Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Новости за 07.02.2023

Пет жртви во експлозија на гас во зграда во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку пет лица загинаа денеска во експлозија на гас во зграда на пет ката во градот Јефремов, кој се наоѓа јужно од  руската метропола Москва, соопштија локалните власти на регионот. „Досега се спасени седум лица, за жал пет лица загинаа“, информираа од итната служба и оттаму додадоа дека спасувачките тимови продолжуваат да бараат преживеани или тела на местото на настанот. Според властите, експлозијата уништила три нивоа од петкатница. Експлозиите на гас се релативно чести во Русија поради... Читать дальше...

МВР: Приведени неколку лица за оштетувањето на македонскиот клуб во Благоевград

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку лица се приведени за оштетувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ во Благоевград, велат од МВР за РСЕ, откако, како што додаваат оттаму, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера покренал иницијатива до неговиот бугарски колега Иван Демерџиев за расчистување на случајот. Од МВР посочуваат и дека Демерџиев за епилогот денеска го известил министерот Спасовски. Бугарскиот интернет портал „Нова бг“, претходно јави за случајот се приведени 4 лица и дека станува збор... Читать дальше...

Борел: Дезинформациите се оружје на Русија за контрола и дестабилизација

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел оцени дека Русија води агресивна војна на два фронта: на бојното поле и на информативниот простор и „се обидува да ги освои срцата и умовите на луѓето“. „Битката против манипулациите со информациите и странското мешање е битка на нашето време. Тоа е битка која мора да ја добиеме“, рече Борел на конференцијата во Брисел. Во своето излагање Борел оцени дека Русија со години инвестира во дезинформации... Читать дальше...

Спасовски ќе ги награди полицајците кои беа на терен за чествувањето на роденденот на Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил најави дека сите полициски службеници кои во саботата се погрижиле за достојно чествување на 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ќе бидат наградени со 10 проценти од основната компонента на платата на работникот. Тој додава дека како министер за внатрешни работи го искористил правото што му го дава Колективниот договор на МВР и на денешната седница и предложил на Владата, која прифатила полицајците... Читать дальше...

Ѓукановиќ: Го поддржуваме европскиот пат на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

„Ги разбираме амбициите на Косово да стане членка на Советот на Европа, да добие статус на кандидат за Европската унија и тоа силно го поддржуваме“, изјави денеска претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ по средбата со претседателката на Косово Вјоса Османи. Ова е прва официјална посета на претседателката на Косово на Црна Гора, каде што престојува на покана на Ѓукановиќ, кој пред вилата Горица ја пречека со највисоки државни почести. Османи истакна дека Црна Гора досега покажала јасна поддршка за Косово на сите полиња. Читать дальше...

УНЕСКО нуди помош за оштетеното светско наследство во Турција и Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука - УНЕСКО денеска соопшти дека е подготвена да обезбеди помош откако две места во Сирија и Турција кои се на листата на светско наследство беа оштетени од разорниот земјотрес кој ги погоди државите. Покрај штетите на стариот град Алепо, Сирија и на тврдината во југоисточниот турски град Дијарбекир, УНЕСКО соопшти дека може да бидат загрозени уште најмалку три други топоними. „Нашата организација ќе обезбеди помош во рамките на својот мандат“... Читать дальше...

Таравари: Се финализира договорот за влез на Алијанса за Албанците во Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека се финализираат преговорите за вклучување на партијата во Владата. „Ние сме на привршување и можам да кажам дека е постигнат голем дел од договорот, верувам дека денеска или утре договорот дефинитивно ќе биде финализиран и потоа ќе го објавиме јавно, секако и Владата и Алијанса за Албанци“, изјави Таравари. Тој притоа не сакаше да открие кои ресори и директорски места ќе и припаднат на неговата партија како дел од владината коалиција. Читать дальше...

