Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 19.03.2022

И покрај поразот во Букурешт, македонските ракометари одат во следната фаза

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската ракометна репрезентација ги одбрани осумте гола предност од првиот бараж натпревара од Скопје и покрај поразот на гостувањето кај Романија (24:22) се пласира во следната фаза од баражите за Светското првенство кое во 2023 година ќе се игра во Шведска и Полска. Последна пречка за „црвено – жолтите“ е двомеч со Чешка, селекцијата која е на второто место по број на натпревари во нашата историја – вкупно 15 меѓусебни пресметки. Најдобар на листата на стрелци беше капитенот и селектор на Македонија... Читать дальше...

Кина повтори дека за војната во Украина е виновен НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи Ли Јученг повтори дека НАТО е виновен за војната во Украина и ги критикуваше санкциите воведени кон Русија. Тој на прес-конференција во Пекинг рече дека НАТО е „остаток од Студената војна“ и дека неговото проширување може да резултира со „премногу страшни последици“ за големите сили како Русија. Двочасовен разговор Бајден - Кси за војната во Украина, бомбардирањето продолжува Неговите коментари доаѓаат откако американскиот претседател Џо Бајден... Читать дальше...

Оштетена е браната кај неготинско Липа, постои опасност од уривање

SlobodnaEvropa.mk 

По пријава од Општина Неготино, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска ја посетил браната „Липа“ и увидел дека состојбата е сериозна. Со цел да се утврди состојбата на терен и соодветно превентивно да се реагира, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов изврши увид на оштетената брана Липа во Неготинско, којашто протекува од многу места и има опасност од рушење на дел од насипот, информираат од Центарот. Браната која претставува насип од камења и земја... Читать дальше...

Лавров: Руско-кинеските односи ќе станат посилни

SlobodnaEvropa.mk 

Односите на Русија со Кина ќе станат посилни како резултат на актуелната политичка ситуација, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Во време кога Западот јасно ги поткопува сите основи на кои се заснова меѓународниот систем, се разбира дека ние - како две големи сили - треба да размислуваме како да продолжиме во овој свет“, рече Лавров,пренесува руската новинска агенција Интерфакс. Во телефонскиот разговор во петокот, американскиот претседател Џо Бајден го предупреди кинескиот... Читать дальше...

Нови 273 случаи на ковид 19, осуммина починале

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – 6, Тетово и Гостивар – по 5, Кичево – 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Кочани, Радовиш и Богданци – по 2 и по еден заразен во Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија. Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии. Читать дальше...

Истражувачка група објави мапа на уништени цивилни цели во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Истражувачката група Белингкет (Bellingcat)објави интерактивна мапа на цивилни згради уништени од Русија за време на нејзината инвазија на Украина. Картата се заснова на видео и фотографски докази документирани од Белингкет и графикони за времето и местото на неколку стотици инциденти кои потенцијално им наштетиле или ги погодиле цивилите од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 ти февруари. „Инцидентите вклучуваат „ракетни напади врз станбени области, уништување на цивилна инфраструктура... Читать дальше...

„Војната на Путин“: Што да се очекува во следната фаза од руската инвазија?

SlobodnaEvropa.mk 

Војната во Украина е војна на Путин, руската армија ја води, но го прави тоа неефикасно и неимпресивно, изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) Мајкл Кофман, експерт за руската армија во истражувачкиот центар CNA во Вашингтон. Со Кофман разговараше Рид Стендиш. На прашањето каква може да биде иднината на конфликтот во Украина, Кофман вели дека е тешко да се предвиди бидејќи ситуацијата на теренот не е доволно јасна. „Навистина не ја знаеме состојбата на силите на двете страни. Всушност, мислам... Читать дальше...

