Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Новости за 27.10.2022

Почина економистот Владимир Глигоров, син на претседателот Киро Глигоров

SlobodnaEvropa.mk 

Во Виена денеска, 27 октомври, на 78-годишна возраст ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, јави МИА од Белград.  Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија" во Њујорк. Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски науки, а од 1994 година беше вработен на Виенскиот институт за меѓународни економски студии... Читать дальше...

Во Иран нови напади на демонстрантки по смртта на уште една девојка

SlobodnaEvropa.mk 

Најновите медиумски извештаи јавуваат дека иранските власти, наводно, реагирале насилно на демонстрантите кои се собрале да ја одбележат смртта на Ника Шакарама, уште еден симбол на протестното движење во таа земја. Извор близок до нејзиното семејство изјави за Би-Би-Си дека безбедносните сили отвориле оган врз демонстрантите кои се собрале на гробиштата каде што е погребана 16-годишната девојка во нејзиниот роден град Корамабад. Претходниот ден во Иран се одржаа големи собири, а демонстрантите носеа транспаренти со нејзиното име. Читать дальше...

МВР: Пријавите за бомби во девет училишта се лажни

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи информира дека се лажни пријавите за поставена експлозивна направа во девет училишта во Скопје. „Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта во Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопшти вечерва МВР. Претходно денеска девет училишта во Скопје добија дојави за поставени бомби. Околу 14 часот денеска во СВР – Скопје е пријавено дека на мејл адреси... Читать дальше...

Советот на министри на БиХ ги поддржа договорите за слободен проток на луѓе во рамки на Берлинскиот процес

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска даде согласност за потпишување три договори за слободен проток на луѓе, за што е постигнат договор во рамките на Берлинскиот процес. Членовите на Советот на министри на БиХ од Сојузот на независни социјалдемократи на Милорад Додик досега го блокираа усвојувањето на овие договори, инсистирајќи прашањето да се реши во рамки на иницијативата Отворен Балкан, чии членки се само Србија, Северна Македонија и Албанија. Станува збор за Договорот за слобода... Читать дальше...

Хил: САД се разочарани и загрижени поради одлуката на Курти за табличките

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека Соединетите Држави се разочарани и загрижени поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не го продолжи рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај повиците на земјите од Квинта и Европската Унија, јави Бета. „Владата на САД, заедно со нејзините меѓународни партнери, во повеќе наврати бараше од Владата на Косово да го продолжи периодот на имплементација на пререгистацијата на возилата. Разочарани сме... Читать дальше...

Српската полиција го спречи косовскиот вицепремиер да влезе во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Српската полиција ја спречи посетата на косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во Белград, потврди за РСЕ портпаролот на Бислими, Клисман Кадија. Тој додаде дека пред да влезе во Белград, полицијата спречила понатамошно патување поради „безбедносни причини“. Бислими во четвртокот, 27 октомври, отпатува за Белград за да учествува на две тркалезни маси за прашањата на дијалогот Косово-Србија. Бислими, кој во исто време ги води разговорите со Србија на ниво на главни преговарачи, требаше да учествува... Читать дальше...

ЦИK: Додик е победник на изборите за претседател на РС

SlobodnaEvropa.mk 

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина утврди дека Милорад Додик, лидерот на Алијансата на независни социјалдемократи, освоил најмногу гласови за претседател на Република Српска. На денешната седница, Централната изборна комисија на БиХ со шест гласа „за“ и еден „против“ го усвои извештајот за резултатите од повторното пребројување на гласовите за претседателот на РС. Пребројувањето на гласовите за претседател и потпретседатели на РС беше наредено на 10 октомври, откако до ЦИК беа... Читать дальше...

Закани за бомби во девет училишта во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Девет училишта во Скопје денеска добија дојави за поставени бомби. Околу 14 часот денеска во СВР – Скопје е пријавено дека на мејл адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, нагласуваат од МВР, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР. Дојави за поставени бомби вчера беа упатени преку мејл до осум средни скопски училишта... Читать дальше...



