Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Новости за 15.05.2022

Прв конгрес на Алтернатива, Гаши доби нов мандат

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши доби нов четиригодишен мандат, на конгрес на партијата којшто беше одржан денеска. Тој по изборот им се заблагодари на сите членови на партијата и рече дека тоа е за него „голема чест и одговорност.“ „Мислам дека Алтернатива станува еден од најсериозните политички субјекти со намера да придонесе во севкупните политички процеси во државата“, изјави Гаши по одржувањето на конгресот. Гаши - Не се потребни предвремени избори во економска и здравствена криза... Читать дальше...

Гаши - Не се потребни предвремени избори во економска и здравствена криза

SlobodnaEvropa.mk 

Сметаме дека во ваква економска и здравствена криза и заради стабилноста на државата не треба да бидат одржани предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на Алтернатива Африм Гаши по одржувањето на првиот дел од првиот конгрес на партијата во Скопје.  Тој додаде дека сепак Собранието може да одлучи за одржувањето на избори доколку за тоа гласаат 61 пратеник.  „Но, ние сме против тоа“, изјави Гаши. Нормално е секоја опозиција да се труди што поскоро да има избори и тоа е легитимно. Читать дальше...

Шангај најави повторно отворање на продавниците во фази

SlobodnaEvropa.mk 

Градот Шангај најави „постепено“ отворање на продавниците на 16 мај, во време кога жителите покажуваат зголемена нервоза по вториот месец на заклучување. Кина, која овие недели се соочува со бран епидемии на коронавирусот, на почетокот на април ја затвори метрополата од 25 милиони луѓе, која е епицентарот на инфекцијата. Некои жители на Шангај беа во карантин и пред тој датум. Незадоволни од проблемот со снабдување со свежи производи, невозможниот пристап до медицинска нега освен за Ковид и... Читать дальше...

Кабинетот на Петков: Седницата во Скопје е одложена бидејќи нема договорен документ

SlobodnaEvropa.mk 

Заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија во Скопје е одложена затоа што нема договорен документ што би покажал напредок во преговорите меѓу двете земји, изјави шефицата на Кабинетот на претседателот на бугарската Влада, Лена Бориславова. На заедничката владина седница требаше да учествува бугарска владина делегација предводена од премиерот Кирил Петков. Ковачевски - Решение со Бугарија е можно единствено ако се заснова на европски вредности Вчера и мекедонскиот премиер... Читать дальше...

Израелскиот претседател во посета на ОАЕ по смртта на лидерот

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе отпатува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за да изрази сочувство на неговата земја, по смртта на долгогодишниот претседател на ОАЕ Калифа бин Зајед Ал Нахајан. За време на кратката посета, која ќе трае само неколку часа, Херцог треба да се сретне со новиот претседател на ОАЕ, Мухамед бин Зајед Ал Нахјан, заедно со други шефови на држави, соопшти кабинетот на Херцог. Советот за безбедност на ОН го осуди убиството на новинарката Ширин Абу Аклех... Читать дальше...

Шестмина загинати во самоубиствен напад во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанските власти соопштија дека најмалку шест лица се убиени во самоубиствен напад, во проблематичниот северозападен регион на границата со Авганистан. „Тројца војници и три деца загинаа во самоубиствен напад“, се вели во денешното соопштение на воениот оддел за односи со јавноста. Бомбаш самоубиец се разнел во мал пазар во областа Северен Вазиристан, додека војниците патролирале во областа доцна на 14 мај, објавија локалните медиуми.   Експлозија во Пакистан уби четворица, меѓу кои... Читать дальше...

Филмски работници во Иран тврдат дека власта ги претресува нивните домови и канцеларии

SlobodnaEvropa.mk 

Познат ирански режисер изјави дека властите во изминатите неколку денови извршиле рација во канцелариите и домовите на неколку филмски работници и други професионалци од индустријата и дека уапсиле некои од нив. Мохамед Расулоф ги даде коментарите на Инстаграм доцна на 14 мај, објавувајќи изјава потпишана од десетици професионалци од филмската индустрија. Во изјавата, исто така, се тврди дека безбедносните сили за време на рациите конфискувале опрема за филмско производство. Во неа акциите се осудуваат и се наречени „незаконски“. Читать дальше...

Десетмина убиени во расно мотивирано пукање во градот Бафало во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Десет лица беа убиени во расно мотивирано масовно пукање во супермаркет во градот Бафало, во американската држава Њујорк. 18-годишино лице во воена опрема е уапсено на лице место и е приведено, соопшти полицијата. Тој влегол во прометниот супермаркет Топс во саботата попладне на 14 мај и отворил оган. Според полицијата, нападот бил пренесуван во живо на социјалните мрежи. „Вкупно тринаесет луѓе беа застрелани, а повеќето од жртвите се црнци“, рече комесарот на полицијата во Бафало, Џозеф Грамаглиа. Читать дальше...

Касами: Комуницираме со ВМРО-ДПМНЕ, но за предизборна коалиција ќе размислиме двапати

SlobodnaEvropa.mk 

Иако општинската каса е блокирана, градоначалникот на Тетово Биљал Касами уверува дека ќе ги изгради ветените проекти. БЕСА сака предвремени избори, но ако не е време за тоа, ќе бараме од меѓународните партнери дополнителни механизми за контрола на власта, вели Касами во неделното интервју за РСЕ

Времето денеска - претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи пред се во западните делови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

Касами: Ако нема предвремени избори, ќе бараме меѓународна контрола на власта

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Тетово и лидер на партијата БЕСА Биљал Касами вели дека неговата партија не инсистира на предвремени избори во време на криза, но ако нема избори, ќе побараат од меѓународните парнери дополнителни механизми за контрола на власта за заштита од корупција на високо ниво


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко: я предпочитаю смотреть мужской теннис, а не женский






Отцы о детях // Исследователи обнаружили в умах современной молодежи и веру в свободу, и надежду на государство

День спорта прошел на стенде Подмосковья на выставке «Россия»

Овчинский: выпуск металлообрабатывающих станков в Москве вырос почти в 1,5 раза

Какой церковный праздник сегодня 26 апреля 2024 года в России и в мире