Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Ковачевски: Македонскиот клуб во Благоевград е финансиран од приватни лица

0
Ковачевски: Македонскиот клуб во Благоевград е финансиран од приватни лица

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека македонскиот клуб кој утре се отвора во Благоевград е финансиран од приватни лица и оние кои се заинтересирани можат да одат. Според него, институциите на Бугарија треба да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции.

„Би сакал да дополнам и дека во текот на летните месеци кажав дека како држава преку Министерството за култура и Владата ќе доставиме барање до Бугарија со цел отворање на официјален македонски културен центар во Благоевград како што имаме во Софија, Тирана и Сараево и други градови преку кој ќе може да се негуваат македонската култура и литература и граѓаните кои се самоопределуваат како Македонци да дојдат во контакт со неа“, изјави Ковачевски на денешното отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Куманово-Бељаковце-Крива Паланка.

Ковачевски информираше дека присуствувал на отворањето на канцеларијата на Бугарската новинска агенција БТА во Скопје како и дека во Софија неговиот колега претседателот на Владата на Бугарија присуствувал на отворањето на канцеларијата на Медиумските Информативна Агенција (МИА).

Тој додаде дека се надева оти барањето што ќе биде испратено до Бугарија за отворањето на КИЦ во Благоевград ќе биде одобрено и заеднички двете држави ќе можат да го отворат Културениот центар.

Бугарски филантроп и Македонци од Канада ги финансираат културните клубови во двете земји

За утре е најавено отворање на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во југозападна Бугарија. Како што може да се прочита во поканата за отворањето, тој е основан со финансиска помош на Македонците Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонско меѓународно здружение за човекови права во Канада, на чие чело е Бил Николов, канадски државјанин со македонско потекло.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Карен Хачанов

Теннисист Хачанов вышел в третий круг "Мастерса" в Риме






Начался первый этап реконструкции технологического трубопровода Рублевской станции водоподготовки

Парад Победы на "Первом Тульском" посмотрел каждый третий телезритель в Тульской области

В Самарской области состоялись всероссийские соревнования по прыжкам на батуте памяти Виталия Гройсмана

В Москве молодежь чаще взрослых готова пройти полиграф при трудоустройстве