Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Новости за 11.10.2022

ПССЕ - Резолуција за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Резолуција за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан усвои денеска Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Во Резолуцијата се повикува на нов поттик во процесот на проширување на ЕУ и се бара од Западен Балкан веднаш да се справи со клучните предизвици со кои се соочува. На пленарната седница во Стразбур за усвојување на резолуцијата гласаа 134 пратеници, тројца беа против, а тројца беа воздржани. Пендаровски за помирување, Ковачевски за евроинтеграции, Мицкоски... Читать дальше...

Пендаровски за помирување, Ковачевски за евроинтеграции, Мицкоски за антифашизам

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски, во празничната честитка, побара надминување на поделбите и национално помирување. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека кочењето на евроинтеграциите е предавство, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави градежна офанзива во Прилеп.

Извештај на ЕУ за Македонија – Спроведување на законите, а не ад хок решенија

SlobodnaEvropa.mk 

Потребна е ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, стои во Нацрт-извештајот на Европската комисија за Македонија, во кој РСЕ имаше увид. Добро е оценета работата на Антикорупциската комисија.

Најголемите земји-извознички затаиле против „извозот на корупција

SlobodnaEvropa.mk 

Спроведувањето на мерките против прекуграничниот поткуп падна на најниско ниво откако организацијата за борба против корупција Транспаренси интернејшнал (ТИ) почна да го прави ова мерење во 2009. Само две од 47-те најголеми земји извознички во светот енергично спроведуваат чекори против прекуграничниот поткуп, соопшти ТИ. Антикорупционерите не гледаат основа за отворање на предмет против премиерот Ковачевски Во извештајот насловен како „Извоз на корупција“, групата ги оцени напорите на 43... Читать дальше...

Топли ѕидови за пониски сметки за струја

SlobodnaEvropa.mk 

Криза е, а во ситуација на зголемена инфлација граѓаните се обидуваат да заштедат како знаат и умеат. Еден од начините да се намалат трошоците за греење е инвестицијата во топлинската изолација во домовите. Граѓаните кои вложиле во фасада и нови прозорци и врати велат дека им се намалиле сметките за струја. Од фирмите пак велат дека продажбата на прозорци се намалила.

Метеоролози - Нè очекува поблага зима

SlobodnaEvropa.mk 

Поблага зима од просечната предвидуваат метеоролозите. Прашањето каква зима нè очекува се наметнува во услови на енергетска криза во која државите се соочени со предизвикот да обезбедат доволни количини на енергенси и електрична енергија. Очекувањата се дека во првата половина од зимата ќе има малку поладно, стабилно и релативно суво време со услови за магла по котлините и зголемено аерозагадување посебно во котлините и во урбаните средини, но не се исклучува можноста и за повремени продори на ладен воздух и ладни фронтови. Читать дальше...

Подобро загаден воздух, отколку празен стомак и ладен стан

SlobodnaEvropa.mk 

Воздухот оваа зима се очлекува да биде позагаден од претходните поради енергетската криза и зголемената употреба на мазут и јаглен. Граѓаните иако се свесни за проблемот, во моментов повеќе стравуваат од високите трошоци во нивните домови, додека нови истражувања покажуваат загрижувачки резултати од изложеноста на загаден воздух.

Петмина француски државјани притворени во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Пет француски државјани се притворени во Иран, изјави француската министерка за надворешни работи Катрин Колона за француското радио на 11 октомври, откако Париз минатата недела соопшти дека проверува дали петтиот француски државјанин бил уапсен за време на протестите во Иран. Франција минатата недела ги повика своите граѓани да го напуштат Иран што е можно поскоро, велејќи дека се изложени на ризик од произволни притворања. Во текот на минатиот месец во Иран избувнаа протести по смртта на 22-годишна жена. Читать дальше...

Шест часа без струја ќе останат 12 илјади потрошувачи од Дебарскиот крај

SlobodnaEvropa.mk 

Жителите на целото дебарско подрачје утре ќе останат без струја во периодот од 09:15 до 15 часот, информира Електро стопанство на Македонија ( ЕСМ). Дебарското подрачје на корисници на струја, ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа повеќе од дванаесет илјади потрошувачи. Прекинот е поради редовните годишни планирани активности за испитување на трансформаторите во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар. Пред грејната сезона и во услови на енергетска криза... Читать дальше...

11 Октомври - 81 година од НОБ

SlobodnaEvropa.mk 

Одбележувањето на државниот празник 11 Октовмри – Денот на народното востание, годинава се одржува под мотото „Секогаш на вистинската страна“, а централниот настан, организиран од Владата ќе се одржи пред Спомен-констурницата во Куманово. Владини делегации ќе положат цвеѓе пред спомениците на паднатите борци од Народно ослободителната борба во Скопје и Прилеп. На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп... Читать дальше...

Во Централна Америка животот го загубија 16 лица од бурата Јулија

SlobodnaEvropa.mk 

Од последици предизвикани од тропската бура Јулија загинаа најмалку 16 луѓе, соопштија официјални лица во понеделникот, а повеќето од жртвите се од Ел Салвадор и Хондурас. Невремето беше проследено со обилни дождови во Централна Америка и јужно Мексико. Салвадорските власти соопштија дека загинале девет лица, меѓу кои пет војници, а најмалку 830 луѓе биле евакуирани. Јулија во неделата ги погоди Карибите на Никарагва пред да се префрли во Тихиот Океан.

Времето - облачно со повремени врнежи

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде до 19 степени. Во Скопје и околината ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. Во наредените денови до петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. В четврток и петок локално ќе има услови врнежите да бидат поројни и проследени со ретки грмежи.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Новак Джокович

Шикарный и практичный стиль Елены Джокович из базовых вещей






Московский код. Жители и гости столицы пишут краеведческий диктант

Григорий Лепс решил ответить на нападки Артемия Троицкого

Эстафета поколений и победителей. В Ульяновске отметили юбилейный праздник спорта

Свыше 350 точек торговли вербой заработали в Подмосковье