Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 31.03.2022

МСУ со изложба „Аквизиции - донации 2017-2021“

SlobodnaEvropa.mk 

„Аквизиции - донации 2017-2021“ е насловена изложбата што ќе биде отворена оваа сабота, на 2 април, во Музејот на современата уметност – Скопје. На поставката ќе бидат изложени дела, кои музејот ги има добиено по пат на откуп и донација од 2017 година до денес.

Од полноќ изборен молк во Србија, Вучиќ најави повлекување од лидерската позиција во СНС

SlobodnaEvropa.mk 

На полноќ во Србија од полноќ почнува изборниот молк пред вонредните парламентарни, редовните претседателските и редовните локалните избори за Град Белград и 12 локални самоуправи, закажани за недела. Во Србија годинава се смени Законот за електронски медиуми со кој се забрануваат функционерски кампањи, па на медиумите им беше забрането од 24 март до 1 април да известуваат за активностите на функционерите кои се и кандидати на изборите од отворањето на инфраструктурни работи и објекти. Претседателот... Читать дальше...

Радев бара решавање на проблемите со правата на македонските Бугари

SlobodnaEvropa.mk 

Да се преземат јасни конкретни дејствија за решавање на проблемите со македонските Бугари, за искоренување на говорот на омраза, за ревизија на учебниците, побарал бугарскиот претседател Румен Радев на денешната средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија. „Има определен напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес“, оцени Радев по одржаната средба. Читать дальше...

ДИК: Избирачкиот список и пописот на населението се различни категории

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија реагира дека методологите за ажурирање на Избирачкиот список и методологијата за попис на населението се различни и немаат никаква поврзаност, како и дека се регулирани според посебни законски критериуми.  Реакцијата доаѓа по официјалното објавување на резултатите од Пописот 2021 година и одредени написи во медиумите. Имено, во избирачкиот список има запишано вкупно 1.824.864 гласачи, кои имаат над 18 години. Со пописот пак, чии резултати беа објавени вчера се избројани... Читать дальше...

Петков- Руски агенти работат против Договорот на Бугарија со Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Руски агенти работат против Договорот за добрососедство и подобрувањето на билатералните односи на Бугарија со Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС. Тој во изјавата за медиумите посочи дека доста голема „руска дијаспора сочинета од агенти“ која се формирала во Бугарија работат на различни интереси, еден од нив е токму тоа. Тој додаде дека рускиот интерес бил фокусиран да нема европска иднина за Западниот Балкан. Петков... Читать дальше...

Села реагира на незаконски и неуставни работи во резултатите од пописот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села на прес-конференција во Собранието реагираше на противзаконски и противуставни делови во објавените резултати од пописот. Според Села, за попис биле предвидени етнички заедници кои се противуставни и не постојат. Додаде дека македонските муслимани ги имало во пописот, а изостанале во резултатите, па јавно праша за оваа етничката заедница колкав е нивниот процент и каде е пресметан тој. Посочи дека во пописот учествуваат сите етнички заедници... Читать дальше...

Албанија најавува поскапа струја за богатите семејства

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави дека се прави студија која ја разгледува можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. Тој ја повтори владината одлуката дека нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба. „Страшна е и помислата дека сме во услови на тоа што се случи, всушност немање снабдување, недостиг на нафта, гас, струја и храна. Ова се случи. Ние и денес стоиме зад усвоениот пакет економски мерки... Читать дальше...

Пендаровски: Направивме попис „со сите нишани“

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски смета дека фактот што имаме попис по цели 20 години е успех сам по себе. Вели дека пописот е направен „со сите нишани“ и не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние, регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении. Додава дека не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку дека описот ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ. Власта се пофали, опозицијата се сомнева во резултатите на пописот Во однос на непопишаните 7... Читать дальше...



