Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Петмина француски државјани притворени во Иран

0
Петмина француски државјани притворени во Иран

Пет француски државјани се притворени во Иран, изјави француската министерка за надворешни работи Катрин Колона за француското радио на 11 октомври, откако Париз минатата недела соопшти дека проверува дали петтиот француски државјанин бил уапсен за време на протестите во Иран.

Франција минатата недела ги повика своите граѓани да го напуштат Иран што е можно поскоро, велејќи дека се изложени на ризик од произволни притворања.

Во текот на минатиот месец во Иран избувнаа протести по смртта на 22-годишна жена.

Махса Амини почина додека беше во притвор на иранската полиција за морал, откако беше уапсена поради „неправилно“ носење хиџаб, задолжителна марама за жените во Иран при појавување во јавност.

Иран ги повика странските посетители да го почитуваат законот

Иран ги обвини надворешните сили за поттикнување на протестите, без да приложи докази за да го поткрепи таквото тврдење.

На 6 октомври, државната новинска агенција ИРНА објави видео на кое се гледаат двајца француски државјани, Сесил Колер и Жак Парис, како „признаваат“ дека се шпиони и поттикнуваат немири во Иран.

Франција го нарече видеото „срамно“. Колер и Парис беа уапсени на почетокот на мај во Техеран додека таму биле на одмор. Иранските власти не понудија јавен доказ за поддршка на обвинувањата за шпионирање.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Анастасия Потапова вышла во второй круг турнира WTA-1000 в Риме






Первым заместителем Главы Самары стала Елена Атанова

Пензенские регбистки выиграли первенство России

Валерий Герасимов продолжит возглавлять Генштаб ВС России

Школу для 1,2 тысячи учеников построят в Балашихе