓународна економија „Петерсон“, рече дека околу половина од украинските бизниси се затворени поради конфликтот, а дека останатите бизниси работат далеку под целосниот капацитет. Читать дальше...



Меѓународниот Црвен крст - Нема храна за децата во Мариупол

SlobodnaEvropa.mk 

Многу луѓе во опколениот украински град Мариупол останаа без храна за своите деца, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). МКЦК наведува дека во градот нема вода и греење, каде повеќе од една недела над 400.000 луѓе се под опсада од руските сили. Тимот на МКЦК во Мариупол вели дека луѓето таму сега се борат едни против други за храна и дека имаат малку гориво од туѓи автомобили. Ограбени се сите продавници и аптеки, а загревањето ќе биде многу тешко во услови кога нема санбдување... Читать дальше...

Превозните компании трпат големи загуби поради војната во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Големи загуби трпат транспортните компании во земјава кои се извозно ориентирани по нападот на Русија врз Украина. Наместо да превезуваат стоки, тие со денови остануваат паркирани пред компаниите. „Имавме најава за доста голема соработка со Украина, односно на релација Украина – Унгарија- Македонија. Сега сето тоа е стопирано. Нашата компанија трпи големи финансиски загуби што ќе се одрази негативно врз понатамошните инвестиции во бизнисот. Проблем е голем и тоа што возачите нормално стравуваат да патуваат кон Исток... Читать дальше...

Руските социјални мрежи го блокираа „Курент Тајм“

SlobodnaEvropa.mk 

Двете водечки социјални мрежи во Русија ја блокираа содржината на „Курент Тајм“ (Current Time) на барање на медиумскиот регулатор во земјата, потег на владата која има за цел да ги запре независните новински организации. ВКонтакте, која е позната како „VK“ и е најголемата руска компанија за социјални медиуми, како и Одногласници, денеска го информираа „Курент Тајм“ за барањето.  Компаниите рекоа дека медиумскиот регулатор Роскомнадзор го доставил барањето откако Канцеларијата на јавниот обвинител... Читать дальше...

ОН - Бројот на украински бегалци од војната надмина 2,3 милиони

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 2,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари, при што речиси 161.000 луѓе избегале во последните 24 часа. Шефот на УНХЦР во денешна изјава рече дека на Агенцијата на ОН и се потребни половина милион долари за итни случаи и работа во Украина и соседните земји. УНХЦР досега доби скоро 300 милиони долари, од кои две третини се од приватни донатори. „Ова е незапамтено: знак на исклучителна солидарност со народот на Украина“... Читать дальше...

Транспортерите бараат средба со Владата, во спротивно го заприраат превозот на патници и стока

SlobodnaEvropa.mk 

Транспортерите бараат итна средба со владата на која, како што велат, ќе се утврдат мерки со кои ќе се ублажи ударот од зголемувањето на цената на нафтените деривати врз овој сектор. Во писмо упатено до премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски велат дека компаниите за превоз се приморани да ги зголемат цените, бидејќи во моментов се соочуваат со огромни загуби. „Ја повикуваме Владата на Република Северна Македонија итно да реагира... Читать дальше...

Русија воведе санкции, се забранува извоз на одредени стоки

SlobodnaEvropa.mk 

Руската влада забрани извоз на телекомуникациска, медицинска, автомобилска, земјоделска, електрична и технолошка опрема, како и извоз на некои шумски производи до крајот на 2022 година, како одмазда за западните санкции воведени против Москва. На списокот се ставени над 200 производи, вклучилтелно вагони, контејнери, турбини и друга стока. Министерството за економија на Русија соопшти дека е забранет извозот на одредени видови дрво кои се употребуваат како градежен материјал и други производи од дрво... Читать дальше...

Јанакиески осуден на две години условно во предметот за кинеските автобуси

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот министер за трнанспорт и врски Миле Јанакиески денеска беше осуден на условна казна затвор за кинеските автобуси. Условната казна затвор од две години, освен Јанакиески, добија и уште две обвинети кои биле членови на комисијата за јавни набавки, а ваквата пресуда следеше откако претходно тие своеволно признаа вина за случајот „Дизајн“, кој е поврзан со набавката на 202 двокатни кинески автобуси. Како што соопшти Кривичниот суд, условната пресуда од две години затвор нема да се реализира... Читать дальше...

Нови 318 случаи со Ковид-19, седум починати и 468 оздравени пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи со КОВИД-19, седум луѓе се починати и 468 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.  Од новозаболените најголем дел се од Скопје. Од вкупниот број на позитивни 43 се реинфекции. Регистрирани се 468 оздравени пациенти. Од седумте починати тројца се од Скопје (73г, 84г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (67г), Охрид (68г), Штип (71г) и Кавадарци (56г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Читать дальше...

