ЦУК: Пожари во атарите на села во Велес, Прилеп и Тетово
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево пожари имало во атарите на велешкото село Бистрица, во атарот на прилепските села Бонче и Дрен, како и над тетовското село Боговиње. Горат ниви и стрништа, а во селата Бонче и Дрен има шумски пожар, информираат од ЦУК. „РЦУК - Велес известува за пожар во атар на село Бисрица, место викано Бистрички осој. Горат претежно ниви, стрништа и ливади. Екипа од Шумско стопанство Бабуна Велес е на терен и го контролираат пожарот. РЦУК - Битола известува дека има два активни пожари. Читать дальше...