Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Новости за 23.02.2023

Груби до ВМРО- ДПМНЕ: Прво уставни измени па избори

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ нека гласа прво за уставни измени, па потоа може да се гласа и за распуштање на Собранието. Со оваа порака вицепремиерот Артан Груби јавно ја повика опозицијата во Собрание на седница за гласаат за овие две точки и тоа по конкретен редослед, прво уставни измени па предвремени избори. Тој во интервју за Канал 5 изјави дека очекува премиерот Димитар Ковачевски како и лидерот на ДУИ Али Ахмети да се согласат со неговиот предлог. „ Да идеме на седница на Собрание со две точки на дневен ред. Читать дальше...

Пратениците дебатираат за избор на новите министри

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците вечерва дебатираат во Собранието за изборот на новите членови на Владата. Нови министри за кои ќе треба да гласаат пратениците се Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина. Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека за изборот на членови на Владата дискусијата е заедничка, додека гласањето ќе биде за секој предлог посебно. Пред почетокот на 104 седница за владина реконструкција... Читать дальше...

Владата најави ревитализација на шест хидроелектрани со 36,2 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Со 36,2 милиони евра Владата најавува ревитализација на шест големи хидроелектрани кои обезбедуваат помеѓу 20 и 30 проценти од вкупното производство на електрична енергија во земјава. Инвестицијата ќе биде покриена со заем од 25 милиони евра од Кредитната банка за обнова КФВ, 11,2 милиони евра грант од ЕУ од ВБИФ и 0,2 милиони евра од германската Влада. Ревитализацијата во наредните две години ќе се одвива на хидроелектраните Вруток, Врбен,Равен, Тиквеш, Шпилје и Глобочица. Министерот за финансии... Читать дальше...

Кој е покорумпиран - главна тема на пратеничките прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Со кавги, довикувања и навреди расправаа денеска пратениците со претставниците на Владата во Собранието на седницата за пратенички прашања. Се обвинуваа меѓу себе за коруптивни зделки, но и за лажните дојави за бомби и недостгот на лекови. За вечерва закажана седница за избор на нови министри.

Се урна хеликоптер во Казахстан, четири лица загинаа

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку чети луѓе загинаа при хеликоптерска несреќа во Казахстан. Хеликоптерот МИ-8 денеска се урна во регионот на Западен Казахстан, соопшти Комитетот за цивилно воздухопловство во Казахстан на 23 февруари. Според комитетот  две лица биле хоспитализирани со повреди во несреќата.  Хеликоптерот се урна во близина на селото Чапурино каде што дел од екипажот имал задача да изврши увид во работата на гасоводот за енергетската компанија „Казтрансил“.  Од компанијата се огласија, дека загинатите четворица биле вработени во нивната фирма.

МОН- Он лајн настава деновите кога ќе има дојава за бомба во училиштата

SlobodnaEvropa.mk 

Училиштето да организира учење на далечина односно он лајн настава во деновите кога ќе има заканувачка дојава за бомба, наместо како досега целосен прекин или распуштање на наставата е една од неколкуте насоки кои ги даде Министерството за образование и наука. Во дописот од МОН до основните и средните училишта се посочени и насоки и начини за користење на електонски адреси, да ја зајакнат контролата за влез/излез на училиштата. Ова се итните мерки кои МОН им ги испрати на директорите на училиштата... Читать дальше...

Централниот регистар бара проверка на имињата на 17 илјади здруженија

SlobodnaEvropa.mk 

Над 17 илјади здруженија во земјава ќе ги проверува Комисијата за употреба на историски имиња која функционира во рамките на Министерството за правда, по иницитива на Централниот регистар. Оттаму до Комисија за проверка се испратени ите документи кои ги поседува Централниот регистар за овие здруженија заедно со статутите и програмите до Комисијата, изјави дикреторката Марија Бошковска-Јанковски за ТВ 24. „Сите се земени од базата во Централниот регистар, со таа разлика што кај бугарските има некои... Читать дальше...

Латас и Лазаров добија забрана за јавен настап, а Латас остана и без пасош

SlobodnaEvropa.mk 

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки за претпазливост на новинарот Драган Павловиќ Латас и на јутуберот Стефан Лазаров во врска со обвинителниот предлог за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Двајцата добија забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, а на Латас привремено му е одземен и пасошот, се наведува во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје. Оттаму посочуваат... Читать дальше...



Нова помош од САД за модернизација на македонската армија

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Американски Држави со нови 31 милион долари финансиска поддршка, продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата, информираше Министерството за одбрана. Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ, за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО, велат од Министерството. Читать дальше...