Протест на НСП и НСОН за усогласување на платите со минималната плата

SlobodnaEvropa.mk 

Усогласување на минималната плата во пресметката на платата согласно колективните договори во секторот образование и полиција. Ова беше едно од барањата од денешниот заеднички протест на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) и Независниот синдикат на полицијата (НСП). Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски рече дека постои огромен револт кај просветните работници, во однос на начинот на кој се пресметува нивната плата. „Денеска пред Владата има огромен број на просветни работници... Читать дальше...



Орбан од Нови Сад: Србија и Унгарија ќе мораат да ги ревидираат плановите

SlobodnaEvropa.mk 

Сега, кога светот стана несигурен, мораме да размислиме за многу работи, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого присуствуваше на отворањето на меѓународната пруга преку која од Белград  стигна до Нови Сад. Орбан изјави дека во контекст на војната на источните граници на Унгарија (руска инвазија на Украина), Србите и Унгарците мора многу да ревидираат. „Морам да признаам дека се надевам дека претседателот Вучиќ и јас ќе имаме... Читать дальше...

Проруската „Преродба“ протестира поради посетата на Остин на Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалата партија во бугарскиот парламент, „Преродба“, која се смета за проруска, организираше протест пред Министерството за одбрана и извикуваше „НАТО – надвор“ кон војската што се наоѓаше пред зградата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, протестот потоа се пресели пред зградата на бугарската Влада. Протестот се одржува во момент кога американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се наоѓа во посета на Бугарија. Демонстрантите изјавија дека не се согласуваат Бугарија да и го даде на Украина... Читать дальше...

Полска бара целосна забрана на трговијата со Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Полскиот премиер Матеус Моравјецки ја повика ЕУ да воведе целосна забрана за трговија со Русија. Моравјецки вели дека сака да воспостави „трговска блокада“ по морски и копнен пат „што е можно поскоро“, пренесува Ројтерс. „Целосен прекин на руската трговија дополнително ќе ја принуди Русија да размисли дали би било подобро да се запре оваа сурова војна“, рече тој. ЕУ веќе воведе трговски ограничувања на Русија во некои клучни сектори. Дипломатите соопштија дека санкциите треба да вклучуваат забрана за увоз на руски челик и железо... Читать дальше...

Средба Гутереш- Дендиас во Њујорк, фокусот на украинската криза

SlobodnaEvropa.mk 

Ситуацијата во Украина, кипарското прашање, односите со Турција и Либија, но и грчките кандидатури, биле темите за кои разговарале генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на нивната средба во Њујорк,  јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас рече дека имале долг разговор, дискутирале за случувањата во Украина и имал можност и го информирал Гутереш за „огромните проблеми, неверојатните опасности со кои се соочува грчката заедница во овој регион“. Читать дальше...

Зеленски бара преговори без одложување, Русија потврди дека користела хиперсонично оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика рускиот колега Путин да дојде на маса „без одложување“ за да ја ограничи неговата штета. Во меѓувреме борбите стигнаа до центарот на градот Мариупол. Во Запорожје, град на југот на Украина, воведен е полициски час од 38 часа

Поставена првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан на Табановце

SlobodnaEvropa.mk 

На граничниот премин Табановце, на влез во Северна Македонија Царинската управа  ја постави првата табла за Зелена лента за Отворен Балкан. Од Владата информираат дека ова е еден од првите проекти на иницијативата кои же овозможат побрз проток на стоки, услуги, луѓе и капитал. „Најважната придобивка од Зелената лента за компаниите и транспортерите, како и за Овластените економски оператори од Отворен Балкан е намалување на времето на чекање на граничните премини. Тоа е овозможено преку приоритет... Читать дальше...

Девет загинати во гранатирањето на периферијата на Запорожје

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик-градоначалникот Анатолиј Куртиев потврди дека девет лица загинале, а 17 се ранети во руското гранатирање на периферијата на украинскиот град Запорожје во петокот. Куртиев рече дека Запорожје во последните денови се соочува со напади на руските војници со минофрлачи, тенкови, хеликоптери и ракетни системи. Украинската армија објави полициски час од 38 часа во Запорожје, кој започнува во 14:00 часот по Гринич и завршува во раните утрински часови во понеделник. Куртиев ги повика луѓето да не излегуваат во овој период. Читать дальше...

