Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 30.03.2022

Врховниот суд во Русија одби да ја слушне жалбата на затворениот опозиционер Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот Врховен суд одби да ја слушне жалбата поднесена од опозицискиот политичар Алексеј Навални против судската одлука за замена на условната со затворска казна. Врховниот суд одби да ја разгледа и другата жалба на Навални против неговото итно апсење, по враќањето во Русија од Германија во јануари минатата година. Навални, кој што е критичар на претседателот Владимир Путин, и неговиот брат Олег беа осудени во октомври 2017-та година за кражба на околу 500.000 долари од две руски фирми, од... Читать дальше...

Османи: Определбата на Северна Македонија за членството во ЕУ е конзистентна и постојана

SlobodnaEvropa.mk 

Oпределбата на Северна Македонија за членството во ЕУ е конзистентна и постојана, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер. Според министерот, определбата на земјава за членство во ЕУ е конзистента, пред се затоа што државата е георгафски, културно и историски дел од Европа и оттука припаѓа и на Европската Унија. „Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел од Европа кој е опкружен со земји членки... Читать дальше...

Вархеји во посета на Бугарија, тема на разговорите и С.Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролката на бугарската Влада, Лена Бориславова денеска ја потврди посетата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Софија. Според неа, меѓу темите на разговорите на Верхеји со неговиот домаќин, премиерот Кирил Петков, ќе биде и дијалогот на Бугарија со Северна Македонија. „Она што сакам да го нагласам е дека не се работи за забрзување на некаква процедура, туку за преговарачка процедура што ги зема предвид реалните резултати. Ставот нема да се промени од она што го кажавме досега. Читать дальше...

КСС на протест - бара усогласување на платите со минималната плата

SlobodnaEvropa.mk 

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) попладнево излезе на предупредувачки протест пред Собранието и Владата, поради тоа што досега не се усогласени платите со минималната плата. Оттаму бараат Владата да го покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени, затоа што сега само на 10 отсто од работниците ќе им се покачи минималната плата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски изјави дека со овој предупредувачки протест повторно му даваат шанса на социјалниот дијалог. Читать дальше...

Власта се пофали, опозицијата се сомнева во резултатите на пописот

SlobodnaEvropa.mk 

Бројката од 132 илјади луѓе кои не се попишале, туку биле попишани административно и кај нив не е заведена етничката припадност, како и само 260 илјади луѓе попишани во дијаспората се причина за опозицијата да се сомнева во резултатите од пописот. Власта се пофали со успешно спроведен попис.

ЗА ВМРО-ДПМНЕ пописот е некомплетен, за СДСМ е голем успех

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ сметајќи дека овој попис е некомплетен се обврзува по смената на власта да спроведе чисто електронски попис по сите европски стандарди кои што може да биде и комплетен, и веродостоен и да ги нема фалинките и недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки, рече на денешната прес-конференција Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Пописот ваков каков што е во Република Македонија покажува алармантни бројки кои што се поразителни за сите општини освен за градот Скопје... Читать дальше...

Алијаса за Албанците изрази резерви за веродостојноста на пописот

SlobodnaEvropa.mk 

После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите, соопшти пратеникот на партијата Халил Снопче. „Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста... Читать дальше...

Европска комисија: Пописот во Македонија е големо достигнување

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Комисија го поздрави пописот во Северна Македонија нарекувајќи го големо достигнување. По објавувањето на резултатите од пописот, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, изјави дека Комисијата го поздравува пописот, спроведен првпат од 2002 година. „Ова е големо достигнување: обновени податоци за населението се суштински за планирање и имплементирање на соодветни социјални, демографски и економски политики за бенефит на сите граѓани“, изјави Писонеро. Попис 2021 - Македонија... Читать дальше...



Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на фактичката состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Од партијата Демократски сојуз оценуваат дека првичните резултати на објавените податоци од пописот не се одраз на фактичката состојба. „Во дијаспората, проценките се дека само околу 10% од Македонците се попишани, додека во Македонија, од резидентното население, претежно Македонци, над 130.000 не се попишани. Овие бројки го наметнуваат заклучокот, дека пописот е неуспешен и за тоа треба да се бараат причините и одговорноста“, се вели во реакцијата на партијата. Од партијата на Павле Трајанов... Читать дальше...

