Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Фијала: опаѓа илегалната миграција од балканската рута

0
Фијала: опаѓа илегалната миграција од балканската рута

Чешкиот премиер Петр Фијала денеска изјави дека граничните контроли меѓу неговата земја и Словачка, како и мерките преземени од другите членки на Европската унија, успеале да ја намалат илегалната миграција што доаѓа во Чешка речиси исклучиво преку балканската рута.

Чешка повторно воведe гранични проверки поради новиот мигрантски бран

„Најтешката мерка за нас беше што ги обновивме контролите на државната граница со Словачка. Тоа е мерка која функционира и предизвика реакција и кај другите земји. Илегалната миграција се намалува, ги натеравме да се откажат, а приведовме многу шверцери на луѓе и организатори на илегална миграција“, изјави Фијала на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи Вито Ракушан. Тој истакна дека е благодарен и за навремената реакција на европско ниво.

Чешка бара да се разгледа суспензијата на безвизниот режим за Србија и Албанија

Министрите за внатрешни работи на Европската унија како на една од мерките гледаат усогласување на визната политика на земјите на балканската рута, пред се на Србија и Албанија. Ракушан, кој е министер за внатрешни работи на земјата претседавач со ЕУ, за време на викендот повторно ја спомена можноста за воведување визи за граѓаните на Србија, како навистина последна опција на многу мерки доколку сето останато не успее. Експертите за миграција, сепак, предупредуваат дека усогласувањето на визната политика во земјите соседни на ЕУ и на Западен Балкан е само краткорочна мерка и дека Унијата мора да започне со реформа на политиката за азил.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович вышла в третий раунд турнира WTA-1000 в Риме






«СВЯТОЙ ЛЕНИН» помогает Государственной Думе РФ оптимизировать налоговую сферу. «СВЯТОЙ кибер ЛЕНИН» удаляет налоги: перезагрузка.

Скончался актер и каскадер из «Место встречи изменить нельзя»

Дептранс рассказал о правилах перевозки животных в каршеринге

В Ростовской области сильно вырос спрос на медсестер и медбратьев