Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 22.03.2022

Бајден ќе објави нов пакет санкции кон Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе објави нов пакет санкции против Русија, за време на средбите со европските сојузници во Брисел, изјави неговиот советник за национална безбедност. Џејк Саливан денеска за новинарите изјави дека на 24 март „дополнителен пакет санкции [ќе биде] воведен заедно со нашите сојузници“. Саливан рече дека акциите „ќе се фокусираат, не само на додавање нови санкции, туку и кон обезбедување на заеднички напори за сузбивање на затајувањето на санкциите“. Читать дальше...

Макрон и Путин разговараа за Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон, јавија руските медиуми.  Разговорот е инициран од Франција, објави државната новинска агенција Риа Новости.  Новинската агенција Интерфакс објави дека двајцата лидери разговарале за мировните преговори меѓу Русија и Украина. Песков: Употреба на нуклеарно оружје само ако е загрозена Русија Ова е последен од неколкуте телефонски разговори меѓу Путин и Макрон по започнувањето на руската инвазија врз Украина. Читать дальше...

Песков: Употреба на нуклеарно оружје само ако е загрозена Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе користи нуклеарно оружје само ако нејзиното постоење биде загрозено, објави денеска агенцијата Тасс.  Коментарот следува речиси по четири недели откако Русија ги испрати своите сили во Украина и доаѓа поради загриженоста на Западот дека конфликтот во Украина може да ескалира во нуклеарна војна.  Русија ја гранатира Украина - ОН бараат да запре „апсурдната војна“ Русија, инвазијата врз Украина ја започна на 24 февруари и ја нарекува... Читать дальше...

Најмалку четири жртви во напад пред трговски центар во Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Четири лица загинале, а неколку биле повредени во напад во јужниот дел Израел, соопшти полицијата. Тројца се избодени до смрт пред трговски центар о Бершеба, додека четвртиот бил удрен од возило управувано од напаѓачот, јавува Би-Би-Си. Напаѓачот бил убиен од возач на автобус. Ова е најсмртоносниот ваков напад во Израел во последните неколку години. На видеото од местото на настанот се гледа маж на улица надвор од областа како држи нешто што личи на голем нож, додека сообраќајот поминува покрај него. Читать дальше...

Претседателот на РСЕ го осуди „системското малтретирање“ на новинарите во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Радио Слободна Европа (РСЕ) Џејми Флај, ги осуди нападите врз новинарите на РСЕ во Русија и порача дека „систематскиот напад “ нема да ја спречи новинската агенција да известува за настаните во земјата. „Системското малтретирање на Јулија Парамонова, Андреј Новашов и Светлана Прокопјева од страна на Кремљ за нивната работа како новинари на РСЕ е жално. Нема да дозволиме да бидеме спречени да му ја кажеме на рускиот народ вистината во време кога му е потребна повеќе од кога било“, рече Флај. Читать дальше...

„Бојата на басот“ во Филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

Со програма во која се дела од Игор Стравински, Нино Рота и од македонската композиторка Дарија Андовска, овој четврток на 24 март, во Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Бојата на басот“. Солист ќе биде Ѓорѓи Цинциевски, а диригент маестро Сашо Татарчески.

Русија ја гранатира Украина - ОН бараат да запре „апсурдната војна“

SlobodnaEvropa.mk 

Руските сили денеска ги бомбардираат украинските источни градови Мариупол, Харкив, Суми и Чернихив. Властите на Украина ја обвинуваат Русија дека илегално депортира жители од областите под контрола на сепаратистите. ОН апелираат дека продолжувањето на војната е бесмислено и морално неприфатливо.

Олимпискиот шампион во кревање тегови Рахимов остана без златниот медал поради допинг

SlobodnaEvropa.mk 

Олимпискиот шампион во кревање тегови Нијат Рахимов е прогласен за виновен за прекршување на анти-допинг правилата  и му е одземен златниот медал што го освои во 2016 година. Судот за спортска арбитража денеска соопшти дека Рахимов во четири наврати направил „замена на урината“ и дека му е забрането да учествува во спортот осум години. Судот, исто така, ги дисквалификуваше сите негови резултати од 2016 година. Рахимов постигна светски рекорд на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016-та година... Читать дальше...



УЈП демантира дека „КАМ“ маркети биле запечатени поради прекршоци

SlobodnaEvropa.mk 

Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) проверуваат дали залихите во магацините на КАМ маркетите соодвестуваат со книговодствената евиденција. УЈП ги демантира информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Како што наведуваат од институцијата, запечатувањето на маркетите било направено синоќа заради прекин на пописот, а со цел да не настанат евентуални малверзации и злоупотреби во продавниците и магацините. „Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени... Читать дальше...

