Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Можни нови избори во Бугарија

0
Можни нови избори во Бугарија

Бугарија би можела да биде принудена на нови избори, откако победничката партија од десниот центар ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов не успеа да формира коалиција која има мнозинство во Парламентот, неколку дена по четвртите избори во само 18 месеци.

Шефот на партијата Продолжуваме со промената Кирил Петков денеска изјави дека неговиот центристички прозападен изборен сојуз не е заинтересиран за коалиција со Борисов.

Повеќето други партии уште претходно отфрлија разговори за соработка со Борисов, кој помина три бурни мандати на чело на владата од 2009 до 2021 година.

Борисов и неговата партија ГЕРБ беа мета на широко распространети обвинувања за корупција, но неодамна вети дека ќе организира „евроатлантска“ влада, со или без него како премиер.

Петков беше премиер од декември до август годинава, главно благодарејќи на силното противење на другите партии Борисов повторно да седне на премиерското столче.

Петков рече дека негова идеја е евроатлантска влада, која ги поддржува ЕУ и НАТО, „без корупција“.

Неговиот колидер на Продолжуваме со промената, Асен Василев, претходно рече дека нема да одат на разговори со ГЕРБ, но дека ќе бидат конструктивна опозиција која нема да го попречува формирањето влада.

Бугарите на 2 октомври гласаа на четвртите по ред парламентарни избори во само 18 месеци. На изборите победи ГЕРБ со околу 25 отсто од гласовите, односно 67 пратеници во Народното собрание со 240 пратеници, додека Продолжуваме со промената го освои второто место со нешто повеќе од 20 отсто од гласовите и 53 пратенички места.

Борисов бара разговори за коалиција по победата на изборите

Државата со скоро 7 милиони луѓе е во политички ќорсокак од 2020 година, кога ја потресоа големи протести поради незадоволството на јавноста од повеќегодишната корупција. Голем дел од незадоволството беше насочено против Борисов и неговата партија ГЕРБ.

Партијата Бугарски подем, наизглед проруска партија, која овој месец освои 12 пратенички места, е единствена партија чиј лидер изрази спремност да влезе во коалициски преговори со ГЕРБ.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Хачанов победил Шевченко во втором круге турнира ATP в Риме






Пролетела 12 этажей: детали гибели девочки в вентиляционной шахте в Москве

Лобби с фонтаном и предметами искусства появится в «Дом Дау»

Жильё по программе реновации на западе Москвы получат 40 тысяч человек

В Подмосковье стартовал межрегиональный этап чемпионата «Профессионалы»