Екс-премиерот Борисов победува на изборите во Бугарија
Над 6,6 милиони граѓани имаа можност да гласаат на вонредните парламентарни избори во Бугарија, каде според излезните анкети, излегле најмалку 30% од нив. Води партијата Герб на Бојко Борисов со околу 25% од гласовите, по што следи ПП на Кирил Петков со околу 19% освоени гласови.