Судството им е во гените

SlobodnaEvropa.mk 

Една петтина од кандидатите кои ја завршија Академијата за судии и јавни обвинители се роднини на функционери. Правосудството се полни со синови, ќерки, сопруги и снаи. Добро е што барем нема да има љубовни афери во судовите, сите се роднини меѓу себе, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери треба да сфати дека не е во шума

SlobodnaEvropa.mk 

Најголемата опозициска партија во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ го осуди говорот на собранискиот спикер Талат Џафери упатен кон пратеникот од нивните редови Игор Јанушев, реагираат од партијата. Бараат итна реакција од сите надлежни институции за упатената закана. Пратениците работеа ноќеска по полноќ дискутирајќи за разрешување на министри во Владата. Во еден момент од ноќната седница, дојде до расправија меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратеникот Јанушев, кој претходно во обраќање... Читать дальше...

Лажни реклами за медицински препарати го преплавија Интернетот

SlobodnaEvropa.mk 

Лажни и измислени интервјуа со познати лекари на Интернет преку кои граѓаните се доведуваат во заблуда за да купат медицински препарати. Тројца лекари ги пријавиле злоупотребите, но МВР уште ги бара сторителите, а лажните реклами и натаму се објавуваат.

Разрешени министрите од Алтернатива

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците на денешната 104 собраниска седница ги разрешија министрите од Алтернатива - за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. „За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани. Пратениците ја почнаа расправата по втората точка, за изборот на новите министри предложени од Владата, за правда, здравство, за информатичко општество и за животна средина. Читать дальше...

Бошковска: Алармантни се бројките за анксиозни и депресивни млади

SlobodnaEvropa.mk 

Податоците добиени од прашалници за анксиозност и депресија кои ги пополнувале средношколци од 5 училишта во Скопје, билe застрашувачки за доцент доктор Емилија Бошковска, психолог и психотерапевт и нејзината колешка со која работеле на истражување за менталното здравје на младите.

Меџити од „Огнената група“ на ДУИ нема да гласа за новата Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и дел од т.н. „Огнена група“ Изет Меџити вели дека нема да гласа за новата Влада, но нема никакви дилеми околу уставните промени. Тој е дел од групата која бара реформи во ДУИ, коалиционен партнер во Влада. „Ова е политика на инает и за дневна политика и интереси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но да се дообјаснам до крај јас и сите пратеници Албанци немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи. Читать дальше...

Фирмите не ги намалија цените на храната, па ќе останат без субвенционирана струја

SlobodnaEvropa.mk 

Компаниите од прехранбениот сектор, кои користат субвенции за струја, може да останат без оваа помош, оти првичните податоци покажале дека 60 до 70 отсто од овие компании не ги намалите цените на храната. Токму затоа Министерството за економија ќе предложи да се укине мерката за субвенционирана струја за компаниите. Мерката ќе остане да важи за училиштата и јавните комунални претпријатија. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека се работи на нови мерки за да се намалат цените на основните прехранбени производи. Читать дальше...

Дојави за бомби во 14 скопски школи

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата евакуира 14 училиштата во Скопје откако на 23 февруари на електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа. „Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од Министерството за внатрешни работи. Вчера имаше дојави за бомби во над 60 училишта во Скопје и во една градинка, како и во едно училиште во Прилеп. Претходно, дојави за бомби имаше и во институции и трговски центри. Дојави за поставени бомби уште во октомври... Читать дальше...

Депресивни средношколци - Од изолација до „среќна маска“

SlobodnaEvropa.mk 

Има повеќе симптоми кои може да укажуваат на депресија кај младиот човек, а некои се и атипични. Ако се појават минимум пет и траат подолго од две седмици, треба да се вклучи алармот, посочуваат експерите. Според истражувањето на „Мозаик Меик“ речиси 50 % од средношколците биле анксиозни.

Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер во ретко населената област во Таџикистан

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска погоди ретко населената оддалечена област на Таџикистан во близина на западниот кинески регион Ксинџијанг. Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри западно од Мургоб, на длабочина од 20 километри, соопшти Американскиот геолошки институт. Мугроб е главен град на истоимената област, има неколку илјади жители, се наоѓа високо во планините Памир. Земјотресот беше силно почувствуван и во соседна Кина во некои области... Читать дальше...

Пратенички прашања и реконструкција на Владата на дневен ред во Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската седница за реконструкција на Владата ќе продолжи во 10 часот на 23 февруари. За денеска е закажана и седница за пратенички прашања. Пратениците работеа и ноќеска по полноќ, а седницата помина во меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Пратениците од опозицијата обвинуваа за лошата економска состојба, нефункционирањето на институциите, неспособноста на власта да се справи со корупцијата, недовршувањето на капиталните проекти, повторувајќи го ставот дека реконструкцијата на Владата не е во интерес на граѓаните... Читать дальше...

Временска прогноза – Сончево, со умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Од недела ќе дува умерен... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Соболенко: я предпочитаю смотреть мужской теннис, а не женский






Концентрация песка в воздухе Москвы возвращается к нормальным значениям

Новый культурный центр построят в Черноголовке в 2025 г

Нижегородские разработчики получили семь наград международной и российской ИТ-премий

Сочинские проекты победили в Международном профессиональном конкурсе НОПРИЗ на лучший проект – 2023