Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Март
2022

Новости за 12.03.2022

Отворени пунктови во Скопје за хуманитарна помош за Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ и Meѓународниот штаб за помош на Украинците преку соопштение упатуваат апел за хуманитарна помош за Украина. Пунктовите на собирање хуманитарна помош, како што посочуваат, се отворени во магацин на компанијата „Кодинг Горска” на ул.„Шарпланина“ бр. 4 во Ѓорче Петров (секој работен ден од 10 до 19 часот, во сабота од 10 до 14 часот), и во шатор на плоштадот Македонија во центарот на градот (секој ден од 8 до 20 часот).  Според податоците на Обединетите... Читать дальше...

Борел в понеделник во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, в понеделник ќе допатува во Скопје, во рамки на неговата посета на регионот, којашто почнува од утре до 16 март, при што освен Северна Македонија, ќе ги посети и Албанија и Босна и Херцеговина. Во Скопје Борел ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со... Читать дальше...

Зеленски: околу 1300 украински војници се убиени во руската инвазија

SlobodnaEvropa.mk 

„Околу 1.300“ украински војници се убиени откако Русија го нападна нејзиниот сосед, изјави во саботата претседателот на земјата, Володимир Зеленски, додека московските сили го затворија главниот град Киев, јавува агенцијата Франс Прес. Зеленски ова го кажа на брифинг со медиумите, што е првпат Киев да да соопшти таква бројка од почетокот на борбите. На 2 март Русија соопшти дека изгубила речиси 500 војници, но оттогаш не дава бројка. Интензивни борби во близина на Киев, Зеленски вели Украина... Читать дальше...

Шолц и Макрон повторно разговараа со Путин за Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон побарале итен прекин на огнот во Украина во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин наведувајќи дека е потребно дипломатско решение за ситуацијата, јавува германската агенција ДПА. Двајцата разговараа со Путин околу 75 минути, изјави портпаролот на германската влада. Рускиот претседател не покажал подготвеност да стави крај на војната со Украина, рекол претставник на француското претседателство, а пренесува агенцијата Ројтерс. Читать дальше...

Украински владин претставник: Србија со летовите за Москва заработува на крв

SlobodnaEvropa.mk 

Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар ја обвини Србија дека ја користи војната во Украина за профит, додека британскиот весник Гардијан пишува дека Србија за богатите Руси станала „капија“ за влез во Европа, јави дописникот на МИА од Белград. Џепар на Твитер напиша дека авиокомпанијата Ер Србија го удвоила бројот на директни летови од Белград до Москва, откако земјите од ЕУ и некои други земји воведоа забрана за летови за руските авиони и ги прекинаа летовите за Русија. Читать дальше...

Мицкоски: владините антикризни мерки се задоцнети

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во општина Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање дали е доволен новиот сет мерки на Владата за да се надмине енергетската и економската кризата во која се наоѓа државата, истакна дека мерките се задоцнети и декаи не мисли оти драматично ќе ја подобрат состојбата. „Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е задоцнет, генерално тие кои што се суштински ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше, но поради... Читать дальше...

Нови 277 заразени со ковид, пријавени 14 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи со ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 277 случаи од Скопје се 141, а потоа следуваат Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции. Во последните 24 часа регистрирани се осум починати на возраст од 60 до 86 години. Читать дальше...

Италија заплени јахта на рускиот олигарх Мелниченко

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанските власти ја запленија јахтата која е во сопственост на руски милијардер, ставена на листата на санкции на ЕУ по руската инвазија на Украина. Бродот му припаѓа на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко кој е сопственик на големиот производител на ѓубрива ЕуроХем Груп и на компанијата за јаглен СУЕК. Бродот, кој се проценува дека вреди околу 578 милиони долари, е најголемата едрена јахта во светот, соопшти италијанската влада. Официјални лица од италијанската финансиска полиција го заплениле на 11 март... Читать дальше...



Средба Османи-Петков во Анталија

SlobodnaEvropa.mk 

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на Анталија дипломатскиот форум се сретна со премиерот на Бугарија Кирил Петков, соопштија од македонското министерство за надворешни работи. Од таму наведуваат дека на средбата станало збор за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа. "Ни требаат јасни и недвосмислено пораки како гарант за европската перспектива на земјите од регионот. Нашата европска... Читать дальше...

Западните испораки на оружје за Украина може да бидат руски таргет, најави Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Висок руски функционер на 12 март предупреди дека Москва би можела да ги таргетира западните пратки со воена опрема за Украина. Зборувајќи на државната телевизија, заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека Москва ги предупредила Соединетите Американски Држави дека ќе гледаат на испораките на западно оружје за Украина како на цели. Рјабков рече дека Русија „ги предупредила САД дека испумпувањето оружје од голем број земји не е само опасен потег, туку тоа е акција што ги прави тие конвои легитимни цели“. Читать дальше...

РКЕ:бензините поевтинуваат за 6,50, дизелот за девет денари

SlobodnaEvropa.mk 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од вечер на полноќ се намалуваат за 6,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за девет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1... Читать дальше...