Ковачевски: Сите кои не пријавиле имот во ДКСК, треба да бидат казнети

SlobodnaEvropa.mk 

Секој функционер без разлика од која партија доаѓа, без разлика на која функција е поставен, и без разлика на кое ниво е во државната управа, има должност согласно со Законот за спречување на корупција да достави имотен лист за се она што поседува до Државната комисија за спречување на корупцијата, којашто потоа јавно го објавува. Сите оние што не го направиле тоа во законскиот рок, треба да бидат санкционирани согласно со законот и согласно со процедурите и законите врз основа на коишто работи ДКСК... Читать дальше...

Измена на Деловникот за деблокада на Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку не се промени собранискиот Деловник и во иднина ќе останат можностите за блокирање на Собранието, смета претседателот на Парламентот Талат Џафери. Истражувачи од Институтот за демократија оценуваат дека блокадите покажуваат недостаток на консензус за важните прашања во државата.

Кремљ за денеска најави важен говор на Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да и се обрати на јавноста, потврдија од Кремљ, најавувајќи го говорот околу 15:00 часот по средноевропско време. Путин ќе зборува на панелот на Институтот Валдаи во Москва, а прашања ќе можат да поставуваат независни новинари и аналитичари од западните земји. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека говорот на Путин ќе биде „анализиран, читан и препрочитуван уште неколку дена“. Нов светски поредок и најголемите закани за Западот и демократијата „Денес тоа е главниот настан на денот... Читать дальше...

Малку се, многу се, но битно е за што ќе се троши финансиската помош од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Парите од ЕУ, се добредојдени, се дел од коментарите по помошта од 80 милиони евра која ја најави претседателката на ЕК, Фон дер Лајен. Од една страна ќе придонесе за ублажувањето на енергетската криза, а од друга страна е сигнал дека евроинтеграциите продолжуваат.

САД: Акциите за распад на БиХ би имале сериозни последици

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадата на Соединетите држави во Босна и Херцеговина објави дека секоја акција што ќе се преземе со цел да се распадне Босна и Херцеговина ќе биде кршење на Дејтонскиот мировен договор и ќе имаат сериозни последици. „Изборните тела имаат одговорност да обезбедат интегритет на изборниот процес, вклучително и пребројување на гласачките ливчиња и други мерки кога тоа го бараат околностите. САД го почитуваат правото на мирно собирање и протести. Тие се дел од секоја демократија“, твитна американската амбасада во БиХ. Читать дальше...

Фон дер Лајен: ЕУ не е целосна без Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека местото на Косово е во Европската унија и дека ЕУ е нецелосна без Косово. На прес-конференцијата по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, таа рече дека Косово ќе има поддршка на патот кон евроинтеграциите и оцени дека Приштина направила голем напредок и е посветена на европскиот пат. Таа потврди дека се исполнети сите услови за либерализација на визниот режим, а порача дека во тоа мора да се увери и Европскиот совет. Читать дальше...

Шолц: неприфатливо е Турција да го оспорува суверенитетот на Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот канцелар Олаф Шолц кој во средата вечерта пристигна во Атина, а чиј престој денеска започна со посетата на Акропол со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис оцени дека е неприфатливо Турција, како членка на НАТО, да го оспорува суверенитетот на Грција, којa е исто така членка на Aлијансата. „Не е прифатливо еден партнер на НАТО да го оспорува суверенитетот на друг партнер“, рече Шолц во интервју за грчкиот весник „Та неа“. Грција и Турција имаат тензични односи, особено поради разграничувањеto во источниот дел на Средоземното Море. Читать дальше...

Турција и Унгарија се очекува (наскоро) да се согласат за проширување на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Финска и Шведска се поблиску до членството во НАТО со тоа што 28 од 30-те членки на воената алијанса досега ја имаат депонирано ратификацијата за нивното пристапување по гласањата во националните парламенти. Она што сега недостасува е иницирање слични процеси во Унгарија и Турција. Рикард Јозвијак

Министерствата штедат струја со темни ходници

SlobodnaEvropa.mk 

Гасење на светилките и соработка со колегите е рецептот за заштеда на струја од 43% во Министерството за локална самоуправа. Во Правда, до заштеда од 12% стигнаа преку промена на светилките и повеќе ограничувања, додека ЕСМ во септември и без фасада заштеди над 70% со исклучување на греењето.

