Состанок Путин - Лукашенко
Рускиот премиер во посета на Белорусија
„Според мене, нашето однесување во врска со настаните во Белорусија е многу порезервирано и неутрално отколку на Европејците и Американците“, изјави Путин за време на интервјуто за државниот ТВ канал Росија-24, додавајќи: „Сепак, ние сигурно не сме рамнодушни кон она што се случува таму“.
Како Западен Балкан реагира на настаните во Белорусија?
Путин изјави и дека е составен контингент на руските безбедносни сили и дека е подготвен да се распореди во Белорусија во случај на „грабежи“ од страна на демонстрантите. „Руските сили нема да бидат користени, освен ако екстремистичките елементи во Белорусија не ја преминат линијата и не започнат со грабежи“, рече Путин.