Нови 262 случаи на заразени со ковид и еден починат

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистирани се 262 случаи на заразени со ковид-19, соопшти Министеството за здравство. Половина од новите случаи се регистрирани во Скопје – 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, Прилеп - 11, Куманово – 8, Делчево - 6, Тетово и Кичево - по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4,Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2,Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции. Регистрирани сe 326 оздравени пациенти. Читать дальше...

Турско МНР реагира на Пописот во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Турското министерство за надворешни работи реагира на резултатите од Пописот на населението во Македонија, кои беа објавени вчера. Портпаролот на министерството Танџу Билгич денеска изјави дека Турција ги поддржува легитимните барања и ги штити правата и интересите на турската заедница, која со векови живее на територијата на Северна Македонија и која е меѓу нејзините рамноправни и конститутивни народи и се залага за благосостојбата и развојот на државата. „Претставниците на турската заедница во... Читать дальше...

Институт за демократија и ЕПИ посочуваат на што да се внимава при евентуален компромис со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Тинк-тенк организациите Институт за демократија и Институт за европска политика (ЕПИ) изработиле документ насловен „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: Какво јаболко може да загризе Македонија“. Документот има за цел да ја информира општата и политичка јавноста и да го изостри нејзиниот фокус за суптилностите, кои евентуалниот компромис со Бугарија мора да ги земе предвид. Во документот стои дека какво и да е решението со Бугарија, тоа мора: Да биде врзано исклучително со крајот на пристапниот процес ... Читать дальше...

Граѓаните кои го бојкотирале пописот нема да бидат казнети

SlobodnaEvropa.mk 

Годишните одмори, пандемијата на ковид, интензивни работи во земјоделието, ненамерно пропуштање на некој граѓанин, како и скриен и отворен бојкот се причините зошто над 132 илјади лица не беа попишани. И покрај пропишаните казни за бојкот, никој од граѓаните нема да понесе одговорност.

Симовски: Да сфатат оние кои бојкотираа попис каква глупост направиле

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за РСЕ вели декаа 132 260 луѓе не биле попишани, бидејќи процесот се одвивал за време на годишни одмори и пандемија на ковид, потоа било период на интензивни работи во земјоделието, а се случувало и попишувачот да пропушти некој, а имало и скриен и отворен бојкот.

Бела се чума зададе там долу в Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите две децении Македонија изгубила 270 илјади млади до 29 години, а има 140 илјади повеќе стари над 60 години. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека „белата чума“ седи во парламентот.

Москва акредитирала дипломат на Авганистан предводен од талибанците

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Москва го акредитирала првиот дипломат на Авганистан предводен од талибанците. Русија ја означи милитантната група како „терористичка организација“, а поголемиот дел од светот избегнува да ги призна новите владетели на Авганистан. Говорејќи на собирот на министрите за надворешни работи на државите од соседството на Авганистан, Лавров денеска рече дека дипломатот на талибанската влада бил акредитиран од Министерството... Читать дальше...

Сали: Вирусот се уште постои

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека секој ден имаме по 300 новозаразени лица со ковид-19, а тоа значи дека вирусот се уште постои и ја чека најмалата можност да се развива. Тој одговараше на новинарско прашање за тоа каква е епидемиолошката состојба во земјата. Министерот вели дека уште кога стапил на функција посакува да дојде денот кога нема да има рестриктивни мерки, но дека, како што вели, за жал, се уште има рестриктивни мерки. За тоа кое би било следното олеснување, министерот... Читать дальше...

Алити: Во јавната администрација нема да има мартовска плата помала од минималната

SlobodnaEvropa.mk 

Во април во јавната администрација нема да биде исплатена минимална плата под законски загарантираната од 18 илјади денари, изјави денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити на прес-конференција. „Ние сме во постојана комуникација со синдикатите. Законот кој треба да ја усогласи минималната плата веќе е во Парламент и според наши информации на 5 април треба да се гласа. Тоа го решава проблемот со минималната плата. Во однос на другите барања на синдикатите за покачување на платите на другите нивоа... Читать дальше...