Во Кина регистрирани првите смртни случаи од ковид по една година

SlobodnaEvropa.mk 

Кина ги регистрираше првите смртни случаи од ковид 19 по повеќе од една година, покажуваат податоците на веб-страницата на Националната здравствена комисија, во која се наведува дека две лица починале во североисточниот регион Џилин. Кина официјално има само два смртни случаи од ковид 19 во 2021 година, а последниот беше потврден на 25 јануари минатата година. Земјата моментално се соочува со најголемиот бран на епидемија и спроведува политика на нулта толеранција против коронавирусот со вршење „динамични чистења“... Читать дальше...

Американски сенатори го повикаа Бајден „да остане фокусиран на Балканот“

SlobodnaEvropa.mk 

Американски сенатори го повикаа претседателот Џо Бајден да го задржи својот фокус на Балканот, каде што „Русија долго време игра дестабилизирачка улога за членството во НАТО“. Тоа се наведува во писмото на група сенатори – набљудувачи во Сенатот на НАТО испратено до Бајден пред неговото патување во Брисел, каде следната недела ќе присуствува на самитот на НАТО. „Балканот е ранлива зона на Европа, и иако на Украина и треба итно внимание, не можеме да го изгубиме од вид овој регион, каде НАТО долго време игра важна улога во одржување на мирот. Читать дальше...

Се враќаат авиолиниите од пред ковид пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Со летниот распоред на летање, што почнува на 28-ми месецов, покрај новата авиолинија Скопје-Софија, на аеродромите во државава се враќаат неколку рути што функционираа пред ковид пандемијата. Се очекува и враќање на полски ЛОТ со линијата за Варшава. Истовремено со стапувањето во сила на летниот ред на летање, на Скопскиот аеродром почнуваат и градежни активности за обнова на пистата. „Моментално, летниот распоред на летање од Меѓународниот Аеродром Скопје има 35 дестинации. Сите дестинации што ги имавме лани ќе продолжат... Читать дальше...

Светото тројство во здравството - недостиг на лекари, опрема и пари

SlobodnaEvropa.mk 

Пари, лекари специјалисти и опрема, хронично недостигаат во македонскиот здравствен систем. Пациентите се жалат дека со месеци чекаат за термин за одредени специјалистички прегледи. Лекарите, пак, бараат да се вработат нови колеги за навреме да ја пружат потребната нега на пациентите.

Зеленски повика на мировни и безбедносни преговори со Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на итни мировни и безбедносни разговори со Москва, велејќи дека тоа е единствената шанса на Русија да ја ограничи штетата од грешките по инвазијата, зошто во спротивно ќе бидат потребни генерации за да се опорави од загубите претрпени во војната. „Сакам сите да ме слушнат сега, особено во Москва. Време е за средба, време е за разговор“, рече тој во видео обраќањето објавено во раните утрински часови. Украина отсекогаш нудела решенија за мир и... Читать дальше...

Денеска сончево, студено и ветровито време

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито. Во крајните јужни делови од земјава ќе има зголемена облачност со слаби врнежи од дожд и снег. Минималната температура е во интервал од -8 до 1, а максималната од 2 до 9 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура  се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени. Според прогнозата на УХМР, од утре ќе следува период на постабилно... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Лучший теннисист Казахстана сдал позиции в чемпионской гонке ATP






В Москве с начала 2024 года выдали более 3 тысяч льготных IT-ипотек

Составлен топ-3 самых посещаемых каруселей Подмосковья за прошедшую неделю

Звезду «Аншлага» Юрия Аскарова госпитализировали в Москве

Путин сообщил о решении углублять интеграционное сотрудничество в ЕАЭС