Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Февраль
2023

Новости за 09.02.2023

Македонски војници помогнаа во спасување 5-годишно дете од рушевините во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот армиски тим помогна во спасувањето на 5-годишниот Сулејман од под урнатините во турскиот град Кахраманмараш, кој во понеделникот беше тешко погоден од два разорни земјотреси. Како што соопштија од Министерството за одбрана, гласот на затрупаното дете ги донел војниците до местото, по што тоа било спасено. „Нашиот армиски тим по сознанијата дека се слушнати гласови под урнатините по што по 6-часовно расчистување на урнатините слушнале детски глас по што заедно со турскиот тим за... Читать дальше...

Алијанса за Албанците одлучи - влегува во Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Алијанса за Албанците го најави својот влез во Владата. Потврдата дојде од претседателот на Арбен Таравари, по седницата на партиското Централно претседателство во Тетово. Во замена за влезот во влада договорено е партијата да добие три министерства. Потврдени се Министерството за здравство и Министерството правда, а како трето ќе биде Министерството за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, изјави Таравари. Партијата исто така ќе ги добие заменичките министерски места за одбрана и за земјоделие... Читать дальше...

МВР предупредува дека се испраќаат лажни пораки во нивно име, граѓаните да не ги отвораат

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните да не отвораат електронски пораки пратени во име на МВР со кои се повикува примачот да ги контактира преку вибер линк поради појавување на суд за сторено кривично дело, предупредуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Деновиве велат дека до нив стигнале повеќе пријави од граѓани, кои примиле електронска порака во име на министерот за внатрешни работи, каде стоело дека во соработка со полициската канцеларија на Европол, треба да се јават на суд за низа измислени кривични дела. Читать дальше...

Над 20.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на загинати од земјотресите што опустошија широки делови на Турција и Сирија надмина 20.000 лица, а бледнеат надежта за пронаоѓање преживеани под урнатините на илјадници урнати згради.  Во Турција има 17.134 потврдени смртни случаи и уште 3.317 во Сирија, со што вкупниот број изнесува 20.451 загубен животи што го прави еден од најсмртоносните потреси во последните децении.   Повеќе од 75.000 луѓе беа повредени во двата последователни силни земјотреси, од 7,8 и 7,5 степени, што го погодија регионот рано во понеделникот. Читать дальше...

ФЗО: Нема излевање податоци надвор од базите при сајбер нападот

SlobodnaEvropa.mk 

Техничките тимови работат, нема излевање на податоци надвор од базите на институцијата, информираа од Фондот за здравствено осигурување каде веќе трет ден поради сајбер напад останаа нефункционални дел од ИТ системите. Од ФЗО велат дека сајбер нападот се случува непосредно пред планираната миграција на системската инфраструктура, а приоритет даваат на враќање во функција на системот за исплата на плати на здравствените работници, како и за другите форми на исплата односно боледувањата, породилното и рефундациите. Читать дальше...

Колерата уби над 1.200 луѓе во Малави и се шири кон соседните држави

SlobodnaEvropa.mk 

Најсмртоносната епидемија на колера во историјата на Малави уби најмалку 1.210 луѓе, додека вакцините и понатаму се оскудни, а епидемија има во повеќе  африкански земји, соопшти денеска Светската здравствена организација. Јужноафриканската нација се бори со најлошата епидемија на колера досега, со скоро 37.000 пријавени случаи од март 2022 година. Потврдени случаи веќе се пријавени преку границата, во Мозамбик, додека СЗО соопшти дека го оценила сегашниот ризик од ширење во Малави и во другите соседни земји како „многу висок“. Читать дальше...

Лажни се денешните дојави за бомби во 18 скопски училишта

SlobodnaEvropa.mk 

Денешните пријавите за наводно поставени експлозивни направи во основни и средни училишта во Скопје се лажни, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).  Оттаму велат дека веднаш по добиените пријави полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки. „Денеска во 15:55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа. Читать дальше...