Македонски студенти на бесплатни студии во Бугарија, бугарски во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Студентите од Македонија ќе можат бесплатно да студираат во Бугарија, а бугарските студенти на македонските универзитети. Секоја година владите на двете земји ќе финансираат до четири стипендии кои ќе покриваат целосни дипломски или магистерски студии. Ова е предвидено со билатералната програма за соработка во областа на образованието, што денеска во резиденцијата „Бојана“ ја потпишаа министерот за образование Јетон Шаќири и неговиот бугарски колега Николај Денков. Предвидено е да бидат обезбедени и пет стипендии за еден семестар. Читать дальше...

Киргистански активисти казнети поради протест против руската инвазија врз Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Познатите киргистански активисти за човекови права Динара Ошуракунова и Ондуруш Токтонасиров се казнети поради тоа што јавно протестирале против неиспровоцираната инвазија на Москва во Украина пред руската амбасада во Бишкек. Судот им изрече парична казна од по 3.000 соми (30 долари) откако ги прогласи за виновни за непочитување на законите. „Плукнете ги“: акција на руските власти врз оние што се против војната во Украина Активистите, кои имаа одвоени рочишта, се изјаснија за невини. Двајцата беа приведени на 17-ти март... Читать дальше...

Русија го прошири и надогради законот за ширење на лажни информации

SlobodnaEvropa.mk 

Руските пратеници одобрија закон со кој се криминализира ширењето на „намерно лажни информации“ за работењето на државните ентитети, вклучително и амбасадите во странство. Предлог-законот е одобрен од Долниот дом на Парламентот, Државната Дума, во своето второ и трето читање и со него практично се проширува претходниот закон со кој се криминализираше „намерна дистрибуција на лажни информации“ за операциите на руските вооружени сили во странство. Со законските одредби се предвидуваат затворски... Читать дальше...

Одложена посетата на шефицата на бугарската дипломатија Генчовска

SlobodnaEvropa.mk 

Одложена е посетата на министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска на Скопје, која беше најавена за утре, соопшти македонското МНР. Посетата се е одложена поради учеството на Генчовска и на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на состаноци во рамките на ЕУ и на претсојниот вонреден состанок на НАТО во Брисел. Османи и Генчовска на маргините на состанокот во Брисел оствариле билатерална средба, наведуваат од МНР. Вчера во Брисел шефовите на дипломатиите... Читать дальше...

Нови 310 случаи со КОВИД-19, еден починат и 284 оздравени пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 310 случаи со ковид 19 се регистрирани во изминатово деноноќие од вкупно направени 2.609 тестови. Од вкупниот број на позитивни 49 се реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје на 77 годишна возраст, кое што починало во болнички услови. Две години живот во пандемија- дали се гледа крајот Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени уште две починати лица, на 87 и на 45годишна возраст.... Читать дальше...

Гутереш повика да се стави крај на „апсурдната војна“ во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш повика да се стави крај на „апсурдната војна“ што Русија ја започна против Украина, нарекувајќи ја „непобедлив“ конфликт што ги става луѓето во „жив пекол“. „Продолжувањето на војната во Украина е морално неприфатливо, политички неодбранливо и воено бесмислено“, изјави Гутереш пред новинарите во Њујорк. Повеќе од четири недели откако Русија ја започна својата неиспровоцирана инвазија на својот сосед, украинскиот претседател Володимир... Читать дальше...

Франција - Нема доволно основа да се каже дека Скопје ќе почне преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон, рече дека има политичка волја во Софија и Скопје, но дека сѐ уште не може да вети дека преговорите со Северна Македонија ќе започнат за време на француското претседателство. Ова Клеман Бон го изјави денеска на прес – конференцијата после Советот за општи работи на ЕУ во Брисел. Борел во Скопје со добра волја, но без датум Запрашан да ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, дека... Читать дальше...

Поради санкциите 78 руски авиони се запленети во странство

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за транспорт Виталиј Савељев изјави дека 78 авиони во руска сопственост се запленети во странски земји како резултат на меѓународните санкции кон Москва, заради нејзината инвазија на Украина. Савељев денеска пред Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на Федерацијата, изјави дека руските авиокомпании регистрирани во земјата имаат речиси 800 авиони, од кои 515 биле изнајмени од меѓународни компании. Руските пратеници усвоија закон со кој им се дозволува на авиокомпаниите да ги... Читать дальше...

