Хорот на 11 Октомври, во партизанската песна „А бре, Македонче“, наместо познатиот во јавноста стих „клетите фашисти“ отпеа „душманите клети“. Власта вели дека се работи за стар аранжман, но во јавноста има критики затоа што не е првпат да се менуваат делови од песни кои се спорни за Бугарија.