Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Новости за 02.10.2022

Во изборната ноќ, високиот претставник во БиХ донесе измени во Изборниот закон и Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит донесе ненајавени измени на изборниот закон поврзани со структурата и функционирањето на Домот на народите на Парламентот на Федерацијата БиХ. Со нив се зголемува бројот на делегати во Домот на народите на Парламентот на ентитетот Федерација на БиХ (ФБиХ), со цел да се подобри функционалноста на овој ентитет и за обезбедување навремено спроведување на резултатите од изборите одржани денеска. Одлуката за Домот на народите на ФБиХ... Читать дальше...

Екс-премиерот Борисов победува на изборите во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Над 6,6 милиони граѓани имаа можност да гласаат на вонредните парламентарни избори во Бугарија, каде според излезните анкети, излегле најмалку 30% од нив. Води партијата Герб на Бојко Борисов со околу 25% од гласовите, по што следи ПП на Кирил Петков со околу 19% освоени гласови.

Излезните анкети покажуваат дека ГЕРБ победува на изборите во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Излезната анкета на агенцијата Галуп покажа дека ГЕРБ-СДС добила 24,6 отсто од гласовите на вонредните парламентарни избори во Бугарија, кои се четврти по ред во изминатите 18 месеци.  Според оваа анкета втори се „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со резултат од 18,9 отсто од гласовите. На третото место е Движењето за права и слободи(ДПС) кои добиваат 14,8 отсто. На четврта позиција е БСП со 10,9 проценти по што следат националистичките „Преродба“ (10,1%), „Демократска... Читать дальше...

Ристо Пенов е изборот на ЛДП за нов министер за локална самоуправа

SlobodnaEvropa.mk 

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифати предлогот Ристо Пенов да биде наследник на Горан Милевски на местото министер за локална самоуправа, откако тој даде оставка од ова место и најави повлекување од лидерското место во партијата.  „Централниот одбор се заблагодари на досегашниот ангажман на Милевски, на успешното менаџирање со Министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата“, соопштија од партијата. Прва оставка во Владата на Ковачевски Министерот за... Читать дальше...

ВМРО ДПМНЕ ја објави аферата „Броило“, СДСМ негира дека е вмешан премиерот Ковачевски

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, Миле Лефков ја објави т.н. афера „Броило“, во која тврди дека премиерот Димитар Ковачевски се здружил со неговиот кум Горанчо Паунов за преку фирмата Пиксел груп да инкасираат милиони евра преку монопол на пазарот со фотоволтаични панели. Од СДСМ ги негираа овие информации и велат дека премиерот не е дел од сопствеништвото на компанијата.  Лефков најави дека во периодот кој следува ќе откријат детали како во „Броило“ фирми блиски... Читать дальше...

Полицијата го пронајде телото на Ердон Рамадани, 22-годишникот што со автомобил излета во Вардар

SlobodnaEvropa.mk 

Идентификувано е телото кое претпладнево беше пронајдено во водите на реката Вардар. Се работи за Ердон Рамадани, 22 - годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил фолксваген голф излета од автопатот во реката Вардар, од мост кај селото Желино. „По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото“, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Читать дальше...

Радев вели дека Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Македонија, согласно ЕУ правилата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека Бугарија е подготвена да го зголеми својот извоз во Македонија, во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство и интересот на бугарските граѓани и бизниси. Тој додаде дека вчера, заедно со македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговарале за можностите ЕУ финансиски да ги поддржи можностите на Северна Македонија за да се избегне евентуална... Читать дальше...

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Централните банки да се фокусираат на одржување ценовна стабилност

SlobodnaEvropa.mk 

Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на среднорочната ценовна стабилност, што бара нормализирање на монетарната политика, смета гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска при што додава дека при нормализирањето на монетарната политика овие банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем. Славески -  Со повисоки камати да се скрши 'рбетот на инфлацијата Ставот... Читать дальше...

Славески -  Со повисоки камати да се скрши 'рбетот на инфлацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Оваа состојба на релативно ниски каматни стапки значи дека, штедачите плаќаат еден висок инфлациски данок. Ако имате заштедено 1000 денари, за една година губите 15 проценти од вредноста, тие 1000 денари после година дена ви вредат 850 денари вели професор Трајко Славески, кој е и претседател на Совет на Град Скопје.

Топло утро со сонце и ветер, најмногу дожд наврна на Маврово

SlobodnaEvropa.mk 

Утринските температури во целата држава се над нулата, а топло е и на планинските предели, соопштија денеска од УХМР.  За денеска предвидуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени, а во Скопје до 24 степени. Локални врнежи од дожд ќе има утре, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, најавуваат од УХМР. Читать дальше...

Славески - Барањето излез од кризата е како одење по жица

SlobodnaEvropa.mk 

Она што секој здраворазумски би го препорачал е штедење, а од друга страна растат повиците до владата за поддршка на граѓаните и бизнисот за излез од кризата што претстои на енергетски план. Треба како „одејќи по жица“ да се бара најмалото зло, вели прфоесор Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

Стампедо по фудбалски натпревар во Индонезија однесе стотици животи

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на загинати во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија се искачи на 174, од кои повеќето беа прегазени до смрт откако полицијата употреби солзавец за да ги разбие немирите во саботата, што го прави еден од најсмртоносните спортски настани во светот. Немирите избувнаа откако натпреварот заврши во саботата навечер кога домаќинот Арема ФК од градот Маланг во Источна Јава загуби од Персебаја од Сурабаја со 3-2. Заменик увернерот на Источна Јава, Емил Дардак за локалните медиуми изјави дека бројот на загинати се искачи на 174... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Медведев остался лучшим среди россиян в обновлённом рейтинге ATP, Рублёв — восьмой






Биолог Лосев рассказал, как клетки организма защищаются от вирусов

Самарские педагоги смогут принять участие в Форуме классных руководителей в Москве

Медсестра из Волгограда выиграла в «Жилищную лотерею» 8 миллионов на квартиру

Большая вода паводка-2024 выявила множество проблем в России