Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Новости за 19.10.2022

Скопје останува без јавен превоз додека се донесе одлука за пари за ЈСП

SlobodnaEvropa.mk 

Скопјани в четврток ќе останат без јавен превоз затоа што возачите на ЈСП не ја добија неисплатената плата. Советот на Град Скопје ја задолжи градоначалничката до петок напладне да достави одлука за прераспределба на градските пари за да се овозможи непречена работа на ЈСП.

Синдикатите на ЈСП-Скопјани утре ќе останат без јавен превоз

SlobodnaEvropa.mk 

Скопјани утре нема да имаат јавен превоз, затоа што репрезентативните синдикати на ЈСП едногласно одлучија да протестираат. Оваа одлука ја донесоа и соопштија за време на паузата од вонредната седница на Советот на Град Скопје каде што во тек е дискусија за финансиските проблеми на јавното претпријатие кое е под „капа“ на градот. Синдикалните лидери пред медиумите изјавија дека до сега во целост ги исполнувале одлуките на Советот на град Скопје во услови на нерентабилност, и дека 60 проценти од нашите корисници користат бесплатен превоз... Читать дальше...

Влада-ЕСМ ќе склучи договор со скопската топлана Север

SlobodnaEvropa.mk 

Решен е проблемот со топланата „Скопје Север“, соопшти владината прес служба по денешната владина седница. На седницата е донесена одлука со која АД „Електрани на Северна Македонија“  се задолжува да склучи договор со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје. Со овој договор се предвидува регулирање на сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје, се вели во владиното соопштение. Многу преговори за енергија, а гас и струја уште нема „Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година... Читать дальше...

ВМРО- ДПМНЕ поднесе интерпелација за претседателка на собраниска комисија поради уставните судии

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска поради процедурата за избор на уставни судии. Барањето, како што посочија од партијата, се поднесува затоа што Георгиевска неделовнички и неуставно на сè уште незавршена точка на дневен ред и незавршена комисија поднела парцијален извештај до претседателот на Собранието, Талат Џафери за избор на уставните судии. „Ние видовме вчера дека претседателката на Комисијата за избори и именувања... Читать дальше...

Канада ќе биде домаќин на состанок на министерки за ситуацијата во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Канада соопшти дека на 20 октомври ќе биде домаќин на онлајн состанок на светските министерки за надворешни работи на кој ќе се разговара за актуелните немири во Иран, кои беа предизвикани од смртта на една млада жена која беше во полициски притвор поради „неправилно“ носење хиџаб. Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли  изјави дека дека тоа ќе им даде можност на министрите „директно“ да слушнат од жените од иранско наследство и да разговараат за „тешката состојба“ на женските и човековите права во Иран во средината. Читать дальше...

Ескобар во Приштина на средба со косовските лидери

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави  за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Приштина ја повтори американската поддршка за членството на Косово во евроатлантските институции. Посетата на Ескобар на Косово доаѓа во време кога во јавноста се зборува за „француско-германскиот“ предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. „Горд сум што можам да кажам дека Косово придонесе многу за нашата заедничка агенда“, изјави Ескобар по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи. Читать дальше...

Многу преговори за енергија, а гас и струја уште нема

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од месец и половина владата се обидува да купи гас и струја од земјите од регионот, во услови на енормно високи цени на светските берзи. Посетите на Србија, Бугарија и Турција засега не вродија со плод, обезбеден е само јаглен и мазут од Грција.

Вработените во ЈСП бараат плати, раководството и Град Скопје ја обвинуваат Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Вработените во ЈСП не добиле плата за септември и се пред штрајк. Од раководството на ЈСП и од Град Скопје кои се надлежни велат дека за тоа е виновна Владата која на претпријатието му должи речиси 2 милони евра, долг што Владата го негира. Долгови кон ЈСП имаат и други општини.



