Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Советот на ЕУ го потпиша договорот со Северна Македонија за соработка со Фронтекс

0
Советот на ЕУ го потпиша договорот со Северна Македонија за соработка со Фронтекс

Советот на Европската унија (ЕУ) денеска ја усвои одлуката за потпишување на договорот за гранично управување (Фронтекс) меѓу ЕУ и Северна Македонија. Договорот сега треба да биде одобрен од страна на Европскиот Парламент.

Како што јавува новинската агенција МИА, декларацијата е усвоена со употреба на формулцијата македонски јазик како што е случај за сите други земји од регионот кои имаат договор со агенцијата Фронтекс. 

Досега овој договор беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на зборовите македонски јазик. 

Вулин: Ќе го зголемиме бројот на луѓе на границата со Северна Македонија поради мигрантите

Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракушан, ја поздрави одлуката на Советот, истакнувајќи дека ЕУ и Западен Балкан се соочуваат со заеднички миграциски предизвици и единствен начин да се решат е преку заедничко делување.

„Договорот со Северна Македонија е важен чекор во оваа блиска соработка. Ќе му овозможи на Фронтекс да пружа конкретна поддршка на терен, во корист и на Северна Македонија и на ЕУ, изјави тој.

Европскиот Парламент треба во најбрз можен рок да даде зелено светло за да може и официјално Скопје и Брисел да го потпишат договорот на 20 октомври.

Откако ќе стапи на сила Фронтекс ќе може да биде повеќе инволвиран во управувањето со границите во Северна Македонија во однос на миграциските текови и борбата против “илегалната миграција“. 

ЕУ смета дека зајакнувањето на контролите на македонските граници ќе помогне да се подобри безбедноста на границите на ЕУ.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Новак Джокович

Первая ракета мира Джокович получил бутылкой по голове после матча в Риме






Патриотическая акция «Вальс победы» прошла в Лобне

«Фонтанка»: 19-летний москвич спасал пассажиров тонущего в Мойке автобуса

Спортсменка из Бурятии стала чемпионкой России по боксу

Без солнца. Эксперт объяснила, почему даже летом не хватает витамина D