Седница на српскиот Совет за национална безбедност

SlobodnaEvropa.mk 

Во Белград започна состанокот на Советот за национална безбедност на кој претседава српскиот претседател Александар Вучиќ. Тема на состанокот треба да биде истекот на рокот на Приштина за пререгистрација на возилата во Косово со српски таблички на таблички „РКС“. Пред почетокот на седницата, Вучиќ одржа средба со претставници на Србите од Косово и Метохија, а претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, по средбата на новинарите им изјави дека доколку им се конфискува имотот и табличките на Србите... Читать дальше...

Претседателката на ЕК фон дер Лајен во Тирана и Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска е во посета на Тирана и Приштина како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Таа во средата беше во Скопје, каде што по средбата со премиерот на Димитар Ковачевски, рече дека Северна Македонија ќе добие 80 милиони евра како итна буџетска поддршка за борба против енергетската криза. Скопје ќе добие 80 милиони евра грант од ЕУ за енергетската криза - Фронтекс потпишан на македонски јазик Фон дер Лајен утре ќе ги посети Сараево и Белград... Читать дальше...

Новости России
Москва

Оксана Федорова представит премьеру фильма «Петербург Шаляпина и Рахманинова» на выставке-форуме «Россия»


Руската Дума донесе пакет-закони за забрана на „ЛГБТ пропагандата“

SlobodnaEvropa.mk 

Руската Дума денеска го донесе, во прво читање, законодавниот пакет за забрана на „пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“. Потпретседателот на Думата Петар Толстој рече дека речиси 400 „народни пратеници“ ги потпишале законите, а одлуката што Думата ја донесе ја нарече „очигледна и долгоочекувана“. Тој притоа оцени дека „иднината на Русија е во прашање“. Русија може да ја прошири забраната за „геј пропаганда“ „Ако ја гледаме ЛГБТ пропагандата и одобрувањето како инструменти за хибридна војна... Читать дальше...

Европската комисија ги заостри границите на дозволеното загадување

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија усвои предлози со кои се заоструваат границите на дозволеното загадување за да се осигура дека најштетните загадувачи ќе бидат елиминирани до 2050 година, благодарение на што би можеле да се спасат животите на стотици Илјадници луѓе. Предлозите на Европската комисија се фокусираат врз загадувањето на воздухот и водата и несоодветното отстранување на отпадот, а за да станат обврзувачки, тие мора да бидат усвоени од Европскиот парламент и земјите-членки, што веројатно ќе трае со месеци. Читать дальше...

Најмалку 13 убиени во напад на свето место во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Вооружени напаѓачи нападнаа големо шиитско свето место во иранскиот град Шираз, при што загинаа најмалку 13 лица, а беа ранети десетици, објави државната новинска агенција ИРНА. Напаѓачите пукале во аџиите и персоналот на влезот во џамијата Шах Чераг. ИРНА ги опиша напаѓачите како „такфирски терористи“, ознака што ја користат официјални лица во претежно шиитски муслимански Иран за да ги опишат тврдокорните сунитски исламистички групи. Двајца од тројцата напаѓачи се уапсени, според извештаите, но... Читать дальше...

ГЕРБ: нема потенцијал за создавање парламентарно мнозинство во бугарскиот парламент

SlobodnaEvropa.mk 

По првите консултации со претседателот на Бугарија Румен Радев, ГЕРБ-СДС соопшти дека во моментов не гледаат потенцијал за формирање на владејачко мнозинство околу заеднички принципи и цели. ГЕРБ-СДС се подготвени да обезбедат експерти, без да прецизираат дали станува збор за создавање влада со нивен мандат или експертска влада со мандат на друга парламентарна партија од Народното собрание на Бугарија. Претседателот на Бугарија, Румен Радев, најави дека нема да брза со предавањето на мандатите за формирање работна влада... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала, а на југоистокот со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 19 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 23 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Свёнтек разгромила Кырстю и вышла в 1/8 финала турнира WTA-1000 в Мадриде






Россия будет стремиться преодолеть любые санкции ...

В Москве появились новые электровелосипеды улучшенной модели 2.0

Когда в 2024 году Страстная неделя, церковные и народные традиции на этот период

Эстафета поколений и победителей. В Ульяновске отметили юбилейный праздник спорта