Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Продолжуваат протестите во Иран - наставниците најавија штрајк

0
Продолжуваат протестите во Иран - наставниците најавија штрајк

Синдикатот на иранските наставници повика на дводневен штрајк како одговор на насилната репресија што ја врши Владата врз студентите и учениците кои учествуваат во протестите низ целата земја поради смртта на младата Махса Амини, која умре во полициски притвор поради „неправилно“ носење на хиџабот.

Повикот на Синдикатот на наставници доаѓа по извештаите за смртта на неколку студенти-демонстранти од рацете на државните безбедносни сили како и апсењата за време на протестите. Наставниците ќе се појават во училиште, но нема да држат настава.

Над 200 загинати во немирите што го потресуваат Иран

Дваесет и две годишната Махса Амини почина на 16 октомври во притвор откако беше приведена од полицијата за морал. Очевидци велат дека Амини била претепана, додека иранските власти рекоа дека таа починала од болест, но без да дадат докази за нивното тврдење.

Смртта на Амини предизвика низа протести кои траат повеќе од еден месец, а кои Владата се обидува брутално да ги задуши. Според организацијата „Иран за човекови права“ (ИЧП) најмалку 215 луѓе се убиени, вклучително и 27 деца во демонстрациите што го потресоа Иран. 

Апсени беа и средношколци кои потоа биле испраќани во кампови за превоспитување.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Александрова не смогла обыграть Саснович и покинула турнир WTA-1000 в Риме






В Ростовской области ищут 54-летнего жителя Кубани

Удар Зобнина принес «Спартаку» победу над «Краснодаром»

В Раменском прошла презентация книги «НАШИ: Боевое братство»

"Цена взлетит в небо": эксперт объяснил, что стоит заранее купить россиянам