Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност
Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Дневната температура ќе се движи од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 22 степена.