Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Џонсон повторно во трка за лидер на Конзервативната партија и премиерската функција

0
Џонсон повторно во трка за лидер на Конзервативната партија и премиерската функција

Борис Џонсон ќе влезе во изборната трка за да ја замени на Лиз Трас на премиерското место во Британија, изјави денеска Крис Хитон Харис - државен секретар за Северна Ирска.

Во изјава за Скај њуз, Хитон Харис рече дека поранешниот премиер има поддршка од претставници која е доволна да го премине прагот од потребните 100 гласови.

На прашањето дали Џонсон ќе се кандидира, Хитон Харис рече:

„Да, мислам дека ќе го стори тоа“.

Откако Трас поднесе оставка на 20 октомври, потенцијалните кандидати за нов премиер почнаа да лобираат во текот на викендот за да обезбедат доволно номинации за да влезат во лидерската трка пред крајниот рок во понеделник на 24 октомври.

Борис Џонсон се враќа од одмор во обид да ја освои премиерската позиција

Можноста за враќање на Џонсон во владата е поларизирачко прашање за многумина во Конзервативната партија, која е длабоко поделена по испраќањето на четворица премиери за шест години.

За некои конзервативни пратеници Џонсон е победник на гласањето, за други е токсичен и прашање е дали може да ги убеди десетиците пратеници кои го напуштија дека тој сега е личноста која може да ја обедини партијата.

Трас поднесе оставка по само 44 дена на функцијата, со што влезе во историјата како премиер со најкраток мандат.

По поднесувањето на оставката, таа за новинарите изјави дека ја презела функцијата во време на „голема економска и меѓународна нестабилност“. 

Таа изјави и дека не може да го исполни она за што е избрана, поради што поднесува оставка.

На почетокот на септември, Трас го смени Борис Џонсон како премиер на Велика Британија, кој беше принуден да замине по турбулентната година, која беше одбележана со скандал со забава во кабинетот на премиерот за време на заклучувањето и строгите мерки поради пандемијата со Ковид-19.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович вышла в третий раунд турнира WTA-1000 в Риме






Деньги начали "гореть": россиян призывают спасать свои сбережения

Гол Зобнина принес «Спартаку» победу над «Краснодаром» в матче РПЛ

«Спартак» обыгрывает «Краснодар» после первого тайма благодаря голу Зобнина

«Спартак» не проигрывает на протяжении семи матчей