Комисијата за заразни болести препорача да се укинат маските и за средношколците

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заштита од заразни болести ќе и препорача на Владата да се укине задолжителното носење на маски за учениците во средните училишта, како и да се овозможи организирање екскурзии и за основците и за средношколците. Ова било одлучено по денешниот редовен состанок на челновите на комисијата. Учениците или родителите кои сметаат дека нивните деца се уште треба да носат маски, може да ги носат, без оглед на тоа што се укинува таа задолжителна мерка. Маските остануваат и натаму задолжителни за наставниците и за техничкиот кадар. Читать дальше...

Нови 294 позитивни на коронавирус, починати вкупно 6 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 294 нови случаи на коронавирус, а починати се две лица во болнички услови. Направени биле 2.430 тестови, информира Министерството за здравство. Согласно регистарот Мој термин, дополнително се пријавени 4 починати лица во период од 22 до 25 март, од кои три во домашни услови. Кај сите починати биле регистрирани коморбидитети.   Најмногу нови случаи има во Скопје – 149, потоа следуваат Битола со 36, Прилеп 20, Кавадарци 17,  Велес 11... Дополнително олабавени... Читать дальше...

Ахмети - Пописот даде појасна слика за бројот на жителите во земјава

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ДУИ Ахмети по објавувањето на резултати од пописот на населението изјави дека тој бил успешно спроведен, при што им честиташе на вклучените институции во статистичката операција.   Ахмети наведе дека пописот дал појасна слика за бројот на жителите во земјава, цитирајќи ги објавените резултатите од Државниот завод за статистика дека Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, додека во градот Скопје се 22,8% во споредба со 20,04% во 2002 година)", наведе Ахмети. Читать дальше...

Македонија изгуби две Куманова меѓу два пописа

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија брои 2,097 319 лица, од кои 1 836 713 живеат во државата. Луѓе кои повеќе од една година не живеат во земјава опфатени со пописот изнесува 260 606 лица. Од вкупното попишано население 54 проценти се изјасниле како Македонци, а 29,52 проценти како етнички Албанци.

Попис 2021 - Македонија загуби 10 проценти од населението

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска ги објави податоците од спроведениот попис во 2021 година. Директорот на институцијата Апостол Симовски соопшти дека вкупното резидентно население во земјава изнесува 1.836.713 лица, а нерезидентното население 260.606 лица. По две децении, откако последен пат беше одржан попис во 2002 година, официјално податоците покажуваат дека бројот на жители во земјава е намален за 185.834 лица или за 9,2 проценти. Според објавените податоци, вкупното попишано население изнесува 2.097.319 лица... Читать дальше...

Државните детски одморалишта ги „јаде“ времето, и неодговорноста

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќето детски одморалишта кои останаа сопственост на државата зјаат празни и полека се претвораат во руини. Државата неколкупати се обиде да ги продаде, но засега нема конкретен план што понатаму со нив. Затоа битолчани сега пробуваат да си го вратат назад детското одморалиште „Пелистер“.

Протест на вработените во образованието

SlobodnaEvropa.mk 

За денеска пред македонското Собрание е најавен предупредувачки протест кој го организира Конфедерацијата на слободни синдикати - КСС, а кој го поддржа и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура - СОНК. Ако не им се исполнат барањата од 11 април ќе има генерален штрајк, а во деновите кога ќе се штрајкува, вработените во училиштата и во градинките ќе бидат на своите работни места, но нема да згрижуваат деца и нема да има воспитно-образовен процес. Јаким Неделков претседателот на овој... Читать дальше...

Дополнително олабавени антиковид мерките

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската Влада од денеска дополнително ги релаксира антиковид мерките: одобри почеток на наставата на факултетите со физичко присуство и ја укина обврската за носење маска за основците. Според Владата, наставата на сите факултети во земјава со присуство на студенти мора да се организира со мерки за спречување на коронавирусот.Се потсетува дека овие мерки вклучуваат задолжително носење заштитни маски во затворени простории, одржување на физичко растојание од еден до два метра, честа хигиена на... Читать дальше...

Државниот завод за статистика ќе ги објави првите резултати од пописот

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска ќе бидат објавени резултатите од пописот кој се спроведе од во септември минатата година, а во дијаспората се спроведуваше од април до септември лани. Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд. Дневната температура ќе биде од 12 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 20 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублёв стал победителем «Мастерса» в Мадриде






Университет в Финляндии уволил профессора из-за связей с Россией

Появились кадры с возвращающимся в Россию генералом Суровикиным

Александр Лукашенко рассказал коллегам по ЕАЭС о неудачах и задачах Союза

Воробьёв возложил цветы к Могиле Неизвестного Солдата в Москве