Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Хакиран сервер за е-пошта на иранската агенција за атомска енергија

0
Хакиран сервер за е-пошта на иранската агенција за атомска енергија

Иранската организација за атомска енергија соопшти дека серверот за е-пошта што ѝ припаѓа на една од нејзините подружници бил хакиран од странска земја, објавија денеска државните медиуми. Агенцијата соопшти дека хакерите објавиле некои информации на интернет.

Тоа се случи еден ден откако иранската хакерска група, „Black Reward“ на социјалните мрежи објави дека го хакирала внатрешниот систем за е-пошта на иранската компанија за производство и развој на нуклеарна енергија.

Групата изрази поддршка за тековните протести во Иран предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор на иранската полиција за морал.

Иранците започнаа солидарни штрајкови, протестите влегуваат во шеста недела

Се наведува дека објавените информации вклучуваат „раководење и оперативни распореди на различни делови на електраната Бушер“ и „договори за атомски развој и договори со домашни и странски партнери“.

Организацијата за атомска енергија соопшти дека „потегот е направен со цел да се привлече вниманието на јавноста“.

„Треба да се забележи дека содржината во е-поштата на корисниците содржи технички пораки и рутински и тековни секојдневни размени“, објавија државните медиуми.

Разговорите меѓу светските сили и Иран за враќање на нуклеарниот договор од 2015 година се во мирување, при што Соединетите држави неодамна изјавија дека Техеран покажал мал интерес за оживување на пактот.

Иран ги обвини Соединетите Држави дека сакаат да добијат отстапки во нуклеарните преговори со поддршка на протестите за смртта на Амини.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Новак Джокович

Теннисист Джокович раздавал автографы в шлеме после попадания бутылкой в голову






На фестивале «Московская весна» в сквере на улице Хачатуряна можно принять участие в спортивных соревнованиях

Бывшая жена замминистра Иванова решила продать принадлежавший ему внедорожник

СК: в Москве раскрыли совершенное в 2004 году убийство с грабежом

Бархота: запуск культурно-досуговых центров обогатит социнфраструктуру в Москве