Главные новости Сочи
Сочи
Май
2021

Средба Путин-Лукашенко во Сочи

0
Средба Путин-Лукашенко во Сочи

Белорускиот авторитарен лидер Александр Лукашенко во рускиот црноморски град Сочи се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, додека министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија дебатираат за нови економски санкции кон Минск откако авион на Рајанер беше принуден да слета во главниот белоруски град по што беше уапсен опозициски новинар.

Пречекувајќи го Лукашенко, Путин рече дека еднодневната средба била закажана пред да се случи „избувнување на емоциите“ поради пренасочување на авионот.

“Имаме теми за дискусија и без овој развој на настаните“, му рече Путин на својот гостин кој се согласи дека се работи за избувнување на емоции.

Оживување на КГБ методите во изјавата на белорускиот блогер

Роман Пратасевич, опозициски активист и новинар се соочува со обвиненија во Белорусија кои може да му донесат 15 години затвор. Тој беше во авионот на Рајанер заедно со неговата девојка Софија Сапега. Авионот леташе од Атина, Грција, до главниот град на Литванија, Вилнус, кога го смени курсот меѓу двете членки на ЕУ за да се упати кон Минск. Белоруската државна новинска агенција БелТА објави дека Лукашенко лично наредил борбен авион МиГ-29 да го придружува авионот на Рајанер за да слета во Минск, наводно поради закана од бомба. Официјалните лица подоцна соопштија дека не бил пронајден експлозив во авионот.

ЕУ воведува нови санкции против Белорусија

Како итна реакција Европската унија на 24 мај воспостави санкции кон Белорусија и ги повикаа авиокомпаниите да го избегнуваатт небото на источноевропската земја, а забрани белоруските авиокомпании над воздушниот простор на ЕУ и на аеродромите.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в Краснодарском крае

Новости спорта


Новости тенниса
Виктория Азаренко

Азаренко: Я из среды, где не принято говорить о своих чувствах, поэтому пришлось учиться






Аэропорт Элисты возобновит рейсы с 28 мая

 В Сочи появился 19-метровый мурал рядом с городским мемориалом павшим воинам

Матч «Зенита» и ЦСКА будет судить Иванов

Новостройки в Краснодаре подорожали на 8,7% за месяц