Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 21.03.2022

Бајден го предупреди приватниот сектор на руски сајбер напади

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден ги предупреди компаниите и невладини организации веднаш да ја „зацврстат“ својата одбрана од потенцијални сајбер напади од страна на руската влада, наведувајќи „разузнавачки тековни информации“ за таквите планови на Кремљ. „Ги повикувам нашите партнери од приватниот сектор веднаш да ја зацврстат нивната сајбер-одбрана. Потребно ни е секој да го даде својот придонес за да одговориме на една од дефинитивните закани на нашето време“, рече Бајден. Американските... Читать дальше...

ЕУ одобри нова одбранбена стратегија со 5.000 војници

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија одобри нова одбранбена стратегија со која ќе го зголеми капацитетот на блокот за дејствување, вклучително и формирање сили за брза реакција од 5.000 војници. Планот, кој се подготвуваше две години, беше преработен во последен момент за да се зголеми фокусот на заканата од Русија откако Москва ја нападна Украина. „Ова не е одговор на украинската војна, но е дел од одговорот. Кога почнавме да работиме, не можевме да замислиме дека во последниот момент пред одобрување ситуацијата... Читать дальше...

САД официјално ја обвинија Бурма за геноцид на Рохинџите

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави официјално објавија дека војската на Бурма извршила геноцид врз населението Рохинџи, велејќи дека има јасни докази за напорите да се „уништи“ муслиманското малцинство во земјата. Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ја објави одлуката, која беше очекувана со оглед на претходните коментари на Вашингтон за ова прашање. Блинкен рече дека нападите на армијата на Бурма против Рохинџите биле „широко распространети и систематски“. Блинкен, во своето обраќање во... Читать дальше...

Мариупол не се предава, интензивирани руските напади врз Киев

SlobodnaEvropa.mk 

Украина не го предаде Мариупол, а претседателот Володимир Зеленски изјави дека нема да дозволат ниту еден град да падне под руска окупација. ЕУ е поделена за нови санкции против Русија кои се однесуваат на енергетскиот сектор.

Русија ги напушти мировните преговори со Јапонија поради Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Русија соопшти дека ги напушта разговорите со Јапонија за потпишување формален мировен договор од Втората светска војна, поради остриот одговор на Токио за воената акција на Москва во Украина. Русија одговори на овој начин откако Јапонија дејствуваше со партнерите на Групата 7 за да ја притисне Москва поради нејзините акции во Украина со серија санкции за руските финансиски институции и извозот на чипови. Јапонија и Русија имаат сложени односи и не потпишаа мировен договор по Втората светска... Читать дальше...

ИОМ: Раселени 6,5 милиони луѓе во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за миграција на ОН денеска соопшти дека речиси 6,5 милиони луѓе се раселени во Украина како резултат на војната. Податоците доаѓаат од студијата спроведена од Меѓународната организација за миграција помеѓу 9 и 16 март. Дополнително повеќе од 3,3 милиони луѓе, според ИОМ, избегале преку границите од почетокот на руската инвазија. „Степенот на човечкото страдање и принудното раселување поради војната далеку го надминува секое планирање на најлошото сценарио. Тимовите на ИОМ обезбедуваа помош како храна и ќебиња за илјадници луѓе... Читать дальше...

Русија го повика американскиот амбасадор бидејќи Бајден го нарече Путин „воен злосторник“

SlobodnaEvropa.mk 

Руското министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор во Русија, Џон Саливан поради неодамнешните коментари на претседателот Џо Бајден кој рускиот претседател Владимир Путин го нарече „воен злосторник“ поради неиспровоцираната инвазија на Москва во Украина. Министерството соопшти дека упатило демарш и му врачило протестна нота на Саливан „во врска со неодамнешните неприфатливи забелешки на шефот на Белата куќа, Џо Бајден, во однос на претседателот на Русија“. „Ваквите изјави на американскиот претседател... Читать дальше...

Нов заштитен механизам со кој менувачници ќе може да купат евра од банките

SlobodnaEvropa.mk 

Менувачниците при недостиг ќе можат да купуваат евра од банките, информираа од Народната банка. Оваа превентивна мерка се носи како дополнителен механизам за заштита на менувачкиот пазар, а поради шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза.  Од банката сепак смируваат дека има доволно девизи на пазарот. „Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари ... Читать дальше...



