Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Косовскиот премиер Курти на средба опозициски лидери

0
Косовскиот премиер Курти на средба опозициски лидери

Косовскиот премиер Албин Курти за денеска ги покани на средба лидерите на најголемите парламентарни опозициски партии. Информацијата ја објави службата за информирање на Владата на Косово, без да даде детали за темата за која премиерот сака да разговара со опозицијата и единствено се наведува дека средбата би се одржала напладне во кабинетот на Курти. Од Алијансата за иднината на Косово (ААК) одговорија дека лидерот на таа партија, поранешниот премиер Рамуш Харадинај ќе присуствува на средбата, додека од Демократската партија на Косово (ПДК) на Мемли Красниќи изјавија дека ќе одговорат на поканата откако Курти ќе даде појаснувања за темата за која ќе се разговара. Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ја одби поканата на премиерот Курти за средба со лидерите на опозициските партии.

Ескобар: Побаравме одлуката за табличките да се одложи за десет месеци

И покрај тоа што не се објавуваат информации околу темата на средбата со опозицијата, она што е јасно е дека барањето на Курти за консултации со опозицијата уследи истиот ден кога во Приштина престојуваше специјалниот пратеник на американскиот претседател Џо Бајден за косовско-српскиот дијалог, Габриел Ескобар. Тој по разговорите во Приштина, вчера престојуваше во Белград.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Казахстан узнал еще одну печальную новость после сюрприза Рыбакиной






Коммунальная квартира в разрезе.

Дата Антипасхи, или Красной горки в 2024 году, чем отличаются эти праздники

Грузоперевозки в РФ упали на 10% из-за проблем в расчетах с Китаем

6-летний сын актрисы Марианы Дердерьян погиб при пожаре из-за решеток на окнах