Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Новости за 10.05.2022

Оставки на четворица регионални гувернери во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Пред претстојните избори во септември, четворица регионални гувернери во Русија денеска поднесоа оставки. Шефовите на регионите Томск, Саратов, Киров и Мари Ел најавија итна оставка, додека шефот на регионот Рјазан изјави дека нема да се кандидира за уште еден мандат, пренесува Ројтерс. Изборите ќе се одржат во сите пет региони во септември годинава. Неколкумина гувернери во заминување ги претставуваат регионите каде владејачката Единствена Русија освои мал дел од гласовите на минатогодишните парламентарни избори. Читать дальше...

Шпанската влада го разреши шефот на разузнавачката служба поради користење на софтверот Пегаз

SlobodnaEvropa.mk 

Шпанската влада го отпушти шефот на разузнавањето Паз Естебан поради скандалот со двојно хакирање на телефоните со шпионскиот софтвер „Пегаз“, објави денеска министерката за одбрана Маргарита Роблес. Националниот разузнавачки центар (ЦНИ), на чело со Естебан, е критикуван дека наводно користел Пегаз направен од израелската групација НСО, за да го прислушува лидерот на каталонското движење за независност, пренесува Ројтерс. Тој, исто така, се соочи со обвинувања и прашања околу неговиот неуспех... Читать дальше...

Нема продолжување на учебната година во средните училишта

SlobodnaEvropa.mk 

Нема продолжување на учебната година во средните училишта, заклучи Владата на денешната седница на која  донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. „Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, информира прес-службата на Владата. Наставниците разочарани, учениците назад во клупа ... Читать дальше...

Поранешните припадници на ОВК се изјаснија за невини по новите обвиненија за воени злосторства

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи и другите поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) - Кадри Весели, Рехџеп Селими и Јакуп Красниќи, се изјаснија за невини по новите обвиненија за воени злосторства од потврденото изменето обвинение, поднесено од Специјализираното обвинителство на Косово со седиште во Хаг. На рочиштето на 10 мај Тачи рече дека не ги разбира новите обвинувања против него, но сепак се изјасни за невин. Новите обвиненија се однесуваат на наводни злосторства... Читать дальше...

Комисијата за верски заедници: конечнo правда за нашата црква

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) соопшти дека со огромна радост испраќа честитки до верниот македонски православен народ и до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и сиот свет клир на Македонската Православна Црква – Охридската архиепископија, за одлуката на првопрестолната Вселенска патријаршија со која се признава и прима во канонско единство нашата света Македонската Православна Црква – Охридската архиепископија. „Долгоочекуваната... Читать дальше...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Блокада на Собранието за спас на државата

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнуваа транспаренти на почетокот на 71. собраниска седница, со што ја стартуваа најавената блокада на Собранието. На голем транспарент што го истакнаа пратениците на опозицијата беше напишано „активна блокада за спас од национална катастрофа. Изборите се излезот“. На тоа реагираа пратениците од власта. Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески рече дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена опозиција во светот која блокира Собрание за време на светска економска и енергетска криза. Читать дальше...

Што натаму по канонското признавање на Охридската архепископија?

SlobodnaEvropa.mk 

По канонското признавање на Охридската Архепископија од страна на Вселенската Патријаршија Синодот на МПЦ изрази благодарност до Вселенскиот Патријарх. Засега реакција нема од СПЦ која е во децениски спор со МПЦ-ОА.

Највисока инфлација во Грција во скоро три децении

SlobodnaEvropa.mk 

Официјалните податоци на грчката статистичка служба покажуваат дека инфлацијата во Грција во април била на рекордно ниво од 10,2 отсто, што е највисока во последните 28 години, односно од 1994 година наваму. Најголемо зголемување за една година од 122,2 проценти има цената на природниот гас, додека цената на електричната енергија е зголемена за 88,8 проценти, а нафтата за 65,1 отсто. Инфлацијата во Турција скокна на 70 проценти Во однос на прехранбените продукти, цената на маслото за јадење... Читать дальше...



