Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Влада-ЕСМ ќе склучи договор со скопската топлана Север

0
Влада-ЕСМ ќе склучи договор со скопската топлана Север

Решен е проблемот со топланата „Скопје Север“, соопшти владината прес служба по денешната владина седница. На седницата е донесена одлука со која АД „Електрани на Северна Македонија“  се задолжува да склучи договор со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје. Со овој договор се предвидува регулирање на сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје, се вели во владиното соопштение.

Многу преговори за енергија, а гас и струја уште нема

„Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ – Скопје“, се вели во соопштението од Владата.

„Непотребно малтретирање“ - скопјани ги менуваат договорите за парното

На денешната владина седница усвоени се и одлуки за доделување средства за финансирање проекти за плански региони за годинава со индикативно планирани средства за 2023 година, предложени од Министерството за локална самоуправа. 

Грејната сезона започна на 15 октомври, а треба да трае до средината на април, под исти услови како и досега. АД ЕСМ доби лиценцата за производство на топлинска енергија ја доби до 30 април 2023 година, доека лиценците за дистрибуција и снабдување на максималниот рок, 35 и 10 години.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко испытала проблемы после снятия Рыбакиной с турнира в Риме






Сотрудники спецподразделений Росгвардии провели тематические мероприятия для детей в Подмосковье

В Москве пройдет ESG-форум "Три кита национальной повестки"

«Средняя по городу»: Лев Лещенко рассказал о своей пенсии

В Москве состоится премьера спектакля "Я люблю тебя, папа" о связи поколений