Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

Новости за 29.05.2022

Бајден ги посети семејствата на жртвите од пукањето во училиште во Тексас

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден денеска пристигна во градот Увалде во државата Тексас за да упати сочувство на семејствата на жртвите од пукањето во основното училиште Роб, при што беа убиени 19 ученици и двајца наставници, пренесува новинската агенција АФП. Според АФП, Бајден во друштво на сопругата Џил го посетил споменикот пред училиштето, се сретнал со роднините на жртвите и присуствувал на католичката миса. Во пресрет на неговото патување во Увалде во сабота... Читать дальше...

Невремето урна потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски

SlobodnaEvropa.mk 

Екипи на ЈП Улици и патишта – Скопје денеска веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување. „Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје. Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид... Читать дальше...

Ердоган - Турција планира нова сириска офанзива и нема да бара дозвола од САД

SlobodnaEvropa.mk 

Ердоган рече дека Турција планира нова сириска офанзива и нема да бара „дозвола“ од САД Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека неговата земја сè уште е посветена на протерување на сириските курдски милиции од северна Сирија и дека Анкара нема да чека „дозвола“ од Соединетите држави пред да започне каква било нова офанзива. „Како што секогаш велам, една ноќ ќе ги нападнеме (курдските милиции) одеднаш. И мораме“, рече Ердоган во својот авион по неговата посета на Азербејџан, според извештајот на 29 мај во весникот „Хуриет“. Читать дальше...

Исчезна авион кој полетал од Сплит

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватската полиција денеска претпладне доби дојава од Управата за цивилна заштита дека од радарот на Хрватската служба за воздухопловна навигација во 11,25 часот исчезнал авион од типот „Цесна 182“ на поширокото подрачје на Слуњ. Авионот летал од правец на Сплит кон Германија. Кина во потрага по црната кутија од урнатиот авион Засега не е соопштено колку патници се наоѓале во леталото. Веднаш по пријавата, во истрагата на теренот се вклучиле 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција... Читать дальше...

Обилниот дожд ги поплави речиси сите улици низ Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Обилните врнежи од дожд околу пладне денеска во Тетово кои траеја околу еден час беа толку силни што се поплавија огромен број улици низ градот. Поплавени беа улици и булевари во сите делови од градот без разлика на местоположбата. На неколкумина жители на Тетово им беа поплaвени и возилата оставени на улиците, како кај касарната, подвозникот за Фалише и на други места. Силното невреме синоќа во Лозово предизвика огромни штети „Водата ни влезе и во дворовите на куќите како и во подрумите. Читать дальше...

Силното невреме синоќа во Лозово предизвика огромни штети

SlobodnaEvropa.mk 

Силно невреме од дожд  со зрна од град поголеми од орев синоќа околу 23 часот ги зафати населените места во Општина Лозово, Дурфулија и дел од Каратманово. Уништени се лозовите и овошни насади, пластениците под раноградинарски култури. Од силниот и голем  град пробиени се и некои од азбестните покриви на куќите, оштетени се и голем број автомобили, искршени стакла, како и возниот парк на Општина Лозово, информира Бошко Цветковски градоначалник на Општина Лозово. „Штетата е огромна посебно на овошките... Читать дальше...

Во Собранието утре ќе биде поднесена интерпелацијата за спикерот Џафери

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат  формално интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери, соопштија од партијата. Опозицијата го обвинува Претседателот Џафери дека го прекршил Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието и дека со начинот на кој ги води седниците, како што велат намерата е да се ускрати правото на говор и дебата, со цел – изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт. „Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието... Читать дальше...

Протест за правата на жените во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Извикувајќи „леб, работа, слобода“, дваесетина жени излегоа на улиците на главниот град на Авганистан, Кабул за да протестираат против строгите ограничувања на нивните права од страна на Талибанците. Талибанците ги укинаа правата на жените откако се вратија на власт во август 2021 година. На девојчињата им е забрането да одат на училиште по шесто одделение во поголемиот дел од Авганистан. Во март наредија и затворање на средните училишта за девојки утрото кога требаше да се отворат. „Образованието е мое право! Читать дальше...