САД го поддржуваат приемот на Косово во Партнерството за мир, но потсетуваат дека е потребен консензус

SlobodnaEvropa.mk 

САД го поддржуваат членството на Косово во европските и евроатлантските институции, вклучително и во Партнерството за мир на НАТО“, изјави Џефри Адлер - портпарол на американската мисија во НАТО, во писмен одговор до Радио Слободна Европа. Сепак, Адлер потсетува дека сите одлуки на Алијансата, вклучително и партнерствата како што е Партнерството за мир, се носат со консензус на Северноатлантскиот совет. Хашим Тачи и други водачи на ОВК на суд во Хаг Косовскиот премиер Албин Курти на 4 мај... Читать дальше...

Шаленберг - Скопје и Софија ја имаат сложувалката и време е за договор

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на австриската дипломатија Шаленберг смета дека мора да има проширување на ЕУ. Македонскиот министер за надворешни работи пак на заедничката прес конференција во Скопје рече дека Македонија треба да оди по досегашната траса за почеток на преговори со Унијата

Реакции во Бугарија, Грција и Србија за канонското признавање на Охридската Архиепископија

SlobodnaEvropa.mk 

Откако Вселенската патријаршија ја призна Охридската Архиепископија возобновена во лицето на МПЦ за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма, денеска има реакции во јавноста во соседните земји како Бугарија и Грција и Србија. Дел бугарски теолози коментираат дека одлуката е нож за западниот дел на Бугарската православна црква за кој Охридската Архиепископија е дел од историскиот и духовниот простор и дека тоа е најстара бугарска црковна институција. Вселенската Патријаршија ја призна Охридската Архиепископија за канонска... Читать дальше...

Предвремени избори за добро на граѓаните или на партиите?

SlobodnaEvropa.mk 

Предвремените избори се нужно зло, а не посакувана опција зa граѓаните, коментираат политичките аналитичари Петар Арсовски и Џељал Незири по инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за нивно одржување. Според нив, дури и да има договор за лидерска средба, таа ќе заврши без резултат.

Министерски состанок на Г7 за дигитални прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Министри на земјите од Г7 на дводневен виртуелен состанок ќе разговараат за иднината на дигитализацијата и поповолните правни и регулаторни средини за развој и примена на нови дигитални технологии. Тука станува збор за посигурна прекугранична размена на податоци, спротивставување на дигиталните нееднаквости, зајакнување на безбедноста на интернет и одговорно државно дејствување во сајбер просторот, како и олеснување на фер конкуренција и подобрување на поврзаноста. САД: Откриен „злонамерен софтвер“... Читать дальше...

Хашим Тачи и други водачи на ОВК на суд во Хаг

SlobodnaEvropa.mk 

Четворицата водачи на поранешната Ослободителна војска на Косово, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, денеска ќе бидат изведени пред Трибуналот за злосторства на ОВК во Хаг за да се изјаснат за новите наводи во проширеното обвинение кое ги товари за злосторства против Албанците, Србите и Ромите на Косово и Албанија во 1998-1999 година. Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи посебно ќе бидат изведени пред судијата по претходна постапка Николас Гију, се наведува на веб-страницата на судот. Читать дальше...

Фон дер Лајен: Постигнат напредок со Унгарија во врска со ембаргото на руската нафта

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е постигнат напредок во разговорите со Унгарија за предложената забрана на Европската унија за увоз на руска нафта, но треба уште многу да се работи. „Разговорот со премиерот Виктор Обан помогна да се разјаснат прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност“, напиша на Твитер Фон дер Лајен, која пристигна во Будимпешта за да се обиде да го отстрани унгарското противење на предложеното ембарго на ЕУ. ЕУ сè уште нема... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде од 16 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 25 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Вероника Кудерметова завершила выступление на турнире WTA в Мадриде






«Второй рассвет счастья»: каким знакам зодиака повезет в любви в мае

Более 1,2 тысячи горожан получили квартиры по реновации для людей с ОВЗ

Проспект «Красноярский рабочий» перекроют для репетиции шествия ко Дню Победы на час позже

Рубль на открытии торгов Московской биржи вырос к доллару