Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Договорот за Фронтекс ќе биде потпишан на 4 ноември во Скопје

0
Договорот за Фронтекс ќе биде потпишан на 4 ноември во Скопје

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон по конференцијата на министрите за внатрешни работи на Западен Балкан и ЕУ во форматот на Берлинскиот процес, најави дека на 4 ноември ќе отпатува во Скопје за да го потпише новиот договор за статусот на Фронтекс со Северна Македонија. Тоа потоа ќе се направи и со сите други земји од Западен Балкан, рече Јохансон на заедничката прес-конференција со германската министерка Ненси Фесер, која беше домаќин на конференцијата во Берлин.

Советот на ЕУ го потпиша договорот со Северна Македонија за соработка со Фронтекс

Таа додаде дека ќе му предложи на Европскиот совет да усвои нов мандат за преговори за улогата на европската агенција за заштита на границите Фронтекс, за во иднина земјите на Западен Балкан да можат да бидат распоредени не само на надворешните граници на ЕУ, но и на внатрешните граници во регионот.

Претставници на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ

Во регионот веќе има 300 членови на Фронтекс и тие играат важна улога и се планира тој број и улога уште повеќе да се зголеми, рече Јохансон. Таа, исто така, изрази надеж дека на 3 ноември во Тирана на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан за трговија со луѓе ќе биде усвоен договор за оперативно партнерство во борбата против овој вид криминал. Германската министерка Фесер беше домаќин на министерски состанок во Берлин, на кој министрите и претставниците на земјите од ЕУ и шесте од Западен Балкан разговараа за борбата против илегалната миграција, шверцот на луѓе, корупцијата и организираниот криминал, како и за третманот на лицата кои се враќаат од областите контролирани од џихадистите.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Анастасия Потапова вышла во второй круг турнира WTA-1000 в Риме






Грузоперевозки в РФ упали на 10% из-за проблем в расчетах с Китаем

Леденящее душу преступление в Приморье стало явным после 11-летней давности

Дата Антипасхи, или Красной горки в 2024 году, чем отличаются эти праздники

Посол РФ сообщил о планах властей Маврикия внедрить карты «Мир»