Полицијата синоќа казнила 184 возачи на скопските улици-38 за возење под дејство на алкохол

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата на територија на град Скопје вчера изрекла вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 38 мерки за возење под дејство на алкохол, 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 мерки за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи. Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за недевање првенство на минување на пешаци... Читать дальше...

ССМ: Да не се уназадуваат и кратат работничките права за недела неработен ден

SlobodnaEvropa.mk 

Сојузот на синдикати е загрижен поради, како што велат, информациите дека група на пратеници и министерот за Економија Бектеши подготвуваат измени во законите со кои ќе уназадат и скратат работничките права кои се однесуваат на недела неработен ден.  Во реакцијата на ССМ се вели дека со самото тоа што најавените предлог закони се веќе доставени во Собранието, без социјален дијалог, се потценуваат  работниците во целина, што е недозволиво. „Загрижени сме поради информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши... Читать дальше...

Немири во Ерусалим поради посета на израелски пратеник

SlobodnaEvropa.mk 

Екстремно десничарски израелски пратеник, на кој му се придружија голем број поддржувачи на ултранационализмот, влезе во најчувствителното свето место во Ерусалим рано утринава, по што толпа Палестинци почнаа да фрлаат камења и огномет кон израелската полиција. Немирите избувнаа пред масовниот ултранационалистички израелски марш планиран подоцна во текот на денот низ срцето на муслиманскиот кварт на Стариот град во Ерусалим. Околу 3.000 израелски полицајци беа распоредени низ градот пред маршот. Читать дальше...

Во Македонија порано се оди во пензија, но и покус е животниот век

SlobodnaEvropa.mk 

Според податоците од пензиските фондови, најдолго се работи во Италија, Грција, Норвешка, каде што границата за редовно пензионирање е 67 години, а најрано во пензија се заминува во Русија. Во земјите од Балканот, возраста на која може да се оствари пензија е слична и се движи околу 64-65 години. Но, разлики има и во очекуваниот животен век, кој при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Италијанците мора да работат најдолго. Читать дальше...

И денеска нестабилно време со дожд, грмежи, наместа и град

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд кој преку денот ќе се прошири од запад кон исток и ќе биде проследен со грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер, над 70 километри на час и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени, вредноста на УВ-индексот 6. ОН предупредуваат... Читать дальше...

Нуредини - Постапно до систем за отпадни води во Охрид од 70 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Потребните инвестиции за третман на отпадните води во Охридскиот регион се меѓу 60 и 70 милиони евра. Тоа е многу голема сума и треба да одиме чекор по чекор, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој зборува и за енергетската криза, аерозагадувањето и изградба на пречистителна станица во Скопје.

Нуредини - Ако на индустријата не ѝ воведеме даноци за јаглерод, тоа ќе го направи ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Постројките на јаглен ќе бидат деактивирани до 2030 година, а дотогаш државата ќе инвестира во обновлива енергија, вели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој вели дека во финална фаза е тендерската постапка за хидроелектраната Чебрен, но и дека ЕУ планира да им воведе даноци за јаглерод и на земјите кандидатки за членство.

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите

SlobodnaEvropa.mk 

Реал Мадрид вечерва во Париз ја освои 14-тата титула европски шампион. Победата против Ливерпул (0:1) ја донесе Бразилецот Винисиус Жуниор со голот во 58-та минута. Иако Ливерпул имаше повеќе шанси на натпреварот, херој на кралскиот клуб во финалето од Лигата на шампионите беше голманот Тибо Куртоа, кој не дозволи да биде совладан. Во големото финале „кралскиот клуб“ беше подобар од Ливерпул, а решавачкиот гол на мечот го постигна Бразилецот Винисиус во 59. минута. Тимот предводен од трофејниот... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Камбэком обернулся матч вундеркинда из России перед стартом Еленой Рыбакиной в Мадриде






Совладелец «Oлимпситистроя» обжаловал арест по делу о взятке замглавы Минобороны

В Хабаровске завели дело по факту контрабанды медали «Золотая Звезда»

Действительно

The Telegraph сообщила о планах Британии создать собственные ракеты к 2030 году