Кина во потрага по црната кутија од урнатиот авион

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачки екипи се уште се во планинските падини во јужна Кина во потрга по црната кутија на патничкиот авион на „China Eastern Airlines“ кој вчера се урна. Авионот превезувал 123 патници и 9 членови на екипажот. Патувал кон пристанишниот град Гуангжу од Кунминг, кога одеднаш ја изгубил висината и се урнал во планините Гуангкси помалку од еден час пред слетувањето. Државните медиуми соопштија дека не се исклучува можноста сите патници на летот да се загинати. Пристапот до местото на несреќата е отежнат... Читать дальше...

УПОЗ-Ако нема усогласување со минималната плата одиме на протест

SlobodnaEvropa.mk 

Владата без никакво обајснување го прекина социјалниот дијалог, соопшти денеска Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски на денешната прес-конференција изјави дека наместо во овој период да се одржуваат редовни средби со синдикатите и да се најдат решенија за исплата на минималната плата и скалесто усогласување со другите плати, Владата еднострано го прекина дијалогот. Тој вели дека со таквата постапка Владата го зголемила незадоволството и револтот кај вработените. Читать дальше...

Новости России
Москва

Владимир Брилёв: «Концерт, посвященный Великой Победе, стал доброй традицией для творческого объединения «Хрустальное соZVездие».


Навални осуден на нови 9 години затворска казна

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Русија го прогласи опозицискиот политичар Алексеј Навални за виновен за обвиненијата за проневера и непочитување и му изрече од 9 години затворска казна. Тој пресудата ја слушна во казнената колонија надвор од Москва каде што веќе одлежува една затворска казна за друго дело. Навални дополнително е казнет парично и на државата ќе треба да и плати 1,2 милиони рубљи. Руските обвинители бараат затворениот критичар на Кремљ да одлежи 13 години затвор поради нови обвиненија за измама.  Се... Читать дальше...

Притвор од 30 дена за макро кој подведувал Украинки, Русинки и Србинки во Гостивар

SlobodnaEvropa.mk 

МВР поднесе кривична пријава до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против жител на општина Маврово и Ростуше за кривично дело трговија со луѓе. Полицијата соопшти дека приведениот од лани годинава до сега во Гостивар присилно подведувал жени на проституција. Жртви биле македонски, руски, украински и српски државјанки. „Тие биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во... Читать дальше...

Зеленски- Украина е на работ на опстанок

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека неговата земја е на „работ на опстанок“ бидејќи руските сили продолжуваат да ги гранатираат клучните инфраструктурни и цивилни цели повеќе од четири недели по започнувањето на неиспровоцираната инвазија врз Украина. Зеленски во говорот кој го одржа преку видео линк пред италијанските пратеници изјави дека Украина никогаш не би можела да се откаже од стратешкото пристаниште или од други градови, вклучувајќи ги Харков и Киев. „За руските војници... Читать дальше...

Кој добива, а кој губи ако Македонија е една изборна единица?

SlobodnaEvropa.mk 

Предлогот за воведување една место постоечките шест изборни единици влезе во македонското собрание. Предлагачите на законот сметаат дека ова ќе доведе до демократизација и на изборниот процес и на општеството во целина, но експертите предупредуваат на проблемот со стабилноста на идните влади.

Самсоненко- Плацот на Водно го купив од Камчев, не знам зошто не смеам да градам

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот бизнисмен во земјава и почесен конзул на Русија во Битола, Сергеј Самсонеко денеска сведочеше во судското рочиште за случајот „Плацови на Водно”, за плац купен од обвинетиот во процесот Јордан Камчев. Тој беше повикан од одбраната на обвинетиот Камчев. Самсоненко од судската говорница изјави дека плацот на Водно, кој според обвинението е во тајна сопственост на екс премиерот Никола Груевски, е негов и дека не му е јасно зошто не може да го користи, односно таму да си изгради куќа. Продолжи судењето за „Плацевите на Водно“... Читать дальше...

Трајанов: Една изборна единица за департизација на општество

SlobodnaEvropa.mk 

Измените на Изборниот законик со кои се предвидува воведување една изборна единица се најдоа во Собранието. Павле Трајанов, еден од поднесувачите на овие измени, вели дека на овој начин ќе се тргне мополот на големите партии и нема да се „фрлаат во корпа“ гласовите на гласачите за помалите партии.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублёв стал победителем «Мастерса» в Мадриде






В Подмосковье женщину задержали за использование рабского труда шести человек

Губернатор Подмосковья наградил добровольцев отряда БАРС

Синоптик спрогнозировал снег в Москве до утра 9 мая

Белгородки взяли бронзу чемпионата России по баскетболу глухих