Црногорската влада одлучи - во ноември попис на населението

SlobodnaEvropa.mk 

Пописот на населението во Црна Гора ќе се одржи од 1 до 15 ноември, одлучи денеска владата. Министерот за финансии Александар Дамјановиќ изјави дека периодот во кој ќе се прави пописот е според препораката на Обединетите нации за пописот, која предвидува тој да не се совпаѓа со изборната кампања. Пописот требаше да се спроведе во 2021 година, но беше одложен поради претходната промена на државната администрација и проблемите со пандемијата на корона вирусот. Законот предвидува дека пописот... Читать дальше...



Едноминутен молк и венец пред Влада - пациентите со цистична фиброза чекаат лек

SlobodnaEvropa.mk 

Пациенти со цистична фиброза, активисти и граѓани со едноминутно молчење и поставување цветен венец пред Владата му оддадоа почит на Благојче Илијевски, кој почина вчера, чекајќи да се обезбеди лекот „трикафта“ за оваа болест. Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза беа примени во Владата каде добиле уверување дека се обезбедени пари и во најкус рок ќе се купи лекот за најкритичните пациенти, но и ќе се работи на системско решение и тригодишна програма за следење на пациентите.  Цистичната фиброза е ретка... Читать дальше...

Ковачевски уверува дека се намалени цените на лебот, млекото и месните производи

SlobodnaEvropa.mk 

Во услови на висока инфлација во Европа, со преземените мерки е намалена финалната цена на основните прехранбени производи, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој уверува дека цените на лебот, млекото и  месните производи се намалени од 7 до 12 проценти, при што нагласи дека барањето на Стопанската комора беше државата да овозможи поевтина струја за да поевтинат основите прехранбени производи. Во однос на ново замрзнување на цените на дел од производите, Ковачевски рече дека ваква мерка имаше на почетокот на кризата... Читать дальше...

Дојави за бомби во 18 скопски училишта

SlobodnaEvropa.mk 

Поради дојави за поставени експлозивни направи и денеска се евакуираа учениците и персоналот во 18 основни и средни училишта во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки. „Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа“, информираа од МВР. Дојави за бомби имаше и вчера... Читать дальше...

Половина граѓани не веруваат во ЕУ, другата половина е веќе таму

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на граѓани кои сметаат дека членство на Македонија во ЕУ е добра работа драстично се намалил во изминатата година од 69 на 49 отсто. Од друга страна, над 40 отсто од граѓаните би се иселиле кога би можеле. Бугарската блокада на евроинтеграциите го зголеми негативниот став кон Бугарија.

Дополнителни средства за лекот наменет за пациенти со цистична фиброза

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Беким Сали во објава преку социјалните мрежи информира дека биле обезбедени 140 милиони денари за лекот „Трикафта“ наменет за лекување на пациенти со цистична фиброза. „За 8 пациенти со цистична фиброза денеска се обезбедија буџетски средства за набавка на лекот „Трикафта“. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно за дополнителни 140.000.000 денари, напиша Сали во објавата. Читать дальше...

Најмалку петмина загинати во експлозија во станбена зграда во Сибир

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку пет лица загинаа во експлозија во станбена зграда во рускиот сибирски град Новосибирск. Министерството за здравство во регионот соопшти дека едно двегодишно дете е меѓу загинатите во експлозијата што се случи денеска. Градските власти соопштија дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас и уништила 30 станови во петкатницата. Експлозии на гас често се случуваат низ поранешниот Советски Сојуз поради старите цевководи и инфраструктурата, како и поради слабите безбедносни стандарди. Читать дальше...

Со повисоки камати се враќаат старите долгови

SlobodnaEvropa.mk 

Секоја година државата се задолжува за да врати стари долгови. И со последната еврообврзница ќе се враќаат долговите и каматите за еврообврзницата од 2016 година. Но, оваа еврообврзница е со поголема камата од издадената пред седум години. Од 2025 до 2027 за враќање доспеваат неколку милијарди евра.

Ердоган: бројот на загинати во земјотресот во Турција е над 14.000

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на загинати во Турција од силните земјотреси оваа недела се искачи на 14.014, а повеќе од 63.000 се повредени, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган за новинарите во четвртокот за време на посетата на покраината Газиантеп погодена од земјотресот. Тој рече дека повеќе од 6.400 згради се уништени и дека Турција има за цел да изгради нови три и четирикатни згради во регионот во рок од една година. Во Сирија пак, досега, според официјални и медицински лица, бројот на загинати е над 3.160. Во меѓувреме... Читать дальше...