Владеење на правото и борбата против корупцијата приоритет на стратешкиот дијалог на Владата и САД

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави дека Владата на претходната седница го усвоила планот за активности што произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД. „Со ова го потврдуваме силниот сигнал дека САД се наш стратешки партнер и тоа за нас како држава е од голема важност“, изјави премиерот. Тој додаде дека од големо значење е што американската администрација ги преземала сите неопходни чекори за земјава што поскоро да ги заврши преговорите со ЕУ. Читать дальше...



Пендиков ќе добие привремено живеалиште во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков денеска на прес-конференција соопшти дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство. Пендиков по инцидентот во Охрид при кој се здоби со повреди со бугарски владин авион беше пренесен во Бугарија. Милков најави и дека Пендиков ќе добие и времено живеалиште, додека престојува во Бугарија. Тој, според Милков, „се плаши за својот живот“ и затоа... Читать дальше...

СЗО: Можно е 23 милиони луѓе да бидат погодени од земјотресите во Турција и Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од земјотресите што ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), ветувајќи долгорочна поддршка. „Мапите на локацијата на земјотресот покажуваат дека 23 милиони луѓе се потенцијално загрозени “, рече претставникот на СЗО Аделхајд Маршанг на прес-конференција. Во серија земјотреси во Турција и Сирија загинаа повеќе од 5.000 луѓе, според новиот официјален биланс на загинати, додека спасувачките... Читать дальше...

Граѓаните донираат топла облека, спасувачките тимови тргнаа за Турција

SlobodnaEvropa.mk 

На тие луѓе таму да не си им во кожа, вели еден граѓанин дојден да донира за настраданите од земјотресот во Турција на пунктот за донации на Плоштадот Македонија во Скопје. Владата веќе испрати спасувачки тимови, Црвениот крст отвори телефонски броеви за донации, а многу општини најавија помош.

Ердоган: тримесечна вонредна состојба во зоната на земјотресот во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги прогласи за зона на катастрофа 10-те провинции погодени од разорните земјотреси во јужна Турција, воведувајќи вонредна состојба. Тој рече дека вонредната состојба ќе трае три месеци - што значи дека ќе заврши непосредно пред закажаните претседателски и парламентарни избори на 14 мај. Вонредната состојба, исто така, може да биде продолжена. Ердоган претходно прогласи вонредна состојба на национално ниво во јули 2016 година по неуспешниот воен удар. Читать дальше...

Нови дојави за бомби во 33 училишта во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Последните дојави за бомби во Скопје беа на 3 февруари. Претходно, дојави за поставени бомби беа кон крајот на минатата година кога беа евакуирани... Читать дальше...

ОН: ова е најсилниот земјотрес во Турција од 1939 година

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетите нации објавија дека земјотресот со јачина од 7,8 степени кој ја погоди Турција беше најсилниот во таа земја во повеќе од 80 години. „Ова е најсилниот земјотрес регистриран во Турција од 1939 година“, се вели во извештајот објавен од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Во извештајот се наведува дека тимовите за одговор при итни случаи од Обединетите нации за проценка и координација при катастрофи, Меѓународната советодавна група за пребарување и спасување и тимовите... Читать дальше...

Липавски: Континуирана чешка поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната заедничка прес конференција во Скопје на министерот за надворешни работи Бујар Османи со шефот на чешката дипломатија Јан Липавски, кој е во официјална посета на земјава беше истакното дека на нивната средба била нагласена континуираната поддршка од Чешка Република за патот на земјава кон Европската Унија, а беа потврдени и зајакнатите билатерални односи, како и економската соработка. „Очекуваме Северна Македонија да стане дел од ЕУ во меѓувреме и натаму ќе нудиме наша помош и соработка на тој пат“, истакна Липавски. Читать дальше...

„Бела чума“ ја десеткува Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Македонија во изминатите години се соочува со масовно иселување, особено на младите, а тој тренд нема да запре и во иднина, ако се суди според последните истражувања. Тоа го покажаа и бројките на спроведениот попис.

Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија надмина 5.000

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави денеска дека бројот на загинати во земјотресите со центар во југоисточна Турција се искачи на 3.419, со што вкупниот број, вклучувајќи ги и загинатите во Сирија, е повеќе од 5.000. Во изјавата за новинарите, Октај рече дека тешките временски услови го отежнуваат носењето помош во погодените региони и спасувањето. Тој рече дека само на возилата за спасување и помош им е дозволено да влезат или да излезат од Хатај, Караманмарас и Адијаман, три од најпогодените провинции. Читать дальше...

Зошто се крева „врева“ за МКЦ?

SlobodnaEvropa.mk 

Младите се загрижени дека поради политички пресметки ќе го загубат своето МКЦ, најголемата независна културна сцена. Вработените бараат директор избран на конкурс со вештини за водење културна установа. Скопската градоначалничка Данела Арсовска обвинува за сомнителни работи, без завршена ревизија.

Новости России
Москва

«1418»: выставка секции «Арт-фото» ТСХР в зале «Лаврушинский`15»


Северна Кореја ќе ги прошири и интензивира воените вежби

SlobodnaEvropa.mk 

Армијата на Северна Кореја објави дека ќе ги прошири и интензивира воените вежби како дел од „воените подготовки“, објавија денеска локалните медиуми. Одлуката била донесена на состанокот во понеделникот со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. На дневен ред на состанокот беше „континуираното проширување и зајакнување на операциите и борбените вежби на Корејската народна армија со цел строго да се усоврши подготовката за војна“, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА. Сателитски... Читать дальше...

Лајчак: Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска го изрази своето задоволство што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ за нормализација на односите помеѓу двете страни. „Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво“, напиша Лајчак на Твитер. Високиот претставник на ЕУ додаде дека во понеделникот во Приштина и Белград разговарал со косовскиот премиер Албин Курти, главниот преговарач Бесник Бислими... Читать дальше...

Во Франција трет бран штрајкови поради пензиските реформи

SlobodnaEvropa.mk 

Синдикатите во Франција денеска започнаа трет бран национални штрајкови против плановите на претседателот Емануел Макрон да ги натера Французите да работат подолго пред пензионирањето. Железничките услуги се откажани, училиштата не работат, прекинати се и рафинериските испораки, бидејќи работниците во повеќе сектори излегоа, а синдикатите ја повикаа јавноста повторно да излезе на улиците во голем број. Владата вели дека луѓето мора да работат две години подолго - што значи за повеќето до 64-годишна... Читать дальше...

Зошто земјотресот во Турција и Сирија беше толку катастрофален?

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотресот со сила од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија веројатно ќе биде еден од најсмртоносните оваа деценија, велат сеизмолозите. Што велат тие за тоа што се случило под површината на земјата и што да се очекува:

Бајден ќе одржи говор за состојбата на Унијата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Кевин Мекарти го покани претседателот Џо Бајден да го одржи годишното обраќање за состојбата на Унијата пред Конгресот на 7 февруари, а Белата куќа соопшти дека Бајден ја прифатил поканата. Годишното обраќање до Конгресот ќе му даде на Бајден шанса да ги истакне клучните приоритети и точки на агендата. Годинашниот говор за состојба на Унијата ќе се случи со републиканците кои го контролираат Претставничкиот дом, позиција на моќ што Републиканската... Читать дальше...

Продолжуваат спасувачките напори по земјотресите во Турција и Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжуваат напорите за спасување на жртвите за кои се стравува дека се затрупани под урнатините на илјадници згради уништени од силниот земјотрес и неколку последователни потреси што ја погодија источна Турција и соседна Сирија. Повеќе од 4.000 луѓе загинале во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што се случи во раните утрински часови на 6 февруари. Земјите ширум светот испратија тимови за да помогнат во спасувачките напори, а досега неколку екипи за итни случаи се на терен... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Полина Михайлова

Россиянка Михайлова стала чемпионкой Франции по настольному теннису






В Тверской области мужчину травмировал поезд

Михайлов поставил точку в скандале с Пугачевой, назвав ее «великим человеком»

Все парки Московской области обработали от клещей

Приложение "Память": дистанционно ухаживайте за могилами, ремонтируйте и возлагайте цветы