Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес

0
Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес

Министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес денеска ќе се сретнат во Берлин на поканата на германската министерка Ненси Фесер, како дел од подготовките за самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во главниот град на Германија на 3 ноември. Главните теми на средбата на министрите задолжени за внатрешни работи ќе биде илегална миграција, борба против корупцијата и организираниот криминал и третман на повратниците од областа под контрола на џихадистите, соопшти германското МВР.

Чешка бара да се разгледа суспензијата на безвизниот режим за Србија и Албанија

Поканети се министрите на Австрија, Бугарија, Франција, Грција, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка и Велика Британија, како и претставници од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. На состанокот во Берлин ќе присуствуваат претставници на Европската унија, меѓу кои и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и претставници на меѓународни организации. Берлинскиот процес беше инициран во 2014 година од страна на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел како продолжение на претходните Конференции за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во Европската Унија. Иницијативата главно се фокусира врз решавање на билатералните и внатрешните проблеми во регионот и подобрување на економската соработка, која би била основа на одржливиот развој на регионот.

Советот на ЕУ го потпиша договорот со Северна Македонија за соработка со Фронтекс

Како дел од Берлинскиот процес, секоја година се одржуваат самит и серија последователни состаноци. Годинава, покрај утрешната средба на министрите за внатрешни работи, на 21 октомври е планирана и средба на шефовите на дипломатиите на земјите учеснички, а на 24 октомври на министрите за енергетика. Самитот на шефови на држави или влади ќе се одржи на 3 ноември, се наведува на веб-страницата на Берлинскиот процес. Првично, берлинскиот процес требаше да трае до 2018 година, кога се одржа самитот во Лондон, но земјите учеснички одлучија средбите да продолжат во тој формат.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Уимблдон

Медведев рассказал, как ударился головой перед матчем с Уиллисом на Уимблдоне в 2016 году






МЧС: в Архангельске горит теплоход "М. В. Ломоносов", он находится на ремонте

Гендиректор «Динамо» Пивоваров высказался о проведении Братского кубка летом

«Бессмертный автополк». В Кирове росгвардейцы поддержали всероссийскую патриотическую акцию

В Самарской области сотрудники транспортной полиции задержали пассажира поезда с особо крупной партией наркотиков