Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Новости за 26.10.2022

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски  вели дека не треба да се брза во процесот на уставни измени за вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот затоа што има 14 месеци до завршувањето на процесот на скрининг. Според него до тогаш има доволно време за да детектира и поправи нешто во однос на потребните реформи, а кога тој процес ќе биде при крај, тогаш да се види дали се има потребното двотретинско мнозинство. „По мене суштински е во тој процес да не се оди со главата нанапред без да се мисли каде евентуално може да удриме. Читать дальше...

Скопје ќе добие 80 милиони евра грант од ЕУ за енергетската криза - Фронтекс потпишан на македонски јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Европски грант од 80 милиони евра за Северна Македонија и 500 милиони евра за регионот најави претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во Скопје на првата станица од нејзината балканска турнеја. Договорот меѓу ЕУ и Северна Македонија потпишан на македонски јазик.

Фотограф од тимот на Навални осуден на затворска казна

SlobodnaEvropa.mk 

На 30 месеци затвор е осуден соработникот на затворениот руски опозиционер Алексеј Навални, фотографот Руслан Ахметшин. Судот во рускиот град Архангелск ја донесе пресудата денеска по обвинението за рехабилитација на нацизмот. На рускиот критичар Навални му се заканува нова казна затвор Обвинението против Ахметшин произлезе од неговата онлајн објава за договорот од 1939 година меѓу Советскиот Сојуз и нацистичка Германија за поделба на Полска меѓу двете земји што доведе до почетокот на Втората светска војна. Читать дальше...

МВР- Лажна дојава за бомба во скопски училишта

SlobodnaEvropa.mk 

Лажна е дојава за поставени бомби во скопските училишта, вели портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за Телма. Тој изјави дека полицијата излегла на терен и досега ги проверила поголемиот дел од училиштата за каде што им пристигнала дојава дека била поставена бомба. Тој објасни дека дојава имало за 8 скопски училишта и дека во нив е спроведена евакуација на учениците по што антитерористичките екипи спровеле проверка. Заканувачот првин испратил електронска пошта во пет средни училишта во Скопје. Читать дальше...

Лекари од КАРИЛ сведоци во суд за убиството на ракометарот Тот

SlobodnaEvropa.mk 

Лекарите од Клиниката за анестезија, реанимација и интезивно лекување беа дел од сведоците на денешното судско рочиште за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. Лекарката Маја Мојсова Миовска во судницата изјави дека дури и да ја знаеле повредата на ‘рбетниот мозок, курсот на лекување ќе останел ист. Таа смета дека причина за смртта генерално е престанок на работа на срцето или на дишењето. „За жал ние сме анестезиолози... Читать дальше...

Закани за поставени бомби во 5 училишта во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Во 5 училишта во Скопје на нивни електронски адреси, претпладнето биле испратени закани за поставени бомби, соопштија од МВР, од каде се наведува дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот. Неофицијално иста електронска порака била пратена во средните училишта „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Ковачевски – Вучиќ – Рама: „Отворен Балкан“ дава резултати

SlobodnaEvropa.mk 

„Отворен Балкан“ e препознаен како позитивна регионална иницијатива која веќе дава конкретни резултати за компаниите и за граѓаните кога се во прашање европските слободи за движење на луѓе, услуги и стоки, констатираа на денешниот онлајн состанок премиерот Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, во пресрет на одржувањето на Самитот за Берлинскиот процес, што ќе се одржи на почетокот на ноември во Берлин. На состанокот тројцата лидери се договорија... Читать дальше...

Опциите на ЕУ за избегнување на енергетската криза поврзана со гасот

SlobodnaEvropa.mk 

Необјаснетите оштетувања на гасоводите „Северен тек“ што минуваат под Балтичкото Море ги урнаа надежите дека протокот на руски гас до Европа ќе продолжи и оти ќе биде избегната енергетската криза оваа зима. ЕУ пак, работи на тоа целосно да се оттргне од зависноста од руски гас.



Медијатор за решавање на проблемот во скопски „Водовод“?

