Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2022

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот без писмени гаранции за тргнување на бугарското вето

0
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот без писмени гаранции за тргнување на бугарското вето

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи промените во македонскиот Устав барани од Бугарија, бидејќи немаме никаква гаранција дека со тоа се затвораат сите отворени прашања меѓу двете земји, изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Коментирајќи ги најавите на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека можеби Бугарија ќе го тргне ветото до јуни, тој рече дека смета оти преговорите со Европската унија нема да почнат се додека не ја испочитуваме целокупната преговарачка рамка.

„Во таа преговарачка рамка ќе бидат вклучени барањата од страна на Бугарија, вклучително интервенцијата во македонскиот Устав. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи тие промени во македонскиот Устав, бидејќи за тоа се потребни две третини, токму поради тоа што немаме никаква гаранција дека со тоа се затвораат сите отворени прашања помеѓу Македонија и Бугарија и дека до самото членство на Македонија во рамките на ЕУ нема да имаме повеќе вакви барања од страна на политичарите кај нашиот источен сосед“, рече Мицкоски, обвинувајќи го Османи дека ја манипулира јавноста.

Блокирано Собрание за спас на државата или за деструкција?

„Едно е јасно. Ако зависи од него и од Ковачевски и Петков, преговори нема да има. Ќе има во најдобар случај, меѓувладина конференција односно настан за камерите и за фотоапаратите без суштина, а преговори ќе има кога ќе бидат исполнети бугарските барања коишто Ковачевски и Османи сакаат да ги прифатат и да бидат дел од преговарачката рамка. ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да се согласи“, подвлече Мицкоски.

Ахмети: Нема напредок за демократијата со блокади и бојкоти

Тој уште еднаш го повика претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерите на коалициските партнери да седнат да разговараат за датум за предвремени избори,  повторувајќи го ставот за активна блокада на Собранието после 10 мај.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Свентек выиграла титул WTA в Мадриде






Источник 360.ru: 3-го участника стрельбы на Коровинском шоссе доставили в ОМВД

Посол Нидерландов завершил свою миссию в России

Устроившего стрельбу в ходе драки на севере Москвы задержали

Что стало с Татьяной Самойловой после ухода из кино