Мала штета од земјотресот во Романија
Земјотресот со магнитуда од 5,7, кој денеска ја погоди Романија, а го почувствуваа жителите на Источна Европа, причини мала штета во епицентралното подрачје, пренесе новинската агенција Франс прес. Романските итни служби извршија преглед на теренот во градот Таргу Жиу и околината, по повиците дека има пукнатини на некои згради, но констатирале само мала штета. Американскиот геолошки институт наведе дека земјотерсот се случил во округот Горж, на многу мала длабочина од 10 километри под површината. Читать дальше...