БиХ бара брз почеток на преговорите за членство во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на босанската дипломатија Бисера Турковиќ и нејзината германска колешка Аналена Баербок се согласија дека процесот за одобрување на статусот на Босна и Херцеговина како кандидат за членство во Европската унија мора да се забрза, со оглед на руската инвазија на Украина. По состанокот, Турковиќ повика на забрзување на процесот за доделување кандидатски статус на Босна и одредување прецизен датум за отворање на преговорите за членство. Истовремено побара од Баербок поддршка од Германија за Босна да стане кандидат за ЕУ. Читать дальше...

Владата ги испрати до Собранието измените на законите за ДДВ и акцизи

SlobodnaEvropa.mk 

Владата денеска ги испрати до Собранието измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи. Во дописот од Владата се наведува дека овие измени и дополнувања треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати. Како што соопшти владината прес-служба, овие закони се однесуваат на повеќе мерки како што е мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ... Читать дальше...

Превозниците ќе одлучуваат дали да ги зголемат цените за превоз на патници

SlobodnaEvropa.mk 

Превозниците на патници засега не ги поскапеа цените на превозот, но за в понеделник имаат закажано состанок на кој ќе бидат донесени заклучоци како ќе делуваат понатаму, изјави Јован Матеничарски, претседател на Здружението на превозници Транспорт Легис. Според Матеничарски, најавените мерки од Владата нема многу да им помогнат на превозниците, кои, како што вели, нема да можат да ги следат цените на горивото и нивната промена на дневно ниво и да вршат постојани промени на цените на услугите.... Читать дальше...

Новости России
Москва

Состоялась премьера песни Гульдарии Юсуповой


Кларк - НАТО да помогне во Украина, но да остане во своите граници

SlobodnaEvropa.mk 

Поедини земји од НАТО мора да направат сè што можат да ги поддржат украинските сили на бојното поле со достава на оружје, опрема и разузнавачки информации, но НАТО мора да остане во своите граници, вели пензионираниот американски генерал Весли Кларк во интервју за Радио Слободна Европа. За можноста за воведување на зона на забранети летови над Украина, тој вели дека НАТО мора да остане во рамките на своите граници, но оти Алијансата мора да преземе низа мерки за одговор ако Русија ги премине нејзините граници. Читать дальше...

Нови воздушни напади на Мариупол

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжуваат воздушните напади на пристанишниот град на Црното Море, Мариупол, соопштуваат градските власти во објава преку социјалната мрежа Телеграм. Поради бомбардирањето, хуманитарниот конвој кој се обидувал да стигне до градот се вратил, се наведува во објава на социјалните мрежи од страна на потпретседателот на украинската Влада, пренесува Ројтерс. Борбени авиони за Украина, преголем залак за НАТО Градот е мета на жестоки борби. Вчера беше бомбардирана болница при што загина три лица... Читать дальше...

Федерацијата БиХ ги укина вакциналните сертификати

SlobodnaEvropa.mk 

Во Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) од денеска не важи правилото вакциниран/прележан/тестиран (ВПТ), кое беше воведено како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, одлучи владата на овој ентитет во Босна и Херцеговина. Властите на другиот ентитет, Република Српска, го разгледуваа, но воопшто не воведоа вакво правило. На владите на кантоните, односно на кризните штабови на десетте кантонални министерства за здравство во ФБиХ им е наредено континуирано да ја следат епидемиолошката состојба во нивните кантони... Читать дальше...

РКЕ апелира на разбирање, трговците против намалување на маржата на нафтените деривати

SlobodnaEvropa.mk 

Од РКЕ апелираат за разбирање од трговците со нафта и нафтени деривати, кои пак, по намалување на маржата реагираат дека мерката ќе доведе до криза во снабдувањето. Цените на горивата притоа растат, а Владата најави мерки со цел да се заштити куповната моќ.

Некои институции купувале по 4-5 пати поскапи ракавици и маски за ковид-19 од други

SlobodnaEvropa.mk 

Во 2021 година јавните набавки поврзани со ковид-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство, каква што беше 2020, се наведува во генералниот заклучок од длабинскиот мониторинг на јавните набавки поврзани со заштитата од корона вирусот во првата половина од 2021 година, спроведен од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Мониторирани се постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во првото полугодие... Читать дальше...

Борбени авиони за Украина, преголем залак за НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Кои се ставовите на некои од земјите членки на НАТО за испраќање борбени авиони во Украина, која беше нападната од воздух, од море и од копно на 24 февруари? Прилогот го подготви Јована Крстиќ


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

«Титул, которым я горжусь больше всего»: Рублёв одолел Оже-Альяссима и выиграл второй турнир серии «Мастерс» в карьере






Швейцарские банки скрывают работу с крупными рублевыми переводами из РФ, потому что публичность негативно скажется на их имидже — эксперт

Ереван заявил о нежелании участвовать в финансировании ОДКБ

Липецкая область ввела режим ЧС в сельском хозяйстве

Грузовик насмерть сбил девочку на велосипеде в Подмосковье