Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Новости за 30.10.2022

Владата најави поевтина струја за фирмите за стабилизирање на цените на храната

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски образложувајќи ги новите одлуки од денешната владина седница за справување со енергетската криза изјави дека со нив им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води, да склучат договор со ЕСМ Продажба и да имаат поевтина струја. Според него, ќе се обезбеди поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Читать дальше...

Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни ќе има парно од 1 ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција по денешната владина седница изјави дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи и од 1 ноември ќе имаат парно. Според него, ЕСМ веќе склучила договор за набавка на природен гас за топланите, а за подетални информации упати на акционерското друштво. „Склучен е договор од страна на ЕСМ за набавка на природен гас. Ќе работи дополнително и ТЕТО која ќе покрива 60-70 проценти од потребите на топлинската енергија. Пропаднаа во вода кажувањата... Читать дальше...

Ковачевски: Мило ми е што Мицкоски и Апасиев можеа да се радуваат на отворање на клуб во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата изјави дека не бил на отворањето на клубот поради тоа што знаел дека ќе има владина седница посветена на спраување со енергетската криза. „Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господин Апасиев можат слободно да одат и да се радуваат на отворање на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите... Читать дальше...

Отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ - во Благоевград тензии

SlobodnaEvropa.mk 

Откако во Македонија беа отворени два бугарски клуба, денеска во Благоевград се отвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите.

Над 100 жртви во бомбашки напади во Сомалија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Сомалија, Хасан Шеик Мохамуд изјави дека најмалку 100 луѓе вчера биле убиени во два напади со автомобил-бомби во главниот град на земјата, Могадишу. Тој денеска од местото на бомбашките напади на фреквентна патна раскрсница додаде дека речиси 300 луѓе биле повредени. „Ги замолуваме нашите меѓународни партнери и муслиманите ширум светот да ги испратат своите лекари овде, бидејќи не можеме да ги испратиме сите жртви надвор од земјата на лекување“, рече Мохамуд. Терористичката група Ал Шабаб... Читать дальше...

ВМРО-Бугарско национално движење го спречи положувањето цвеќе пред споменикот на Делчев во Благоевград

SlobodnaEvropa.mk 

По отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, делегации се упатија кон споменикот на Гоце Делчев каде сакаа да положат цвеќе, но беа оневозможени да го сторат тоа, од безбедносни причини. Полицијата не дозволи пристап бидејќи пред споменикот на градскиот плоштад беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници“. Се скандираше и „Бугарите и Македонците се еден народ“, „Слобода или смрт за Бугарија“ а се извикуваат и имињата на Гоце Делчев... Читать дальше...

Вербален инцидент меѓу Мицкоски и граѓанин на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград

SlobodnaEvropa.mk 

Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носел звучник од кој одекнуваа патриотски песни. Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побарал од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнале да извикуваат „Македонија, Македонија“. Инцидентот се случил кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев. Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување. Читать дальше...

Мицкоски од Благоевград: Зошто правото на Македонците во Бугарија не е признаено

SlobodnaEvropa.mk 

Во присуство на засилено полициско обезбедување денеска во Благоевград се отвори македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. На неговото отворање присуствуваа претставници од ОМО Илинден-Пирин, генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата, Миле Бошњаковски, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на Левица, Димитар Апасиев. Мицкоски изјави дека присуствува на отворањето „за да им дадеме поддршка на нашинците во Бугарија и да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци... Читать дальше...



Ден на жалост во Јужна Кореја откако во стампедо загинаа најмалку 151 лице

SlobodnaEvropa.mk 

Луѓето во јужнокорејската престолнина Сеул се во жалост откако вчера најмалку 151 лице загинаа во стампедо предивикано од толпата во тесна уличка за време на прославата на Ноќта на вештерките. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол прогласи национална жалост на 30 октомври и нареди знамињата да се спуштат на половина копје. „Се чувствувам тешко и не можам да ја задржам мојата тага како претседател кој е одговорен за животите и безбедноста на луѓето“, рече Јун. Официјалните лица денеска соопштија... Читать дальше...

ЕУ го повика Косово да даде повеќе време за укинување на српските регистарски таблички

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија го повика Косово да остави повеќе време за постепено укинување на старите српски регистарски таблички што сè уште ги користат етничките Срби во земјата. „Косово треба да дозволи подолг период на транзиција. Ова е конзистентен совет на најблиските партнери на Косово, вклучително и ЕУ и САД, разочарувачки е да се види дека не се почитува“, рече Набила Масрали, портпаролка за надворешни работи и безбедност во Европската комисија. Масрали ги повика сите страни на смиреност, да покажат... Читать дальше...

Во Благоевград се отвора македонскиот клуб „Никола Вапцаров“

SlobodnaEvropa.mk 

Во бугарскиот град Благоевград денеска се отвора македонскиот културен центар со името „Никола Вапцаров“. Во име на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува генералниот секретар Миле Бошњаковски. На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, а ќе замине и делегација од Демократскиот сојуз. Премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува. ВМРО – Бугарско национално движење најави протест. Советот на Општина... Читать дальше...

Сончево време со слаб до умерен ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната од 21 до 25 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура до 5 и максимална до 24 степени. Во следните денови продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време.

Боки 13 се жалел до Народниот правобранител за условите во Идризово

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на Народниот правобранител на барање на Бојан Јовановски – Боки 13, биле во затворот Идризово, да извршат увид. Боки 13 пред десетина дена беше натепан во затворот. Несоодветните услови во затворите се стара болка којашто трае предолго, вели во интервју за Радио Слободна Европа, заменик Народниот правобранител Јован Андоновски.

Андоновски - На должниците за брзи кредити им се заканувале со насилство

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓани се жалат дека трпат закани и притисоци дека доколку не го платат износот веднаш, не само што нема да им запре растењето на каматите, туку дека ќе им биде одземен и приватен имот. Тврдат дека најчесто добиваат закани за насилство, вели заменик Народниот правобранител Јован Андоновски.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Самсонова победила Осаку и вышла в третий круг турнира WTA 1000 в Мадриде






В Москве в парке нашли труп мужчины

«Надо меньше есть!» Певица Ортман раскрыла секрет поддержания хорошей формы

Православные христиане отмечают Вербное воскресенье

В Хабаровске завели дело по факту контрабанды медали «Золотая Звезда»