Регистриран земјотрес на 130 километри југозападно од Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 130 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Елбасан, Албанија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.

НБ ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени

SlobodnaEvropa.mk 

Народната банка (НБ) ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,5 проценти поени. Ова е одлучено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. „На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми... Читать дальше...

Ознаката НМК ќе ги чини граѓаните 11 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Промената на регистарските таблички на автомобилите со нова ознака НМК, која произлегува од Преспанскиот договор, според пресметките на РСЕ вкупно ќе ги чини граѓаните 11 милиони евра. МВР ги набавило табличките по 470 денари, а граѓаните ќе ги платат по 1.200 денари.

Новости России
Москва

Лучшей певицей жанра поп-опера по версии премии WOMAN AWARD стала Натали Орли


Радев: ЕУ да воведе мониторинг за правата на Бугарите во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека на вонредниот состанок на Европскиот совет, денеска и утре во Брисел, ќе го отвори прашањето за, како што рече, зголемената агресија и антибугарската кампања која, според него, се води во Македонија. Тој додаде дека ќе побара од ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантира почитувањето на правата на македонските Бугари. „Очекувам категорична и институционална реакција од властите во Македонија и итни активности за откривање на сторителите. За жал... Читать дальше...

Хил: САД го поддржуваат Отворен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека САД го поддржуваат „Отворен Балкан“ како и другите интегративни проекти во регионот. Земјите од балканскиот регион мора да имаат модели на соработка, а проектот „Отворен Балкан“ е многу позитивен, рече Хил за Радио телевизија на Србија. „Ми се допаѓа што беше развиен овде на Балканот, не беше наметнат однадвор. Ние го поддржуваме како и другите проекти за регионална интеграција“, додаде тој, оценувајќи дека за поцелосна економска... Читать дальше...

Земјотресот во Турција ja отежнува позиција на Ердоган на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Најсмртоносниот земјотрес во Турција во една генерација му донесе на претседателот Реџеп Таип Ердоган огромен предизвик за спасување и реконструкција што ќе ги засени претстојните избори во мај кои може да бидат најтешките од неговите две децении на власт.

Грција им забрани на партиите со осудени лидери да учествуваат на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот парламент го отвори патот за забрана на политичките партии чии лидери се осудени за злосторства да учествуваат на избори, пред националните избори напролет. Пратениците доцна во средата гласаа за амандман кој има за цел да ги спречи политичките партии како што е екстремно десничарската Златна зора, некогаш третата по големина политичка сила во Грција, да имаат кандидати, откако беше прогласена за криминална банда поврзана со злосторства од омраза во 2020 година. Тоа би влијаело и на малата... Читать дальше...

Македонските ученици затекнати во земјотресот во Турција се вратија во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи информира дека деветте државјани на Македонија, кои беа затекнати во дел подрачјата во Турција загрозени од последиците од земјотресот, изутрината пристигнаа во земјава и се во добра здравствена состојба. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Турција. „По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување... Читать дальше...

Дебата за Србија и Косово во Европскиот парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент денеска ќе расправа за извештаите за Србија и Косово, во кои тие ја повторуваат целосната поддршка за специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина и повикуваат Србија и Косово да работат заедно со добра волја и во духот на компромисот, да се ангажираат за постигнување сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите во согласност со меѓународното право. Србија и Косово се повикани целосно да ги имплементираат сите релевантни договори... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Даниил Медведев

Медведев вышел в третий круг «Мастерса» в Мадриде, в трёх сетах обыграв Арнальди






Доходы Богородского округа превысили 1,4 млрд рублей за I квартал 2024 г

Российский дзюдоист Башаев завоевал бронзу чемпионата Европы

26% опрошенных россиян хотят оформлять ипотечные сделки дистанционно

Тело мужчины нашли в лесопарковой зоне в районе Сокольники