Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Министерот Бесими во работна посета на Брисел, на средби со еврокомесарите Хан и Џентилони

0
Министерот Бесими во работна посета на Брисел, на средби со еврокомесарите Хан и Џентилони

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе престојува во работна посeта на Брисел, каде што ќе оствари средби сo еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Посетата, како што информира Министерството за финансии, е во пресрет на активностите на Министерството за финансии за подготвување на најзначајните документи – Буџетот за 2023 година, Програмата за економски реформи, во која се утврдуваат реформите што се преземаат во наредниот период, а кои заеднички се утврдени со ЕК, како и подготовка на акцискиот план за имплементација на препораките од Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија за 2022 година. Министерот Бесими на средбите, како што се наведува, ќе информира и за можноста за користење поволни средства од Меѓународниот монетарен фонд преку ПЛЛ програмата, а ќе биде покрената и иницијатива за буџетска поддршка за справување со предизвиците од енергетската и ценовна криза од ЕК преку МФИ.

Финансиски пакет од една милијарда евра за регионот од Европската комисија

„Посетата на министерот Бесими на Брисел е значајна и од аспект на започнатиот билатерален скрининг процес, по усвојување на Преговарачката рамка за РС Македонија и одржување на прватa Меѓувладина конференција, во процесот на пристапување кон ЕУ. Актуелната енергетска и ценовна криза, која има големо влијание врз економијата во земјата, мерките што ги презема Владата за справуање со кризата, но и реформите што земјата ги спроведува на патот кон целосна евроинтеграција и повисок економски раст, ќе бидат исто така дел од темите на кои ќе се разговара на средбите“, се вели во соопштението.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Саснович вышла в третий раунд турнира WTA-1000 в Риме






Польша создает комиссию по расследованию влияния России и Белоруссии

Антонов: Россия может вести диалог с Западом исключительно на равных условиях

Депутат Брынцалов поздравил ветерана из Балашихи с Днем Победы

10 РЕДКИХ животных из Красной книги, которых можно встретить в Москве