Османи: Руската агресија покажува колку е важно проширувањето на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Брисел се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент на чија агенда беше европското досие на Северна Македонија. На денешниот состанок, како што посочуваат од МНР, министерот елаборирал за актуелностите во Република Северна Македонија, за регионалните предизвици, дијалогот со Република Бугарија и напорите да се постигне заемно прифатливо решение, но секако и за случувањата во Украина и поширокиот контекст на односи што тие случувања ги предизвикаа. Читать дальше...

Сали очекува Владата утре да изгласа ослободување од носењето маски кај основците

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Беким Сали најави дека ако се одржи состанокот на Генералниот кризен штаб, уште на утрешната владина седница се очекува да бидат изгласани препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и таа за ослободување од носењето маски на учениците од основните училишта. Тој додаде дека не сакаат да избрзаат со гласање, затоа што епидемиолошката состојба од претходната недела, не е показател во каква епидемиолошка состојба сме оваа недела. „За да не излеземе несериозни... Читать дальше...

Украина ја повика Кина да одигра „важна улога“ во решавање на конфликтот

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ја повика Кина да одигра „важна улога“ во напорите за решавање на конфликтот на земјата со Русија. „Го споделуваме ставот на Пекинг за потребата да се најде политичко решение за војната против Украина и ја повикуваме Кина како глобална сила да одигра важна улога во овие напори“, напиша Кулеба на Твитер. Повикот дојде откако Киев минатата недела го повика Пекинг да ја осуди инвазијата на претседателот Владимир Путин врз Украина. Читать дальше...

Забрана за Фејсбук и Инстаграм во Русија- Мета прогласена за „екстремистичка“ организација

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Москва донесе одлука да ја означи компанијата Мета како „екстремистичка организација“, потег што практично ги забранува нејзините платформи за социјални медиуми Фејсбук и Инстаграм. Судот соопшти дека неговата одлука стапува на сила „веднаш“. Државните обвинители го поднесоа барањето по веста на 10 март дека Мета платформите им дозволуваат на корисниците на Фејсбук и Инстаграм во некои земји да повикуваат на насилство против Русите и руските војници по неиспровоцираната инвазија на Москва на Украина на 24 февруари. Читать дальше...

Литванија навести можни европски санкции и за Србија и Турција поради Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, навести дека ЕУ би можела да им воведе санкции и на трети земји кои ѝ помагаат на Русија. „Мора да постои многу јасна порака до секоја трета земја која ѝ помага на Русија да ги заобиколи санкциите, дека истите санкции може да ги примениме и врз таа земја“, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање како ЕУ ќе обезбеди санкциите да се заобиколуваат преку Србија или Турција. „Мора да бидеме многу сериозно во врска со тоа. Во прашање е нашиот кредибилитет“... Читать дальше...

Запрена постапката за избор на градоначалник на Маврово Ростуше

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат. Државната изборна комисија донесе одлука да ја запре постапката оти нема потврдени листи за избор на градоначалник за Општина Маврово Ростуше, по решението за распишување избори од 4 февруари оваа година. ДИК побара писмено да биде известен претседателот на Собранието, надлежен за распишување на избори. Читать дальше...

Бектеши: Ако треба ќе има и дополнителни антикризни мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за економија денеска прави анализа, а утре на седница на Владата ќе информира како се спроведуваат мерките кои се во функција. Ако треба ќе се донесат и дополнителни мерки, со цел да се намали ценовнот шок, , посебно за производите за кои е замрзната маржата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Владата на 9 март објави 26 антикризни мерки за помош на граѓаните и на стопанството во екот на најголемата економска криза кога на светските берзи секојдневно расте цената на горивата. Читать дальше...

Jaпонскиот поет Таникава добитник на наградата „Златен венец“ на Струшки вечери на поезијата

SlobodnaEvropa.mk 

Најзначајниот жив јапонски поет, Шунтаро Таникава е добитник на „Златен венец“ за 2022 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“. Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 24 до 29 август. Шунтаро Таникава (роден во Токио во 1931 година како единствениот син на филозофот Тецузо Таникава) е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува... Читать дальше...