За Бошњачки демократски сојуз резултатите од пописот се неприфатливи

SlobodnaEvropa.mk 

Партијата Бошњачки демократски сојуз реагира на податоците од пописот на населението. За нив како што наведуваат во партиското соопштение, резултатите се неприфатливи, оти како што велат, постојано работат на терен и ја знаат реалната состојба.  Од партијата имаат примедба за пристапот на попишување и се уверени дека бројот на Бошњаци кои живеат надвор од територијата на Р. С.Македонија е далеку поголем. Од вкупното резидентно население во земјава 58,4 проценти од населението се изјасниле како Македонци... Читать дальше...

Што да се прави со заштедата во време на криза

SlobodnaEvropa.mk 

Кризата трае, а заштедените пари полека ја губат вредноста. Економистите смируваат, сме минале и полоши времиња. Советуваат граѓаните да не паничат, да ги распределат средствата на повеќе места, но и да не вадат панично девизи за чување под перница.

Новости России
Москва

5 фактов, которые необходимо знать о СЭЙН и Wimmortal и их релизе «Старик и воля».


ЕУ предложи нови правила против облеката за еднократна употреба

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија ги предупреди потрошувачите да престанат да ја користат облека само еднаш и најави дека планира да воведе нови правила за да се спротивстави на трендот на „брза мода“ што е штетна за животната средина. Новите правила предложени од Европската комисија ќе забранат уништување на непродадената облека до 2030 година и ќе ја стимулираат употребата на рециклирани влакна. Правилата на Европската комисија, исто така, се обидуваат да го спречат ослободувањето на микропластика и да ги подобрат... Читать дальше...

Донаторски состанок за Авганистан поради зголемената загриженост

SlobodnaEvropa.mk 

Денешната виртуелна донаторска конференција за Авганистан, што треба да ја отвори генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш се совпаѓа со загриженоста откако тамошната талибанска власт во минатата недела се повлече од нејзината најава дека средните училишта ќе бидат отворени за девојчиња. Околу 23 милиони луѓе во Авганистан се соочуваат со акутен глад, а 95% од Авганистанците немаат доволно храна, додека на 10 милиони деца им е итна потреба од помош за да преживеат, соопштија Обединетите нации, кои ќе бидат кодомаќини на конференцијата... Читать дальше...

Берлин: Путин му рекол на Шолц дека Европа може да продолжи да плаќа за рускиот гас во евра

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин му кажал на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Европа може да продолжи да плаќа за рускиот гас во евра, а не во рубли, како што неодамна побара Москва, соопшти владата во Берлин. Портпаролот на германската влада, Штефен Хебестрајт, по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери изјави дека Путин го уверил Шолц дека плаќањата од Европа за рускиот гас „ќе продолжат да бидат во евра“ следниот месец. Москва е подготвена ако Европа престане да купува руски енергенси Како и досега... Читать дальше...

„Моето име е Горан Стефановски“ или „Домот е таму каде што боли!“

SlobodnaEvropa.mk 

Со идеја да биде интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, во Драмски театар Скопје, на 31март и 1 и 2 април, премиерно ќе биде изведена претставата „Моето име е Горан Стефановски“ чии автори се драматургот Бранислава Илиќ и режисерот Бранислав Миќуновиќ.

Состанок на Македонско-бугарската мешовита комисија за историја

SlobodnaEvropa.mk 

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања, како што изјави за МИА копретседавачот од македонска страна Драги Ѓоргиев, ќе заседава денеска и утре за забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за македонските учебници по историја за седмо одделение. Тој оцени дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Рафаэль Надаль

Определился соперник Надаля в первом круге «Мастерса» в Риме






Митинг ко Дню Победы прошел на механическом заводе Солнечногорска

Фашизм не пройдет!

Начались переговоры Путина с Пашиняном

МИД РФ: Россия жестко ответит на последние действия Британии