Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Османи- Мислам дека Груби е унапреден во ДУИ

0
Османи- Мислам дека Груби е унапреден во ДУИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека смета оти вчерашните насловите во медиумите биле погрешни, дека некој бил сменет во ДУИ. Тој вели дека не е не е вистина оти некој од министрите на ДУИ се сменети од партиските функции, туку само е избрано ново раководство. 

Груби сменет од партиската функција, изборите во ДУИ ги доби „Огнената група“

Генералниот совет на партијата донесе одлука за нови членови на централното претседателство туку и генералните секретари, одговори Османи на прашањето дали се сменети односите во партијата по смената на вицепремиерот Артан Груби од партиската функција организациски секретар.  

„Дури мислам дека Артан Груби е унапреден во ова централно претседателство бидејќи е член на ова централно претседателство. Односите се добри. Пак ќе кажам политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати,“ објаснува Османи на новинарските прашања за вчерашниот вонреден состанок во ДУИ на кој беше избрано ново раководство.

Ахмети- Во ДУИ нема незадоволство

Поранешниот министер за правда и актуелен градоначалник на Сарај Блерим Беџети е избран за организациски секретар на местото на вицепремиерот Артан Груби, додека Фатон Ахмети е избран за генерален секретар, а за прв пат е избран и секретар за еднакви можности, позиција која и е доделена на Саранда Имери.

За потпретседатели на партијата избрани се поранешниот градоначалник на Чаир и актуелен пратеник Изет Меџити. Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми и натаму останува на својата позиција како потпретседател, а како нови се избрани Бајрам Реџепи кој директорува со Македонски енергетски ресурси и актуелната пратеничка Арбана Пашоли.

Претседателот Ахмети за членови на Надзорниот совет ги предложи Муса Џафери, Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи.

Османи коментирајќи ги вчерашните случувања, проблемите во партијата ги спореди со проблеми во семејството, истакнувајќи дека лидерот на ДУИ Али Ахмети воспоставил нов модел за обновување на партската организација.

„Али Ахмети е незаменлив како лидер на партијата, тоа е без дилема “ изјави кусо Османи.

Османи очекува нова енергија во партијата да донесат „старите кадри “ кои и претходно беа дел од раководството на партијата. Дел од новите членови на раководството на партијата се потписници на отвореното писмо објавено на 24 септември од „Огнената група“ во која се бараа јавно реформи и измени во работата на актуелното партиско раководство. Групата јавно бараше одговорност од вицепремиерот Артан Груби и отчет од останатите министри на ДУИ.

„Во ДУИ речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски органи. Како последица на ова, политичкото одлучување стана индивидуална сопственост. Нема дебата и консултација со партиските бази. Кадровските избори се претворија во привилегија на поединецот Артан Груби“, се наведуваше меѓу другото во писмото.

Потписниците посочуваа дека „арогантното однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвикало незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Рафаэль Надаль

Рафаэль Надаль первым в истории тенниса выиграл 200 матчей на грунтовых «Мастерсах»






Свыше 300 человек погибли в результате наводнения в Афганистане

Школьница потеряла палец после поездки в лифте в Москве

Результаты «Бокс Забега», прошедшего 11 мая в Челябинске. Ринас Ахмадеев финишировал вторым

В Ростовской области ищут 54-летнего жителя Кубани