Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Октябрь
2022

Мицкоски: Да им дадеме поддршка на нашинците од пиринскиот дел на Македонија од Бугарија

0
Мицкоски: Да им дадеме поддршка на нашинците од пиринскиот дел на Македонија од Бугарија

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди денеска дека ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ во Бугарија, закажано за утре.

„Ова беше одлична можност државниот врв да дојде, за да покажеме национално единство. Да дојдат сите таму и да им дадеме поддршка на нашинците од пиринскиот дел на Македонија од Бугарија.  Жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси наместо на интересите на својот народ. ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград“, истакна Мицкоски.

Според него, Вапцаров, чие име ќе го носи македонскиот клуб, обединувал, спојувал, поврзувал, за разлика од бугарскиот клуб во Охрид, кој што носи име на соработник на нацистичкиот режим и фашистите за време на Втората светска војна.

„Јас ќе одам утре, тоа ќе значи за нашите повеќе самодоверба, поддршка плус од овде, дека не забораваме, дека напротив планираме и понатаму многу интензивно да ги поддржуваме нашите од таа страна на границата во соседна Бугарија и тоа е одличен настан за да покажеме дека тоа што го зборуваме, дека се грижиме за македонскиот народ, за македонскиот идентитет, навистина се грижиме не го зборуваме тоа само со празни зборови и реченици“, посочи Мицкоски во Охрид.

Бугарскиот клуб во Охрид го носи името „Цар Борис Трети“. Претходно се отвори и бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Бугарски филантроп и Македонци од Канада ги финансираат културните клубови во двете земји

За утре е најавено отворање на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во југозападна Бугарија. Како што може да се прочита во поканата за отворањето, тој е основан со финансиска помош на Македонците Глигор Цанев и Минчо Остас од Торонто и Македонско меѓународно здружение за човекови права во Канада, на чие чело е Бил Николов, канадски државјанин со македонско потекло.

Ковачевски рече дека нема да присуствува на отворањето, но ги повика сите што можат да одат во Благоевград. Претседателот Стево Пендаровски ја добил поканата да присуствува на отворањето, но веќе имал планирани обврски, па во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот, Миле Бошњаковски. Свое присуство најави и партијата Левица.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Уимблдон

Медведев рассказал, как ударился головой перед матчем с Уиллисом на Уимблдоне в 2016 году






Росавиация расследует инцидент с пролетевшем над федеральной трассой самолетом в Подмосковье

Педагоги из Якутии провели мастер-классы и игры на выставке «Россия» в Москве

«Спускаюсь в метро и вижу — лежит на полу пожилая женщина». История про чудо

Названы пять самых сложных женщин по знаку зодиака