SlobodnaEvropa.mk 

По вчерашната најава на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека ќе побара од Министерството за труд и социјала лице да се јави во улога на помирувач за да се изнајде решение во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека доколку од ССМ достават барање за медијација, МТСП ќе одреди медијатор кој што ќе се обиде да го реши проблемот преку медијација. „Доколку ССМ достават барање за медијација, секако дека ќе постапиме согласно Законот и ќе одредиме медијатор... Читать дальше...

Нередовно читање на струјомерите - повисоки сметки

SlobodnaEvropa.mk 

Голем број на граѓани се жалат дека поради нередовно отчитување на струјомерите од страна на ЕВН, по неколку месеци добиваат висока сметка и автоматски влегуваат во најскапата тарифа за струја. ЕВН тврди секој месец се читаат броилата. До народниот правобранител секојдневно стигаат поплаки.

Кина почна да користи вакцина против коронавирусот која се вдишува

SlobodnaEvropa.mk 

Во Шангај денеска почна да се користи првата вдишлива вакцина против коронавирусот, а таа ќе биде бесплатна засилена доза за луѓето кои веќе се вакцинирани, се вели во соопштението на кинеските здравствени власти. Вакцинацијата против коронавирусот не е задолжителна во Кина, но властите сакаат што е можно повеќе луѓе да добиваат дополнителни дози пред да се олеснат строгите ограничувања, бидејќи мерките за борба против пандемијата ја забавуваат економијата во време кога остатокот од светот го укина најголемиот дел од мерки. Читать дальше...

Иранците и пркосат на репресијата по повод 40 дена од смртта на Махса Амини

SlobodnaEvropa.mk 

Иранците се собраа на гробот на Махса Амини за да одбележат 40 дена од нејзината смрт и покрај предупредувањата на властите, додека националните протести продолжуваат. 22-годишната Амини почина во полициски притвор во Техеран на 16 септември, откако беше уапсена три дена претходно за „неправилно“ носење задолжителна исламска шамија или хиџаб. Нејзината смрт, за која властите велат дека била предизвикана од срцев удар, поттикна бран антивладини протести ширум земјата. Групата за заштита на човековите права во Иран со седиште во Осло... Читать дальше...

САД, Јапонија и Јужна Кореја ветија „неспоредлив“ одговор доколку Северна Кореја изврши нуклеарен тест

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави, Јапонија и Јужна Кореја во средата предупредија дека „неспоредливо“ ниво на одговор ќе биде оправдано доколку Северна Кореја изврши седма проба на нуклеарна бомба. Вашингтон и неговите сојузници веруваат дека Северна Кореја би можела да продолжи со тестирање нуклеарни бомби за прв пат од 2017 година. „Се согласивме дека ќе биде неопходен неспоредлив размер на одговор доколку Северна Кореја продолжи со седма нуклеарна проба“, рече првиот заменик-министер за надворешни работи на Јужна Кореја... Читать дальше...

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич во посета на Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска престојува во посета на Северна Македонија. Пич ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на премиерот Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Пич... Читать дальше...

Министерот Бесими во работна посета на Брисел, на средби со еврокомесарите Хан и Џентилони

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе престојува во работна посeта на Брисел, каде што ќе оствари средби сo еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Посетата, како што информира Министерството за финансии, е во пресрет на активностите на Министерството за финансии за подготвување на најзначајните документи – Буџетот за 2023 година, Програмата за економски реформи, во која се утврдуваат реформите што се преземаат во наредниот период... Читать дальше...

Времето денеска: претежно сончево и релативно топло

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 20 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 24 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Анастасия Павлюченкова

Андреева, Павлюченкова и Касаткина вышли в 3-й круг «Мастерса» в Мадриде, Александрова и Калинская вылетели






Более тысячи человек посетили субботник у реки в Химках

Суд арестовал бывшего подчиненного экс-замглавы Минобороны Иванова за растрату

Тупорылая акула вцепилась в живот 64-летнему туристу у острова Тобаго

Подмосковье выделило 45 миллиардов рублей на поддержку многодетных семей