Хрватска го критикува НАТО по падот на дронот од руско производство

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватските власти денеска го критикуваа НАТО за, како што рекоа, бавната реакција на алијасната за военото беспилотно летало кое очигледно поминало по целиот пат од украинската воена зона над неколку земји-членки на НАТО, пред да се урне во урбана зона на Загреб. Беспилотниот авион од руско производство ги премина Романија и Унгарија пред да влезе во Хрватска и да падне доцна во четвртокот во во близина на студентски дом на хрватскиот главен град. Околу 40 паркирани автомобили беа оштетени, но никој не беше повреден во силната експлозија. Читать дальше...

Ковачевски: годинава ќе биде економски тешка, функционерите одговорно да трошат

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во видео обраќање рече дека „живееме во време на огромна светска економска криза која е последица од војната во Украина“ и дека економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот на настаните. Тој додаде дека единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштити стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност. „Сакам јасно да порачам, сите функционери, сите оние кои работат и се платени од граѓаните, максимално одговорно да ги трошат државните пари. Читать дальше...

РКЕ:oд полноќ пониски цени на бензините и дизелот

SlobodnaEvropa.mk 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одржува седница на која треба да бидат вкалкулирани новите изменети акцизи и стапки на ДДВ и да биде донесена одлука за намалување на цените на горивата. Новите цени, како што информираа од РКЕ, ќе важат од вечер на полноќ. Претседателот на РКЕ Марко Билсимовски за сдк.мк, изјави дека согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, цената на бензините ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари. Собранието ги... Читать дальше...

Интензивни борби во близина на Киев, Зеленски вели Украина е на „пресвртна точка“

SlobodnaEvropa.mk 

Северозападно од Киев во тек се борби, а руските сили се на 25 километри од центарот на градот. Украинското МНР објави дека е гранатирана џамија во Мариупол во која биле засолнети околу 80 луѓе, меѓу кои и турски државјани.

Украина тврди дека руските сили гранатирале џамија во Мариупол

SlobodnaEvropa.mk 

Руските сили гранатираа џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, каде што биле засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи на 12 март. Украинските власти ги обвинија руските сили за гранатирање на коридорите за евакуација и за спречување на цивилите да избегаат од градот кој има околу 430.000 жители. „Џамијата на султанот Сулејман Величествениот и неговата сопруга Роксолана (Хурем Султан) во Мариупол беше гранатирана од руските сили“... Читать дальше...

Влада: донесени одлуките за намалена акциза и ДДВ

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Република Северна Македонија на својата 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период како и начинот на пресметка на акцизата, соопшти прес службата на владата. Од таму појаснуваат дека со одлуката се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето... Читать дальше...

МНР: вратени се македонските камиони кои беа запленети во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Вратени им се камионите и превезуваната роба на македонските транспортери кои беа запленети од украинските власти на граничниот премин „Јагодине” меѓу Украина и Полска, соопшти Министерството за надворешни работи. “По многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине”... Читать дальше...

Киев очекува отворање коридори за евакуација на населението

SlobodnaEvropa.mk 

Се чини дека руските сили напредуваат во нивниот бавен обид за освојување на главниот град на Украина, Киев, додека со тенкови и артилерија ги напаѓаат местата кои се веќе под нивна опсада, јавуваат светските агенции. Сирените за воздушен напад се огласија низ неколку украински градови рано на 12 март, повикувајќи ги луѓето да бараат засолништа. Локалните медиуми ја пренесуваат изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој рече дека Украина „веќе направила стратегиска пресвртница“. Читать дальше...

Времето денеска- студено со северен ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со услови за провејување на слаб снег во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Утре ќе се задржи променливо облачно и студено време со сончеви... Читать дальше...

Собранието ги изгласа антикризните мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците пред полноќ ги изгласаа измените за законите за ДДВ и за акцизите, со што се овозможува да стапат на сила антикризните мерки што Владата ги најави во средата.  Собранието со 95 гласа „за“ и без ниту еден “против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден “против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка. Министерот... Читать дальше...

Бајден - Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е Трета светска војна

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Американски Држави нема да испраќаат војници во Украина, соопшти американскиот претседател Џо Бајден на 11 март. „Сакам да бидам јасен – ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО со цела сила на обединетото и галванизирано НАТО“, напиша претседателот на САД на Твитер. „Но нема да водиме војна против Русија во Украина. Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е Трета светска војна“, напиша тој. Бајден неколку пати рече дека не се разгледувало прашањето да се испраќа американска... Читать дальше...

Украина обвини дека руските сили го киднапирале градоначалникот на Мелитопол

SlobodnaEvropa.mk 

Украинските власти ги обвинија руските сили за киднапирање на градоначалникот на Мелитопол, град во југоисточна Украина, кој падна под руска контрола за време на руската инвазија на Украина. Властите во Украина велат дека руските војници го киднапирале градоначалникот Иван Федоров денеска попладне откако лажно го обвиниле за тероризам. Од руска страна нема коментари за судбината на градоначалникот. ЕУ и САД со нови санкции против Русија „за поголема изолација“ поради нападот врз Украина „Киднапирањето... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Ига Свёнтек

«Ну и кто сказал, что женский теннис — это скучно?» Свёнтек — после матча с Соболенко






В Воронежской области без электричества остались 35,5 тыс. человек

Синоптики спрогнозировали облачную погоду и до +7 градусов в Москве 8 мая

Указы Путина обрушили экономику Запад: Все действия G7 по русской нефти не принесли успеха

Парад Победы будут транслировать по федеральным каналам с 10:00 9 мая