Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Новости за 09.10.2022

Германија бара построги санкции за Иран поради репресијата на протестите

SlobodnaEvropa.mk 

Германската министерка за надворешни работи ја повика Европската унија да воведе нови санкции врз Иран поради, како што вели, бруталната репресија на Техеран против антивладините демонстранти во неколку ирански градови. Германската министерка Аналена Баербок на 9 октомври, беше цитирана од најпродаваниот германски национален неделен весник „Билд ам Зонтаг“, како вели дека „оние кои тепаат жени и девојки на улица, приведуваат луѓе кои не сакаат ништо друго освен да живеат слободно, ги апсат самоволно и ги осудуваат на смрт... Читать дальше...

Владата донесе антикризни мерки, помош за социјалците, пензионерите, невработените

SlobodnaEvropa.mk 

Сет на мерки од 350 милини евра, кој вклучува парична помош за социјални случаи, невработени, пензионери со ниски пензии, најави Владата за справување со последиците од енергетската и економска криза. Помош ќе има и за бизнисот. За овие пари да стигнат до ранливите категории, потребни се законски измени, односно поддршка од пратениците.

Владата најави ваучери за социјалните случаи, пензионери со ниски пензии и невработените

SlobodnaEvropa.mk 

Нов сет на мерки со кои ќе им се помогне на најранливите категории граѓани најави на прес-конференција на 9 октомври, премиерот Димитар Ковачевски. Дел од овие мерки мора да поминат и собраниски филтер, односно да бидат изгласани од пратениците. По 3000 денари за четири месеци, или вкупно 12 илјади денари ќе добијат околу 42 илјади граѓани приматели на социјала помош, луѓе со попреченост, родители на деца со попреченост кои имаат до 26 години, оние кои земаат помош за нега, луѓе со потешки заболувања... Читать дальше...

Земјите на ЕУ кои не го признале Косово очекуваат напредок во дијалогот со Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Петте држави членки на Европската унија (ЕУ) кои сé уште не го признале Косово очекуваат напредок во преговорите со Србија пред да одлучат „како ќе продолжат понатаму“ во однос на признавањето, изјави шефот на Канцеларијата на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог. Тој во изјава за Радио Косово, рече дека таквиот став му бил потврден на неговите средби со шефовите на канцелариите за врски на тие држави во Косово. „Според она што сум го видел јас при моите средби со официјални претставници... Читать дальше...

Киргистан ги откажа планираните воените вежби на ОДКБ

SlobodnaEvropa.mk 

Бишкек соопшти дека ги откажува воените вежби на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) предводена од Москва, што требаше да се одржат во Киргистан оваа недела. Вежбите „Неуништливо братство – 2022“ требаше да се одржат од 10 до 14 октомври со војници од членките на ОДКБ Русија и Белорусија. Не е соопштена причина за откажувањето. Киргистан и друга членка на ОДКБ, Таџикистан, во септември имаа крвави судири долж граничната линија, по што Бишкек ја повика ОДКБ да преземе активна улога во решавањето на спорот. Читать дальше...

Пронајдени седум тела на мигранти по бродоломот кај грчкиот остров Китира

SlobodnaEvropa.mk 

Во спасувачката акција на грчката крајбрежна служба во близина на островот Китира, пронајдени се безживотните тела на седум лица, по несреќата во средата вечерта, кога потона чамец со околу 95 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека кај Китира, островот што се наоѓа јужно од Пелопонез, вчера биле извлечени безживотните тела на четири мажи и две жени, а во акцијата што трае неколку дена, спасени се вкупно 80 лица, 55 мажи, седум жени и 18 деца. Читать дальше...

МНР апелира да не се патува во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи (МНР) апелира до сите државјани на Македонија да се воздржат од патување во Исламската Република Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран. Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и доколку немаат суштинска причина, да ја напуштат земјата. За дополнителни информации... Читать дальше...

Со порака против ајатолахот, хакирани вестите на иранската државна телевизија

SlobodnaEvropa.mk 

Иранската државна телевизија очигледно беше хакирана во саботата во етер, а информативниот билтен беше прекинат со протест против водачите на земјата. На екранот се појави маска, проследена со фотографија на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи со пламен околу себе. Групата што го изврши нападот себеси се нарекува „Адалат Али“ или „Правдата на Али“. Нападот доаѓа откако три лица беа убиени во судирите на демонстрантите и безбедносните сили на најновите немири поради смртта на 22-годишната Махса Амини. Читать дальше...



Седмо лансирање на ракети од Северна Кореја за две недели

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја истрела уште две балистички ракети, што е седмо лансирање регистрирано во изминатите две недели. Два балистички проектили паднале во Јапонското Море на 9 октомври, соопшти војската на Јужна Кореја. Началникот на Здружениот Генералштаб на Сеул во соопштение лансирањето го нарече „сериозна провокација“. Јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилите паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона, а висок претставник на одбраната рече дека една, а може и двете ракети биле лансирани од подморница. Читать дальше...

Партиски препукувања за бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката партија СДСМ бара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да објасни како е поврзан со претседателот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.  Од опозициската партија велат дека, ако владејачката партија е „против фашистичкиот клуб Цар Борис, зошто им смета законското регулирање, нека го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ“. Од СДСМ прашуваа дали Мицкоски и претседателот на клубот  ги поврзува само членството во ВМРО-ДПМНЕ или има и нешто друго? „ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е иделошки... Читать дальше...

Временска прогноза - Сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови. Максималната температура ќе достигне од 21 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 24 степени. Како што прогнозира УХМР, до понеделник времето ќе се задржи стабилно со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Македонија во минус, Албанија целосно зелена, БиХ произведува струја... Читать дальше...

Загрозени над 7.000 работни места во индустријата

SlobodnaEvropa.mk 

Енергетскиот колапс се заканува да остави на улица од 7.000 до 9.000 работници во индустријата, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР). Големите компании, кои се на слободниот пазар на струја, учествуваат со 10 до 15 проценти во БДП.

Ако ФЕНИ работи би трошело 40 илјади евра струја на час

SlobodnaEvropa.mk 

Со оваа цена на струја доколку Еуроникел (поранешно ФЕНИ) работи во полн капацитет, само за еден час би трошел околу 40 илјади евра. Менаџментот вели дека тоа е економски неисплатливо и затоа печката е згасната, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР).


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Линетт сыграет против Соболенко во втором круге турнира WTA в Мадриде






Более 70 процентов месячной нормы осадков выпало в Москве менее чем за час

Россияне все чаще стали покупать структурированную икру

В Москве пенсионерка отдала мошенникам 34 млн рублей

Первый весенний ливень «аномально» затопил Москву