Ескобар во Приштина на средби со државниот врв и опозицијата

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот пратеник на Соединетите држави за косовско-српскиот дијалог, Габриел Ескобар престојува во Косово, каде што, освен со челниците на државните институции, ќе се сретне и со опозициските лидери. Косовските медиуми вчера објавија дека Ескобар ќе има заедничка средба со лидерите на трите најголеми опозициски партии, Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово, односно со Мемли Красниќи, Љумир Абдиџику и Рамуш Харадинај. Според најавите... Читать дальше...

(Не)грижата за јазикот е нашиот идентитет

SlobodnaEvropa.mk 

Нема вработувања во институциите кои треба да го чуваат и негуваат македонскиот јазик. Тоа е само еден аспект од институционалната (не)грижа за мајчиниот јазик. Професори по македонски јазик и литература апелираат за поголеми вложувања во учење и истражувања на јазичните прашања, за да покажеме дека јазикот е нашиот идентитет.

Собранието ја продолжува расправата за избор на уставни судии

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска треба да ја продолжи 88. седница со дебата за избор на Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за челнови на Уставниот суд. Дебатата по ова точка траеше до доцна синоќа, а на седницата зборуваа, главно, пратениците од опозицијата, според кои, ваквиот начин на избор на уставните судии ќе предизвика уставна криза во земјата. Пратеникот од владејачкото мнозинство Панчо Минов истакна дека народните избраници мора да изберат уставни судии и не смеат да дозволат Уставниот суд да не биде функционален. Читать дальше...

Северна Кореја истрела артилериски гранати како предупредување до Јужна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја денеска истрела 100 артилериски гранати од нејзиниот западен брег, соопшти војската на Јужна Кореја, само неколку часа откако лансираше стотици гранати во морето во близина на нејзиниот источен и западен брег во, како што го нарече, сериозно предупредување до Јужна Кореја. Северна Кореја врши тестови на оружје со невидено темпо оваа година, истрелувајќи балистички ракети. Северна Кореја истрела проектил, нејзини воени авиони во близина на границата Во понеделникот, јужнокорејските... Читать дальше...

ЈСП Скопје на протест пред Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Вработените во ЈСП Скопје денеска, како што е најавено, ќе протестираат пред владината зграда поради неисплатени плати. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече дека автобусите на ЈСП ќе се постават пред сите институции и ќе блокираат сообраќај, се додека државата не го исплати долгот кој го има кон ЈСП. Генереланиот секретар при Град Скопје Зоран Глигоров вчера изјави дека поради тоа што Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието од денеска ќе започне... Читать дальше...

Во Брисел трипартитен социјален самит на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Главната тема на денешниот трипартитен социјален самит ќе биде „Справување со енергетската криза и кризата со трошоците за живот: Како да се заштитат економијата, бизнисите и работниците“. Учесниците ќе разговараат за проценка на влијанието на војната врз актуелната социо-економска состојба, мерки за справување со енергетската криза и за економска и социјална поддршка за справување со кризата со трошоците за живот. ЕУ подготвува „поширок пакет за спас“ од енергетската криза Трипартитниот социјален... Читать дальше...

Шефицата на УНМИК: Потребно е поконструктивно вклучување на Белград и Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), Каролин Зијаде на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека итно е потребен поактивен и поконструктивен ангажман на Белград и Приштина во дијалогот. За време на разгледувањето на новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, Зијаде рече дека „ги потсетува двете страни на потребата целосно да се почитуваат сите претходно преземени и ратификувани обврски во рамките на дијалогот под покровителство на ЕУ“. Читать дальше...

Времето денеска: претежно сончево

SlobodnaEvropa.mk 

Наутро студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Дневната температура ќе се движи од 18 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 23 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Потапова проиграла Фернандес во втором круге турнира WTA в Мадриде






В Сосновом бору в Москве обнаружены человеческие кости

Подмосковный нарколог объяснил опасность шашлыка с алкоголем

Сергей Собянин анонсировал гуляния в Москве на Пасху на десятках площадок

В Москве открылась выставка фотографий «Магия природы»