Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Грција ја обвинува Турција, пуштила 92 мигранти голи да преминат територија

0
Грција ја обвинува Турција, пуштила 92 мигранти голи да преминат територија

Вкупно 92 мигранти целосно голи и без никаква опрема, вчера биле спасени на брегот на реката Еврос, од припадници на грчката граничната полиција во соработка со Фронтекс, соопштија од Министерството за цивилна заштита на Грција и додадоа дека „Турција продолжува со инструментализацијата на мигрантите“ и дека „провокацијата ги надмина сите граници“..

Според надлежното Министерство, мигрантите биле оставени на брегот, а рекле дека на грчка територија стигнале со пластични чамци.

„Луѓето, како што самите ѝ изјавија на грчката полиција, со три возила на турските власти биле пренесени до Еврос, а потоа се качиле во пластични чамци за да преминат на грчка страна, соопштија од Министерството.

Додадоа дека во исто време кога Грција „ефикасно ги штити своите граници, покажувајќи почит кон човечкиот живот, Турција продолжува да го игнорира не само меѓународното право, туку и основното човечко однесување“.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис на неговиот официјален Твитер профил коментираше дека „однесувањето на Турција е срам за цивилизацијата“.

Пронајдени седум тела на мигранти по бродоломот кај грчкиот остров Китира

„Очекуваме Анкара да го истражи инцидентот и конечно да ги заштити нејзините граници со ЕУ, напиша Митаракис на Твитер.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Ангеліна Калініна поступилася восьмій ракетці світу Саккарі на турнірі WTA 1000 у Римі: результат






Дмитрий Бикбаев готовит премьеру театрального проекта, основанного на личных переживаниях

Клава Кока споет на Всемирных играх дружбы в Екатеринбурге

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

«Умираем, хотим русских». Закончив войну, горцы в Азии ждут туристов из РФ