Нови 64 случаи на заразени со ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 64 нови случаи со заразени со ковид-19 од направени 965 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 64 случаи од Скопје се 50, Прилеп и Кавадарци – по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии. Регистрирани се 296 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа починале две лица. Дополнително се пријавени уште две починати од регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“. Читать дальше...

Украина обвини за руски напад во Одеса

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во Одеса ги обвинија руските сили дека рано утрово извеле напад на станбени згради во овој украински град, прв таков напад на овој пристанишен град на Црното Море. Градскиот совет соопшти дека никој не загинал во нападот, но дека нападот предизвикал пожар, кој брзо бил изгаснат. Градоначалникот на Одеса Хенади Труханов го посети местото и рече дека нема да го напушти градот и ќе се бори за него. „Ова се станбени згради во кои живеат мирни луѓе“, рече тој. Русија негира дека целела на цивили. Читать дальше...

Мало поевтинување на бензините, дизелот поскапува за денар

SlobodnaEvropa.mk 

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар. Читать дальше...

Новости России
Москва

Что лечит невролог и с какими симптомами к нему обращаться?


Ковачевски - Секогаш постојат поединци кои сакаат односите со Бугарија да ги направат полоши

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека соработката со Бугарија е унапредена, особено по доаѓањето на двете нови влади и со воспоставувањето нов начин на комуникација. Тој вели дека кога ќе има документ прифатлив за двете страни, ќе биде споделен со институциите и јавноста. „Соработката е унапредена во однос на периодот претходно. Односите се унапредени, официјалното ниво на комуникација е унапредено и е на ниво на европските вредности. Секогаш постојат поединци кои сакаат тие односи да ги направат полоши... Читать дальше...

Министрите на ЕУ дискутираат за нови санкции кон Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи и за одбрана од ЕУ денеска се среќаваат во Брисел за да разговараат за повеќе санкции против Русија поради нејзиниот неиспровоциран напад врз Украина. Министрите од 27-те земји-членки на Унијата исто така ќе разговараат за итна помош и за воената соработка. Одлуката за дополнителни санкции „ќе доминира и нема да биде лесна“, изјави европски дипломат во пресрет на средбата. Има поделби за прашањето за забрана за увоз на руски енергенси, кое сè уште е нерешено. ... Читать дальше...

Киев повторно гранатиран, Мариупол не се предава

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот вицепремиер Ирина Верешчук изјави дека „не може да стане збор за какво било предавање и полагање оружје“ во Мариупол. Руската војска и даде рок на Украина да го предаде Мариупол, ветувајќи дека за возврат ќе понуди два хуманитарни коридора. Градоначалникот на Киев најави нов полициска час, а лидерите на ЕУ се состануваат за нови санкции кон Русија.

Минималната плата во сенка на војната во Украина - вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Најмногу коментари од нашите читатели на социјалните мрежи има за војната во Украина. Домашните теми, како барањето за повисоки плати или економската состојба, како да паднаа во втор план.

Кличко најави нов полициски час во Киев

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави нов 35-часовен полициски час во главниот град на Украина, кој треба да започне денеска. Градоначалникот на Киев на социјалната мрежа Телеграм напиша дека полицискиот час ќе започне во 20 часот на 21 март и трае до 7 часот наутро на 23 март. Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да работат на 22 март. Делови од градот се под постојан оган од руските сили. „Ги замолувам сите да останат дома или во засолништа кога ќе се огласи алармот“, рече Кличко. Читать дальше...

Лошата комуникација - една од причините за застојот на руската инвазија во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Сериозните пречки во комуникацијата и споделувањето податоци меѓу руската војска се чини дека ги попречија нејзините инвазиски планови уште од првите денови на војната во Украина. Од Сергеј Добринин и Марк Крутов


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Соболенко уступила Свентек в финале турнира WTA-1000 в Мадриде






Фашизм не пройдет!

Грузовик насмерть сбил девочку на велосипеде в Подмосковье

В МИД России рекомендовали россиянам учитывать риски при поездках в Мексику

Александр Лукашенко рассказал коллегам по ЕАЭС о неудачах и задачах Союза