Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Џонсон се враќа во игра за премиер на Британија, по оставката на Трас

0
Џонсон се враќа во игра за премиер на Британија, по оставката на Трас

По оставката на британската премиерка Лиз Трас во четвртокот, на 20 октомври, започна уште една трка, втора во само четири месеци, за нов лидер на Конзервативната партија и за нов шеф на владата.

Трас, која поднесе оставка по само 45 дена на функцијата, рече дека нејзиниот наследник ќе биде избран до крајот на следната недела.

Најмногу тројца пратеници можат да се кандидираат за наследник на Трас, соопшти денеска владејачката Конзервативна партија.

Високиот конзервативен пратеник задолжен за организирање на изборите Греам Брејди, рече дека секој кандидат мора да обезбеди поддршка од 100 негови партиски колеги од вкупно 375 конзервативни пратеници во Парламентот за да се кандидира.

Поддршката за кандидатурата треба да се собере до понеделник. Потоа пратениците треба да договорат двајца кандидати, а потоа до петок, 28 октомври онлајн ќе гласаат 170.000 сопартијци, а кој ќе добие најмногу гласови веднаш ќе стане шеф на партијата и нов премиер.

Овој процес е поселективен отколку по оставката на Борис Џонсон во јули кога можеа да се пријават осум кандидати. Конзервативните пратеници елиминираа шест, а потоа членовите на партијата имаа шест недели да изберат меѓу двајцата финалисти.

Поранешниот министер за финансии Риши Сунак, кој ја загуби трката од Лиз Трас ова лето, поранешната министерка Пени Мордонт и министерот за одбрана Бен Валас се меѓу кандидатите за челната позиција.

Може да се врати и поранешниот премиер Борис Џонсон, кој беше сменет во јули кога неговите министри масовно поднесоа оставки за да го принудат да се повлече. Според „Тајмс“, тој планира да се врати во име на „националниот интерес“.

Анкетата претходно оваа недела покажа дека повеќето членови на Конзервативната партија сакаат Џонсон да се врати, но Сунак е фаворит во обложувалниците.

Кој и да победи, ќе стане петти британски премиер за шест години.

Главната опозициска Лабуристичка партија, како и многу гласачи, повикаа на општи избори.

Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка

Оставката уследи по речиси тоталниот колапс на нејзиниот политички авторитет. Таа, според весникот Гардијан, придонесе за крах на економските пазари, изгуби двајца клучни министри и ја изгуби довербата на речиси сите нејзини пратеници.

Незадоволството беше предизвикано од нејзиниот економски план, кој предвидуваше намалување на даноците за оние кои заработуваат најмногу.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Новак Джокович

Открытый чемпионат Италии: Новак Джокович получил сильный удар после выхода в третий раунд после Корантена Муте | Теннисные новости






Годовой объем рынка легальных ставок на спорт в Японии в 2023 составил €48,4 млрд

Крестивший Белоусова священник заявил о его честности и патриотизме

Находящийся на ремонте теплоход «Ломоносов» загорелся в Архангельске

В Москв таксист опоздал на вызов к пожилому пассажиру и прострелил ему бедро